За хистологија, најпрво би ти препорачал да учиш од Histology Guide, можеби таму се многу подобри сликите во споредба со препаратите на институт, ама секој елемент на препаратот е обележан така да многу лесно ќе се снајдиш и ќе научиш шо е шо... за да после кога веќе знаеш да се ориентираш во препаратот можиш да учиш и од biolucida таму нема легенда со компоненти него само името на препаратот го пишува но, има многу поголем избор на препарати, различни пресеци и ситуации. ** некои колеги учеа и од хистолошки атлас шо го има во библиотеката, јас не учев од него така да не можам да ти кажам колку помага Анатомија, конкретно за череп е најдобро да се учи на институт, доколку не можеш да изнајмиш, а не би ти препорачал да изнајмуваш бидејќи е изгор скапо. Можеби може и преку апликации, ама дека се полага директно на черепот(барем јас кога полагав) и многу е лесно да се ориентираш кога веќе си учел директно на него. Ако не се снајдеш за череп, контакирај ме, јас имам череп ќе ти го позајмам без било каков надоместок, студенти сме, не сме баш финансиски потковани па да можиме неколку илјади за череп да даваме, барем јас немав кога полагав анатомија... колеги сме да му се сневиди треба малце солидарност да покажиме. постои "официјална/формална" забрана за преместување од другите медицински факултети, ма да има студенти кои и покрај забраната пак успеале, така да знаеш како тоа работи
Колеги, пак јас. Денеска, се разви дискусија за биофизика предметов и повеќето планирале воопшто да не се појават на колоквиумов туку директ да иделе на испит, па се замислив шо да праам со предметов, јес да не е условен ама сакам да исчистам шо појше можам предмети за да си олеснам. Пошо учев средно фармација со физиката буквално допирна точка немам ама па нејќам да ми остане за испит коа можам на колоквиуми да го средам, ми изгледа полесно некако. Како за некој шо не се разбира у физика, шо е подобра опција? И дали има на колоквиумот задачи или пак е теорија (ако е така би било полесно), а и нешто од Фармацевтски колеги ми кажаа да сум вежбала од некои комбинации од книжара шо биле, се паѓале слични задачи/прашања?
Како шо ти кажа колешката, нема задачи. Јас полагав испит, не беше воопшто тежок, освен ако нешто не се сменило од пред неколку години, имаше тест со кратки прашања на дополнување, заокружување и 1-2 дефиниции за најосновни работи и дополнително прашање- есеј каде поопширно треба да образложиш и да да ја нацрташ сликата/скицата од учебникот поврзана со одговорот. И јас бев средно фармација и бев малку зарѓан физика така да ми требаше малку повеќе време да научам, па затоа отидов на испит. Прашања се паѓаат, јас гледав некои сликани од телефон, не од книжарата, исто побарај низ групите од минатите генерации сигурно ќе најдеш и од есејските прашања.
Да,да тоа го знам... А термините за полагање на неположените колоквиуми кога ќе е точно,знае ли некој?
Прв рок од сесија ќе полагаме неположени колоквиуми. Значи некаде прва недела (или втора) после завршување официјално со предавањата и вежбите у јануари. Од 20ти јануари натака.
Биофизика разбравме нели дека се потешки колоквиумите од испитот..Ама сакам дс прашам дали на колок. се паѓаат истите од прашањата од копирница? Дека ако да, тогаш можеби пак е поиплатливо зашто некако за испит ти е цела книга немаш некоја идеја за есеи може да се падне било која тема.. Фала многу
На колок полагаш 20 прашања мислам и 1 или 2 есејски и пак за испит исто, а ако полагаш у испит ти паѓаат 20 прашања мешани од цела книга кои се паѓаат со години уназад и самп 1 есејско и со тоа завршуваш, инаку има и комбинации за есејски
А фактички 1 колоквиум е само сега у декември? Или и уште 1 у испитна? Тој дел нe го разбрал никој од колегиве шо ги прашав.
Ако е како порано, два колоквиуми се. Еден во трета колоквиумска, друг во испитна сесија. И бидејќи има два датуми во испитна, може во вториот да преполагаш ако не си задоволен од оцената, и ќе ти важат повисоките поени (значи ако направиш со преполагање повеќе поени, тие ќе ти ги бројат; а доколку паднеш/направиш помалку поени, ќе ти останат оние претходните). Многу се фер и професорот Томислав е фантастичен, присуствувајте на предавања.
Два колоквиума, првиот е за првите 5 поглавја, вториот за следните 5. Полагањето е како што објасна @MeckaCia , ако одиш директно на испит ти е мешано од цела книга. Да исто е.