Читајќи ве вака гледам дека се смениле доста работи. Доста асистенти станале професори. Лена Какашева беше асистент, сега е професор, исто и Чадиковска на анатомија. Јас имам само пофални зборови за нив како асистенти, па не се сомневам дека се уште подобри професорки. Би ве советувала и јас да идете на предавања, посебно хистологија, ембриологија, анатомија, генетика. Мене ми беше корисно. Не знам зошто се жалите толку од катедрите, во прва/втора година стварно повеќето се океј. Хистологија кај нас беше непоимливо да полагаме на прашања. Предметот имаше високи критериуми исто како и анатомија, ама благодарение на тоа мислам дека сега имаме добра основа, секако тие што сме седнале да научиме. Професорката Миленкова е најпрекрасната професорка на Медицински факултет. Маестрално предава и е секогаш достапна за консултации со студентите. Имав прилика и да полагам кај неа. Тоа ми беше едно од најдолгите и најубавите полагања што сум ги искусила до сега. Испитот трае долго, ама воопшто немаш чувство дека си на испит. Си разговараш, се е опуштено. Феноменална професорка.
Проф. Миленкова дефинитивно ми е омилена од сите, предавањата кај неа се прекрасни. Жената си ја сака премногу својата професија и предметот што го предава и знае ептен внимание да задржи. Исто, други професори што ми оставиле впечаток и што го направиле предавањето квалитетно и интересно и што би ги издвоила се: - проф. Андромахи по психологија, раскажува ептен убаво, со примери, буквално се што слушаш ти останува во глава, мене лично многу ми беше интересно кај неа. - Живадиновиќ по анатомија, ептен посветена, достапна за прашања, убава атмосфера имаше кај неа. - Томислав по биофизика. Човекот максимално се труди да прикаже примери, да биде интересно кај него, дури кога ќе видам празен амфитеатар жал ми е што толку малку има кај него на предавање, бидејќи предметот не се смета за приоритетен. И е флексибилен и достапен за студентите за разлика од други професори досега. Убав впечаток ми остави. Сите други предавања и професори не ми беа ништо посебно, буквално не ми помогнаа ништо во врска со учењето. Пола од професорите ради реда ко да предаваат, незаинтересирани, неразбирливи...
Да ве прашам нешто иако не сум од овој факултет, за електронско пријавување на испити,треба спорт и здравје да се пријави иако не ни е за оценка или?
Анатомија немам 60 туку 50 и нешто.Ама нели рекоа дека сите ќе добиеме потписи и нема да гледаат кој колку присуствувал? Уште без потпис анатомија да останам.
Да, рекоа дека нема да гледаат присуства И сите ќе сме имале и максимални 2 поени од теорија и потпис.
Здраво, да ве прашам во однос на практичниот дел за хистологија за ткива, каков тип на прашања поставуваат и на што треба да се обрне најмногу внимание
Има некој информација како ќе биде преполагањето паднати колоквиуми анатомија? Во ист ден и рака и нога писмено ќе бидат? И шо испадна сега официјално писменото не важи ако усното не е положено?
Dali imate nekoja informacija za izboren Angliski 1 opsta medicina , za studenti od stara programa koi ne slusaat angliski kako redoven predmet ?
Колешка,се е до тоа кој ти е на практичен испит.Асистентот или професорот се разликуваат во начинот на испрашување,некој бара повеќе теорија,некој бара ситници на микроскоп.Значи,тоа што го има во учебник не го има на секој препратат,овие препарати што ви се од ТКИВА се малку потешки бидејќи ова е новина за сите вас.Ви посакувам среќа на сите,СРЕЌНО!