не верувам хаха не се баш нормална катедра кога земав оценка јас не знаев точно колку поени имав и ми го дава индексот и ми вика ох ти си за еден поен, штета и си ја пиша оценката......... ама пробај си ја среќата, кај нас многу имаа така со по 1 поен ама не даде на никој
Епа знам спрема другиот колоквиум и бев кај секретарката. Ми рече ќе го прегледале од ново тестот, па ќе ми кажат следна недела дали 1 поен ќе ми дале...
Буквално истата ситуација ја имав со психологија, за 1 поен немав 10. Абе ги премолив, се понудив да направам семинарска, да доодговарам... не и не, џабе.. секретарката рече, шефот на катедра сметал дека не можи само на 2-3 студенти да им се додаде по 1 поен, во тој случај ќе требало на сите шо им фали поен да им додаде, а тоа не можело.
Многу катедри така. А замисли ја имаш анатомија што сите се тресат од неа, кога ми фалеше еден поен, 10ка со мерак ми пиша професорката
Е тоа се думам, јас со 11.5 поени од 15 на испит би требало да имам 9 и сега нормално зависи како се покажам, ама ако сум за 10поени(ајде минимум), знам дека нема да ми направат проблем. А, медицинска психологија и вовед, ќњ речиш полесни предмети и никако. Си ја сакам катедрата анатомија, иако едвај да преживеам анатомија кец.
Има ли некоја постара колешка да ми каже како е на физио усно,има ли потреба да повторувам од книга или е доволно од практикум?
ако добро си учела за колоквиумите, не би требало да имаш проблем за на усното. Некои професори стрикно се задржуваат на извлечената вежба, некои потпрашуваат во склоп на то шо ќе извлечеш уште нешто поврзано со вежбата(пр. Сунчица, Манчевска, Лидија)
Дали катедрата на психогија дозволуваат увид на тестот? Имам малку поени од тоа што очекував и не верувам дека имам толку поени изгубено
Да, секретарката би ти го покажала тестот. На тие со заокружување крателе, замисли на 3 понудени одговори сите 3 требало да се заокружуваат. Па, пиши сите наведени, а не...
Кај нас на факултет на некој предмет не се давааат ни 0.4,0.5поени а не па 1 поен за 10.Уште сте прва година,мислите дека цел свет сте го освоиле,но допрва ќе ја почувствувате тежината,неправдата и крутоста на овие студии.Многу пати сум била оштетена во смисла на оцена,ама со тек на време стануваш имун на сите неправдини,зошто сепак професорот е помоќен од студент и може да се навреди и да не положиш долго време.
Здраво, имам прашање до сите оние кои скоро запишувале дипломска. Студирам на тригодишните студии и треба да запишам семестар, претпоставувам празен семестар (3000 денари) за да ја запишам дипломската преку iknow. Пртпоставувам дека регуларно треба да однесам листи за заверка на зимски и упис на летен семестар како и уплатницата со 3000 денари за празниот семестар. Но дали треба нешто плус да се однесе за самата дипломска? Патем не спомнав дека темата ми е веќе одбрана и запишана во студентски прашања. Прашувам овде затоа што навистина не ми се чекаат редици само да прашам па потоа да се враќам и да носам се што треба да се однесе.
Па добро луѓенца да не претеруваме. Веројатно сите сме свесни дека компарацијата меѓу психологија и анатомија е стварно лоша. И јас кога би била професор, не би ви дала поен на тест, на прашања на заокружување за десетка. Зошто? Затоа што мислам дека во денешно време тестовите не се релевантен доказ за знаењето на студентот. Мал милион пати ми се случило истото. За компарацијата... Психологија е предмет кој со едно, максимум две читања на книгата се положува и тоа со висока оценка. Се бараат базични знаења од студентот, а за тоа ти требаат два до три дена максимум. Од друга страна, анатомија не се учи само најбитното, туку се учат и најситните точки и бразди на коската, најситните разгранувања на артериите и нервите, најситните припои на најситните мускулчиња, а не само нивната функција, а за тоа ти треба многу повеќе време отколку за психологија. Освен писмениот тест, имаш и практичен и усен испит, кој е многу порелевантен доказ отколку писмениот. Ако си положил писмено без проблем и со учење, не би требало да имаш никаков проблем на усниот испит да го покажеш своето знаење. Професорите се сите коректни и фини, па дури и без да ги бараш, прашуваш или молиш, ќе си добиеш поен плус, за оценка плус. Бидете реални.
Во ред е колеги, фала ви на сите. Сме си прашале, си добивме одговор, ете и @Waverly Raven бил у иста ситуација и многу други. Не ни дале поен, не ни дале, големата работа. А и не знам зашто правиме споредба меѓу предмети и некои ги сметаме за неважни, мене баш ми беше интересен предмет психологијата. Секој предмет си има свое значење само што според програма некои ги прават посупериорни, затоа што се услов и слично. Да не ја трупаме темата со ова, да можат колегите да си прашаат и за друго нешто ако ги интересира. Ете @MeckaCia праша за физиологија, да не биде занемарено прашањето поради споредба на предмети и катедри.
Зависи кај кој професор ќе се паднеш. Јас полагав кај проф. Манчевска и наместо 2 прашања како што е предвидено, ни даде 4 есејски да напишеме од цел материјал, плус прашање од практикум и плус ЕКГ анализа. Бара детали, конкретно графиците од Гајтон ми ги бараше, а за ЕКГ да ја знаеш и патофизиологијата зад сликата, што реално е невозможно сега во јануари. Да не те плашам, сепак имаше и колешка што ја праша само за крвни групи, при што колешката и тие ги помеша а сепак ја пушти, нас останатите со графици со све не бутна. Следна сесија полагав кај проф. Плунцевиќ и поминав преубаво. Некогаш е стварно фактор среќа.
Дали има некој колега или колешка да ми испрати слики од мозок и око шо има сликано на вежбите анатомија? Фала
Токму така, баш затоа сакав да потенцирам дека врз основа само на колоквиуми/тестови не може да се определи 98% од оцената! Бев исфрустриран за тој 1 поен, можеби навистина не заслужив 10 но, искрено ми беше криво шо многу од тие шо имаат 10ки, "учеле" само од прашања. Конкретно за психологија, професорите не сакаат да се замараат со тоа како ќе го проверат знаењето на студентите па ајмо тестови заокружување/дополнување и сите среќни и задоволни. По други предмети ајде има и усно и практично(колку да се речи) НО, нема никаков простор за дополнителни активности: семинарски, домашни задачи/активности, посета и инволвирање во работилници, интерактивни прашања за поени во текот на предавањата... многу малку простор останува за individual research или било каков поразличен и "алтернативен" начин на учење.. На почетокот не чуствував толку но, со текот на времето совладувањето на материјалот станува многу монотоно, учиш за колоквиум, бубање над книга, па учење за испит па вклучуваш и видеа и сл...