Со колку поени минимум минатата година беа примени студенти во проширената квота на општа медицина во Скопје?
како се добиваат бодови за медицински ? дали се земаат предвид екстерните тестирања :/ ? дали сие 4 години мора да си 5.00 ?
Дечки може со други предмети од матура да се запишам или задолжително е тоа да бидат биологија и хемија.... јас полагав историја и латински јазик , ќе може да поминам со тие или не?
На општа медицина вкупно до 10ти семестар се 62 задолжителни испити и обавезно 5 изборни предмети. Во 11/12 семестар има уште 13 семинари/пракси што се полагаат. Значи се вкупно би биле 80 испити. Инаку кога ќе го објават распоредот за новата академска година?
Не може никој дА ти каже сигурно, се зависи од конкуренцијата. Можеш само да споредиш колку биле примени минатите години и со колку поени бил последниот примен. Не знам како си ги пресметала тие поени, но да ти кажам дека тие калкулатори на страната на финки или некои други и не ги даваат баш точните поени. Најточно и најверодостојно ти е на страната за електронско пријавување http://www.iknow.ukim.edu.mk . Ако сакаш да знаеш колку поени ќе имаш на медицински факултет, подобро регистрирај се сега, и внеси ги сите потребни податоци и ќе ти ги даде поените. Тоа се точните поени и понатаму според нив се врши рангирањето. Па ако сметаш дека нема шанси да те примаат на медицински факултет во Скопје, а сакаш да се запишеш во првиот уписен рок можеш повторно да се регистрираш и да се пријавиш одново на друг факултет ( каде со истите оцени може да имаш повеќе или помалку поени, во зависност од соодветноста на предметите од матура ), сепак колку пати и да се пријавуваш, се зема предвид само последната пријава и секако на кој факултет ќе ги однесеш документите.
Дали ми се соодветни предметите за на општа медицина угд. Екстерни: 1. Македонски 2.Германски 3.Хемија Интерен: Биологија Проектна: Физика
Конкретно за универзитет гоце делчев ме интересира дали се соодветни? Неодамна слушнав дека хемија како трет екстерен не се смета како соодветен, туку требало биологија.
Здраво, имам едно прашање... Завршив средно со сите 5ки во сите четири год. ама матурава ме зезна имам 3,4,4,5 и некаде ми излегуваат околу 90 поени, а незнам колку поени се потребни за упис на општа медицина во Скопје, ако знае некој ќе може да ми каже? Поздрав
Здраво феминкии, ве молам за помош Имам околу 86 поени (матурата ми направи проблем) би сакала да кажете вашето мислење дали да пробам во Скопје или уште на првиот упис да одам во Штип... Би сакала да пробам во Скопје ама ме страв потоа да не се потполнат сите места во Штип (мислам дека примаат околу 120 студенти на општа)
Во скопје примаат годинава 125 во државна а исто толку и во приватна, слушнав дека ќе имало уште проширување на квотата. Пошто во 2012 година во приватна квота познавам кандидати кои влегоа и со 92 поени а севкупно беа 120 студенти (60 приватна и 60 државна) не треба да те загрижува фактот што сега сме 2 пати повеќе од тогаш, би требало да влезеш. Не се плаши ако не успееш во скопје и онака во штип лани остана и трет уписен рок непополнето, така мене ми кажаа. Пробај си ја среќата во скопје. Ако не влезеш таму штип не ти бега, таму годинава примаат 130 кандидати севкупно, 70 државна и 60 приватна. Поздрав.
Сакам некој што веќе студира на Медицински во Скопје да ми одговори на едно прашање. Не знам колку е точно, но неодамна слушнав дека првите 10 студенти коишто ги примаат секоја година на факултет се ослободени од плаќање 200 евра за првата година. Дали е точно ова? Поздрав
150 во државна квота, 130 во приватна годинава. Неќам да те разочарувам ама со 86 поени тешко во било која квота без врски. Најдобро аплицирај си во Штип уште прв уписен. Со среќа. Да, точно е. Првите 10 студенти на било кој факултет на УКИМ.
