Полагавме физиологија и + преполагавме морфологија, пола генерација бевме паднати тоа. Морфологија пак само 20% положија, ни сменија тестови и цел принцип на тоа шо знаевме каков ќе е колоквиумот и испадна хаос, а физиологија би требало повеќе да сме положени. Како 2 колоквиуми од различна катедра се, затоа не ми е јасно и мене... Зашто ни дадоа да полагаме физиологија ако не би важело без морфологија, ми нема логика.
Претходни години не важело затоа така зборуваат, проф. Миленкова потврди дека важи, уште пред да се полага првиот пат, рече за да не ги кочиме студентите не е условено. Ако не важи како ќе полагаат студентите физиологија, кога прво на денот на полагањето се полагаше физиологија, па морфологија паднато.
Не сум полагала кај професорката, ама еден студент нема со лошо мислење, пресрцка е. Најосновни работи барала, да препознаеш, да покажеш. Сите положуваат.
Колегите што полагале практично анатомија, ако може да споделите впечатоци и совети на што да се обрне внимание?
здраво сакам да ги прашам дали знаете ако физио 1 не се полози 4 колоквиум за 2,3 поени мозе на увид да те пуштат дека е последен колоквиум како завршен а претгодните колоквиуми се полозени? Благодарам
Не може. Никој, никаде нема да ти даде 2-3 поени за да положиш. За еден поен можеби да, ама 2-3...не сум сретнала до сега таков случај.
гледај на увид да најдиш нешто како непроверено прашање или нешто погрешно оценето, па во однос на то да ти додадат поени, инаку нема шанса 2-3 поени туку така да ти ги дадат.
Кој има полагано завршен испит анатомија кај проф др. Наќева? Јас го полагав третиот колоквиум на поправен кај неа и многу ме бендиса жената, многу ситници што учам ме праша, а и добра е. Рекоа дека тие кај што сме биле на поправен(доколку нѐ испрашувал професор, кај истиот ќе сме).
Јас полагав анатомија 1 кај неа, многу коректна професорка. Бара знаење, но и наградува доколку имаш убаво научено. Колешката што полагаше со мене се заплетка доста, а сепак не ја турна. Еден од најубавите испити, многу пријатна атмосфера за полагање имавме.
Дури ни тие не ти требаат. Ја само ги пролистав, ептен бев утепана, дента 3 колоквиуми полагав и немав ни енергија за тоа, таму коа отидов супер пројдов, ептен општи работи имаше шо ако знаеш добро англиски немаш гајле.