Најверојатно би ти ги признале сите сродни предмети, шо се учат и на двата факултети, но ќе треба да ги полагаш нивните стручни стоматолошки предмети... Најдобро обрати се во нивниот деканат.
Што значат ѕвездички на резултатите од писменото по анатомија?Кај некој има празни места , а кај некој ѕвездичка.Дали двете значат паднати?
Dali imam pogolemi sansi za upis na ovoj fakultet dokolku zemam vtor izboren-biologija i interen hemija otkolku vtor izboren-angliski i interen biologija ( gimnazija,matematicka A sum)
Не е до тоа дали имаш поголеми шанси, туку постојат соодветни и несоодветни предмети, за на медицина соодветни како втор екстерен се биологија или хемија, а како интерен биологија, хемија, физика, англиски, нормално ако не се избрани истиве како екстерни предмети. За прв екстерен можеш кој сакаш, нема врска дали е математика или англиски.
Здраво, сакам да ве прашам зошто некои од студентите на општа медицина после 3-та година се откажуваат и го менуваат факултетот, зар не го поминале најтешкиот дел? 4,5 и 6та се полесни? O.o
Би ве замолила за совет да споделите во врдкс до аматомија Мене лично ми е мн тешко и и двата колоквниуми ги паднав.. Така да ми треба подобар пристап на учење. Јас некско доста време изгубив на самите делови на коските ги учев една недела цела.. Некако ми е несфатливо како успеваат за два дена дс ги научат и да им остане се во глава без проблем.. Потоа пак за мускулите уште повеќе време, што одтанува декс немам време ни да ги почнам вени артерии нерви, кои и така ги зимаме последната недела пред колок а се и накважни.. Благодарам мн
И среќа ти треба, не е со до тоа да научиш, ја исто ги паднав 2та колоквиуми анатомија, во јануарска ќе положиме, ич да не се секираш. За рака писмено положив, на професорката на усно не и беше денот и ме бутна, па еве ни за рака не ми важи писменото, нога ми се падна најтежок тест со материјал за 2 семестар буквално и тоа не положив нормално. Што дека ќе учиш, некогаш многу фактори играат улога, каква група тест ќе погодиш и кај кој ќе си усно, има разлика. Некои со најпрости работи положуваат, некои бараат све детално, исто е и со групите на тестови. Чисто за поддршка ова, а и самите асистенти кажуваат дека 50% е среќа, 50% знаење, па еве да се утешиме некако. Инаку, не чекај да ги предаваат, одма учи све. Јас уште сега ќе почнам со череп, секако не полагаме деновиве, не сме ни на факс, таман времето може за тоа да го искористиме. Ако ти е полесно, јас за рака пишував на лист, си раскажував и цртав, само сега сметав дека време ќе ми одземе и баталив. Сепак, сите учат различно, мислам треба методот да си го најдеш. Мене ми е лесно пример сега за нога, се запамтив кога го повторував цел материјал 3нед, а не учев дел по дел или нешто ако ми е потешко на него да се задржам. Пример прочитај се, пак прочитај, па дел по дел ќе запамтуваш. Сабајле и вечер еднаш на ден цел материјал да го повторуваш, за 3 недели нема што нема да знаеш. Е, мене грешка ми беше што навистина глупи ситници не учам, на пример не учев на коските кои мускули од стомак се припојуваат, плус на теорија прашавме дали ќе се бараат мускули на стомак, рекоа нема да се. И ако си баксуз ко ја, баш тоа ќе ти се падне на тест. Затоа сега следно буквално се ќе учам и тоа што ќе речат дека ќе го нема, тоа ќе го има. Дури и од воведен дел ме прашуваа на усното, иако рекоа тоа нема да се прашува. Мој совет, како дел од мои грешки за кои сум свесна би ти бил тој. Да не слушаш што викаат дека не треба, зошто све треба и после на колоквиум ќе се чудиш како си паднал. И да не се задржуваш на еден дел подолго. Може некој што положил па има и подобри совети од мене.
Коските не се тешки, со самото повторување на наредните лекции ги повторуваш и коските, секаде по некој дел се спомнува, јас лично ни цртам ни ништо. Пробај прво некое одредено делче од лекцијата, читај го неколку пати без да се трудиш да го запомниш, и потоа пробај да го научиш, полесно така.
Јас анатомија учев со Kenhub, бесплатно е, само треба да направиш профил. Ја има секоја коска, мускул, артерија, вена, нерв, пишуваш што точно бараш во search и ти дава повеќе слики; пример бараш хумерус, ти го покажува со зелено во однос на другите коски, а и ти покажува во каков соодноос е хумерус со сите останати структури. Мене ми користеше за сите три анатомии, учам визуелно и никако поинаку не можам да замислам дека ќе положев анатомија. Се надевам и вас ќе ви користи и ќе ви помогне. Среќно!
@kajl како што кажа @Dream-Girl на факултетов ќе научиш дека не е сè до знаењето, вистина треба и среќа, да ти се погоди тестот, професорот кој го оценува, кој те испрашува и така натака. Затоа не се разочарувај. Според мене најголем проблем што се паѓа писменото е тоа што губиме премногу време на коски, зглобови и мускули, а нерви и артерии скроз ги запоставуваме. Гледај колку можеш побрзо да ги совладаш елементите на коските, зглобовите и мускулите, преку слики, апликација или најдобро во однос на зглобови и коски на самите коски практично. На вежби учи, гледај ги коските, истражувај го лешот, прашувај што не ти е јасно, верувај предобро објаснуваат. Биди спремна пред секоја вежба, барем материјалот да го имаш прочитано, користи го максимално времето таму. Гледај колку што можеш да ги поврзуваш работите, тоа најмногу помага. Пример за зглобови сконцентрирај се на тоа што се бара во тестот, исто и за мускули, со цел да можеш да ги учиш нервите и артериите, тие најмногу се застапени во прашањата со заокружување. Учи ги и ситниците да, ама предност нека имаат поглавните работи. Во ниеден случај не чекај да се предаде за да научиш, губиш само време.
Барем анатомски атлас да имаш, полесно ќе ти е така. Ако немаш претстава кое како изгледа, тешко ќе ти биде да научиш. Без атлас или други нагледни средства, тешко.
Јас и атлас имам и апликација, па на колоквиумов пак немав време да повторам и пак паднав Ајде шо вика @Dream-Girl ќе положиме јануари
И јас имам атлас ама искрено бескорисен ми е. Од нет видеа и слики појше учам. Џабе го земав, па и делови фалат, пола атлас сама го ишкртав. За тие пари требаше и сам да се учи.