Пишува таму кој семестар може да се слуша, разгледај ги. Има неколку, некои имаат услов некој пред предмет да ти е положен или не знам шо само еден е мислам без услов. Не сум сигурна одамна ги гледав.
не знам точно кои беа за прва година, мој совет ти е земи сега комуникации а потоа во септември хисто имаат изборен за сперматозоиди, земајте изборни кои се интересни а не бараат премногу обврски затоа што немате време да постигнете
колешки како сте задоволни од распоредот за јануарска сесија? Јас искрено, не знам кој ги прави распоредиве и не знам дали се нормални, условните предмети имаат по 1 рок... воопшто не сум задоволна и сеуште не знам како да се организирам...
Мене ми се допадна освен тоа што анатомија и хистологија eдниот термин се еден ден по друг. Другото е океј. Ама видов за другите години дека се ептен позезнати. Можело само место 2 недели префул да распоредат во 4те недели термини, а не едната фул испити, па следната попразна речиси ништо за полагање... Бар МИФ оваа година ги разделиле полагањата зошто збореа у ист ден 2та дела се полагале. Полесно ќе ми е да ги полагам...
да баш го гледав и вашиот распоред добар е смао тоа со хисто и анатомија ама океј и тоа не ви е лоше бидејки анатомија испитот ви е само регии така да ке постигнете...другите се добро распоредени
Мене ми е проблем првиот рок дека паднав кококвиумите рака и нога, па првата недела ќе ми е најнапорна сега баш правев план кој ден шо ќе полагам. Се надевам ќе успеам да постигнам.
Da ve prasam toa so ima po dva datumi za sekoj predmet, ako se polozeni kolokviumite si biras koga sakas da polagas, dali u prviot ili vo vtoriot??
зависи анатомија на пр првиот рок е секогаш само за колоквиуми неположени така да тие шо имаат положено треба да чекаат 2 рок
баш и јас сакав за ова да пишам... распоредот е во главно катастрофа, стандард како и секоја година; го прави деканатот во консултации со професорите, сите условни и големи предмети се натрескани во 1-2 недели + по скоро секој предмет има завршен усен дел по договор со професорот и тука настанува хаос. доколку сте во групата на факултетското студентско собрание, има пост од претседателот, као ќе имало некаква седница во однос на распоредот и колку е возможно тој да се промени и растерети
да, видов и разговарав со координаторите и нормално ке бараат од катедрите разбирање ама искрено искуството до сеа ни покажало дека нема да ни помогнат... и да помогнат ке дадат уште еден рок кој ке се поклопува со некој друг...мислам дека сами се свесни коа го правеа распоредов у 5 до 12 каков хаос ни направија...лани кога се жалевме дека се преклопуваа професорите од анатомија катедрата цитирам ,, Епа деца вие многу сакате, сите предмети да си ги положите во една сесија е нееее може таака, одберете што сакате да положите,, истово проф.Богданска го рече на предавања пред некоја недела. Не знам што да речам и каде да се пожалам, кога шефицата на катедра го изјавува ова, џабе е све...
То е.. не сакаат никаков компромис, а и не ми е јасно, како тоа не може се да се положи во една сесија? Кој го измисли тоа?! Страшно..
Ме интересира нешто, ако некој од овие предмети што не се условни не пријавам за полагање во јануарска, после уште во колку сесии имам право да го пријавам а да не треба да го презапишам?