Здраво, би сакала да прашам што се случува ако паднете колоквиум по втор пат? Јас го имам паднато колоквиумот за рака и нога (рака писмено, а нога усно) и сега ме фаќа страв дека истото ќе се случи на испитнава сесија
Ништо, во јуни пак ќе си полагаш. До септември ништо не е изгубено, да не се плашиме и деморализираме.
Секој индивидуално ќе ти каже. Викаат на анатомија "леле кај таа професорка, супер, никого не бута", па кога и текна на крај на полагање, дали и се смачи или нешо набрзина сите не бутна. И кај сите катедри е така. Значи не слушај никој, секој студент, свое искуство има. Сама ќе си видиш кој, како и што.
Секој индивидуално, и зависи ти како го дефинираш зборот „строги“, јас се паднав кај две од „строгите“ и кај двете положив, баш беа коректни.
Ај некој нека ми објасни убаво,за акушерка колку години се во медицинскиот факс во Штип,со колку поени примаат,дали е тешко-лесно и колку се плаќа се на се????
Сите тие ти се 3г смерови као акушерка, сестра, лаборант итн и у Штип те примаат со било какви поени, без гајле. Државна 100 евра, приватна 200 евра семестар, зависи од конкуренцијата, но ко шо гледав Штип скоро сите се државна квота освен на општа, таму појше интерес има Пиши во темата за УГД појше инфо ќе добиеш таму
Абе така сите се залетат, уплатат си дали 100 дали 200 евричи и после гледаш ги на пола семестар нема ги. @Cindarella1846 Нема интерес за акушерки нешто ногу. Специјализација поарно ако може у Скопје земи си.
Незнам во скопје баш и не ми се иде пошо знам дека ништо нема да биде џабе ке уплатам,во штип како што читам полесно било,лабаво и така да повеќе сакам во штип.Но и баш незнам дали акушерка или нешто друго со помалце години бидејки немам воља за учење
Поарно не се ни запишувај. Најискрен совет. Не е баш лесно. Јас сум сега прва година и си викам „зашо не се запиша у Скопје?“. Уче се и тука. Никој не пуштат така. Дури ни физичко. Тешко е, посебно медицина. Не одите со таа мисла „у Штип е полесно“. Уче се и тука. Професорите се од Скопје, дел од нив предават на ПМФ ( барем на мојот смер е така) и Медицина во Скопје. Ако немаш завршено медицинско средно ептен тешко ќе ти е. Не ве лажам, само реалноста ја кажувам. Посебно оваа година е построга пошто не примат со училишна.
Па сега фактички пред да идеме да упишеме семестар у служба, но пред да ја пуштат анкетата за евалуација ништо не можеме да направиме...
Оди некаде каде што ќе научиш, а не каде што ќе поминеш полесно и полабаво, не е играчка медицината..
Направив евалуација ама немам никаква опција во iknow за да упишам семестар. Кај другите вака е или? Прашав уште 2 колешки и кај нив не давало исто...