Девојки, не сум на медицински, но ме интересира ова со префрлувањето, дали на општа медицина можат да се префрлат само студенти од општа медицина од друг факултет, на пример што се запишани во Штип, Тетово .. или можат и од медицински сестри, радилошки технолози и од други насоки ( се разбирра доколку се префрлат уште во втор семестар ).
Женски ме интересира следново: Доколку се запишеш на општа во Штип и прв семестар таму го слушаш и полагаш, дали може втор семестар да се префрлиш во Скопје и следниве прашања околу тоа: -дали се плаќа околу префрлањето -дали треба да имаш просек некој односно услов од прв семестар за да ти дозволат префрлање на УКИМ -како оди начинот на избор пошто знам дека не дозволуваат префрлување на секој што ќе посака -дали треба да се преполагаат испите од прв семестар или ги уважуваат и си продолжуваш со испити од 2 семестар
Може да се префрлиш од Штип во Скопје, еве на страната на медицински има и соопштение СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕФРЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ОД ДРУГИТЕ МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТИ Медицинскиот факултет од Скопје, во периодот од 08.01 до 14.01.2014 г., ќе врши прием на документација за префрлување на студенти од другите медицински факултети, во летниот семестар во учебната 2013/14 година. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следниве документи: 1. Барање/Молба за префрлување a. со контакт телефон и/или е-маил адреса 2. Уверение за положени испити 3. Фотокопија од Индекс a. со ЗАВЕРЕН ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 4. Наставна програма на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, заверена од матичниот факултет По истакнување на Решението за примем, кандидатите ги доставуваат следниве документи за упис: 1. Исписница од матичниот факултет 2. Индекс, оригинал 3. Комплет документација за упис според Конкурсот: a. Оригинални сведителства од сите класови b. Документ за положена државна матура c. Оригинално сведителство за завршено средно образование d. Извод од матична книга на родени на Р.М e. Доказ за државјанство на Р.М (Уверение или Решение) f. Индекс, студентска легитимација и пријавни листови со таксени марки од 50 денари g. Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3)Република Македонија Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје Медицински факултет Republic of Macedonia Ss. Cyril and Methodius in Skopje Faculty of Medicine 4. Комплетната уплата, студентите ќе ја направат по добивање на Решението за прием на Медицинскиот факултет и Решението за признавање на положените испити НАПОМЕНА: Се молат сите студенти кандидати за префрлување на Медицинскиот факултет во Скопје, да доставуваат комплетна документација Некомплетната документација нема да биде разгледувана од страна на Комисијата Согласно член 324-в, од Статутот на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје, преминувањето може да се дозволи доколку студентот на Медицинскиот факултет во Скопје, треба да реализира најмалку 60% од предвидените кредити од студиската програма. Во спротивно доколку студентот е согласен, е должен да презапише и веќе признаени или дополнителни предмети. Доставување на потврда/исписница за положени испити ќе може да се достави најдоцна до 31.01.2014 година, дополнително доставената потврда/исписница нема да биде прифатена Право на префрлување имаат и кандидати од медицинските факултети надвор од Р.Македонија, но покрај горенаведената документација потребно е да достават и Решение за нострификација од МОН (Министерство за образование), за делот од образованието завршено во странство. Резултатите за кандидатите кои ги исполнуваат условите за прием, ќе бидат објавени на интернет страната на Медицинскиот факултет Документацијата се доставува во Архивата на Медицинскиот факултет. Одделение за настава и студентски прашања при Медицинскиот факултет во Скопје Но мене ме интересира и прашав претходно дали ова важи само за општа медицина или може префрлување на општа и од другите насоки. Знае некој? Спојлер А еве овде можеш да си видиш. има линк од соопштението, http://www.medf.ukim.edu.mk/mk_vesti.ph ... =1&jazik=1 како и Резултати за студентите префрлени од другите Медицински факултети на Медицинскиот факултет во Скопје
Девојки имам огромна желба да одам на медицински ама средното го утнав. Во смисла дека завршив средно економско. Цело време имам континуиран успех 5.00 и на матурата сите предмети ми се 5ки освен македонски што ми е 4ка. Има ли некој слично искуство? Има ли шанси да ме примаат?