Сигурно дека е возможно во јуни само 2 колоквиуми ти остануваат, само да не ни падни пак онаков тест.. Јас имав за нога положено, за рака не, дури и се зачудив како имам положено после оние прашања шо веројатно беа од Аце праени А за ова шо викаш сигурно нема да ни се поклопи, ама дека ќе е ден за ден голема веројатност има
@Dream-Girl Ништо не е невозможно, ама се додека размислуваш позитивно и се фокусираш на тоа што го правиш, а не на тоа што зборуваат другите. Ти сама знаеш најдобро за тебе, не може некој од страна да ти кажува тебе што како, дали може или не може. Различни сме сите. На некој му треба пократко време за да го совлада материјалот, на некој подолго, но тоа не значи дека знае помалку. Друго, ако си паднала испит, не е крај на свет. Ако ти требало повеќе време, ќе ги поделиш. Едната анатомија јуни, другата август. Како што кажав, ти сама најдобро си знаеш, дали и колку го владееш материјалот. Ама труди се да бидеш што е можно пореална. Пример, ќе кажам за мене. Колку и да изгледам самоуверено на испит, јас сум сурово самокритична и секогаш си ги анализирам грешките. Секогаш сум брутално искрена со мене. Колку и да не сакам да признаам, подобро е сама да си ја плеснам вистината во лице отколку некој друг. Друго, во случајов јас би одела на сигурно. Кога веќе сум кнап со време и кога станува збор за условен предмет, најмногу време ќе му посветам на него. Не мора да ги положам сите предмети наеднаш во рекордно време. Барем 80% да положам, тоа што ќе остане има и други сесии. Не сакам да помислиш дека ти солам памет, ти кажувам мое мислење и како јас би направила, врз основа на моето досегашно искуство на факултетот.
Дали ако појдам на колоквиум медицинска психологија во прв рок иако сум пишана на iknow во втор ќе ме примат?
Здраво, ќе може ли некој подетално да ми објасни како се одвива завршниот испит по хистологија? И дали поените од вежби имаат многу удел, имам потпис добиено ама не знам дали имам доволно поени. Едноставно не можам да се вклопам на вежбите, премногу напнато ми е се во врска со предметот иако до сега ми е положено се, ама страв ми е за завршниот испит
Некоја феминка помош за биофизика, од прилика шо се паѓа, тапа сум физика никаква основа немам... ќе го заглавам предметов
И ја сум тапа физика, плус средно медицинско бев и со вакви предмети слабо стојам ама тоа супер пројдов. Учев и тоа ден пред полагањето, па и дека 5теми за прв колоквиум, малце материјал ми беше некако... Само на заокружување и кратко надополнување се прашањата на тестот, формулите поглавни учи ги, дефиниции некои за законите, тоа се бара. Есејските прашања се со цртежи кај што има цевки, лостовите исто, многу се паѓаат тие, јас имав лост од прв ред едно прашање... Вртат по интернет прашања секакви, ги читнав ја и тие кратко пред полагање, плус и материјалот, но се паѓаат и работи што никаде ги нема. Од тие прашања 3-4 имав само на заокружување. Среќа шо го учев материјалот, не се ослонувај само на прашања, читај си го цел материјал. Задачи нема, професорот на есејските убави поени дава ако супер ти е цртежот, теорија не бара многу. 14 од 15 поени ми даде на есејските, не пишував многу текст, само нацртав точно тоа што се бараше. Учи го тоа, на тоа најлесно се вадат највеќе поени. Претпоставувам испит ќе полагаш и затоа прашуваш дека не си била на колоквиум. Не се секирај, професорот е многу добар, прашањата се за основно одделение. Чим ја шо врска немам физика ова го викам, верувај така е.
Совет од постарите колеги/колешки за анатомија 3. На што да се обрне повеќе внимание од делот за ЦНС? Бидејќи многу финеси се во прашање и има доста работи...
Од постарите колеги, паднат колоквиум ембриологија кога се преполага ги менуваат ли прашањата? Есејски даваат или?
Најбитно е логички некако да ги запомниш структурите, да знаеш да се ориентираш кога гледаш некој дел. Патиштата исто, направи си визуелна претстава. Јадрата, финесите на мозокот со некои асоциации да си ги поврзиш и на памет, нема друго.. Поготово на тест, се фаќаат за ситници, мора се да поминеш од материјалот, нема нешто поважно или по неважно. Гледај видеа, слики, консултирај се со колеги.. На вежби исто убаво објаснуваат, ама веќе завршен е семестарот, евентуално за консултации да се отиде. Нешто чув дека се сменил сега начинот на полагање. Ние пола материјал го поминувавме на колоквиуми, па тест за ЦНС, практично ни беа региите и за усно имавме интегрирано знаење, по едно прашање од секоја тема.. Цела книга, 500 страни, по месец дена сме учеле и повторувале. Ама во принцип, лесно се поминува на усното, бидејќи сто пати си го поминал материјалот, треба да знаеш основни работи, и среќа да имаш да извлечеш некое полесно прашање. Ако ти се заредат јадрата или мускулине, некои професорки ги бараат, некои не.. Не сакам да те обесхрабрам, многу студенти сме поминале, не е невозможно. Само читај го редовно материјалот, за да не ти се собере наеднаш се.
Некој череп да има полагано кај Живадиновиќ? Да ми кажете на шо да обрнам внимание, што бара конкретно, навлегува ли во ситници?
Јас полагав кај Бојаџиева за череп, многу лесно поминав, не навлегуваше многу во детали и филозофирање. Кратки, блиц прашања.. Многу е добра и трпелива немој да се брзаш и да се устручаваш.
Мене ми рекоа дека глупости прашувала, не знам точно што, не полагав кај неа, од други ти пренесувам, не ме фаќај за збор, не е лично искуство.
Ајде јас пак со прашање до постарите колеги За преполагање хистологија колоквиум за ткива, го менуваат концептот на тестот(пр. да стават само есејски) или исто е како претходниот ?
Дали физиологија положен дел ќе важи без положен морфологија дел? Дека секој различно кажува. Ја знаев дека важат независно едно од друго, различни катедри се ама денеска збореа нешто колеги па затоа.
Neli fiziologija na kletka e zavrsen ispit? A na zavrsen ne moze da se javime bez polozen kolokvium (morfologija ) . Ili pogresna informacija imam ne sum sigurna