Ќе те примат мислам, но кои предмети си ги полагала на матура?? пошто и нив ги гледаат дали се соодветни. Инаку за примање би требало со големи шанси да влезеш само што понатаму многу повеќе ќе треба да се трудиш барем првата година за да влезеш во колосек со таквите предмети
Стручни полагав : јазик , бизнис и економија ( и проектната бизнис).... што и да одберев немаше да има некоја сличност со медицина за жал А што се однесува за трудење тоа се подразбира, ќе треба убаво да си го загреам столчето
Девојче штом сите ти се петки, а од матура само македонски си добила 4ка верувај дека ќе бидиш влезена на медицински, па дури и во скопје. Пробај си ја среќата. Големо чудо што си зела несоодветни. Проектната не ти игра улога при запишување, без разлика што и да си зела, не пишува во конкурсот дали е соодветна или не е како што е случај со екстерниве и изборните. Така да проектна што и да си зела, нема да ти скратат поени, мајчин јазик ти е соодветен, странски јазик исто така е сега имаш 2 несоодветни, бизнис и економија е тоа би те коштало минус половина поен максимум до 1 од предмет во зависнот од перценталите.Колку поголеми перцентали имаш по воие предмети толку повече поени ти се кратат. Но не очајувај не верувам дека си изгубила повеќе од 3 поени. Имам една познаничка која од пред 2 години конкурираше во скопје на општа медицина со средно сообраќајно (смер транспорт и шпедиција). Немаше ниту еден соодветен предмет, па ете беше влезена и тоа 46 та по ред во државна квота. Во штип пак со филозофија, историја и социологија се запишуваат на општа медицина и на стоматологија а пак за фармација па и да не збориме. Големи ти се шансите да влезеш во Скопје. Обавезно да си ја пробаш среќата. Позз.
Нови промени во наставата по медицински факултет. Изменет е целосно концептот на студирање. Прочитајте обавезно сите оние кои планирате да студирате медицина. http://www.fakulteti.mk/news/14-07-19/o ... tudii.aspx
Пресметај колку поени имаш вкупно.Не би требало да има некоја голема разлика.Минатта година последниот во државна квота беше со 98 поени, а во приватна мислам дека беше со 96 поени.
Поправете ме ако грешам ама мислам дека минатата година последниот во државна квота беше со 96 или 97 поени, а во приватна со 92?
Јас имам 96,208 поени и планирам да се запишам на општа медицина во Скопје. Почнувам да се загрижувам малку. Имам ли шанси?
Да, огромни шанси. Не ја пропуштај можноста да си ја пробаш среќата. Лани последниот беше со 92 поени во приватна
Па и не ми е толку битно ако е приватна квота важно е да влезам. А инаку како точно да си ги пресметам поените ?
- Се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценките и вака добиениот среден успех се множи со 12. По оваа основа може да се добијат најмногу 60 поени. За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е соодветен за студиската програма на која конкурираат, кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за содветниот предмет поделен со 20. - За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е несоодветен за студиската програма на која конкурираат, поените од тој предмет, добиени според горната методологија, се множат со фактор 0,5. По оваа основа можат да се добијат најмногу 30 поени за трите екстерни предмети. За интерниот предмет: - Оценката од интерниот предмет кој се полага на државната матура, а кој е соодветен за студиската програма на која кандидатот конкурира, се множи со коефициент 1,2. - Оценката од интерниот предмет кој се полага на државната матура, а кој е несоодветен за студиската програма на која кандидатот конкурира, се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 6 поени за соодветен, односно 4 поени за несоодветен интерен предмет. За проектната задача: Оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.
Мислам дека ти одземаат по 5 поени за секој предмет ако не е соодветен за медицински факултет. Барем така беше кога јас се запишав пред две години.
За несоодветен интерен предмет, кога имаш оцена 5, ти одземаат 2 поени ( затоа што оцената наместо со коефициент 1,2 се множи со 0,8 ). Па за 5-ката од интерниот предмет наместо да имаш 6 поени ( 5*1.2 = 6 за соодветен предмет ), ќе добиеш 5*0.8 = 4 поени. На сличен начин и за екстерните предмети ( нессодветен предмет се множи со 0.5 , но тоа не значи дека се намалува за половина поен, туку вкупниот број н а поени кои би се добиле за соодветен предмет се намалува за 0.5 пати ) - За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е соодветен за студиската програма на која конкурираат, кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за содветниот предмет поделен со 20. - За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е несоодветен за студиската програма на која конкурираат, поените од тој предмет, добиени според горната методологија, се множат со фактор 0,5. Така да и покрај тоа што повеќето од нас мислат дека не играат голема улогата предметите, дали се соодветни или не, сепак овде најмногу поени се кратат. Затоа што 4-ката од соодветен предмет носи повеке поени од 5-ка на несоодветен.
Аплицираше некој електронски на општа медицина во Скопје? Јас не знам дали да чекам да помине периодот на приговори прво...