Колку си во право за тоа што ни се потребни и новитети, многу се согласувам. Треба професорите да вклучат и нови начини на учење а не само натрупување на материјал од книга.Искрено, не мислам дека некој би се замарал со тоа,ама не ги ни обвинувам затоа што не се ни они криви што немаат кој знае какви услови за да ја подобрат наставата.Секаде надвор по поразвиените земји практичната работа, алтернативните начини на учење за време на вежби на факултет и домашни задачи ги ценат повеќе отколку само бубањето од книга. Јас на пример и во средно, а исто и сега практикувам да барам колку толку и други извори за да поднаучам, што од видеа, од слики зашто реално станува монотоно ко што викаш... Исто и за тестовите, прашања само со заокружување и дополнување не се доказ колку некој научил, а уште помалку колку го сфатил предметот.Барем според мене, да има комбинација од есејски испити и усни испрашувања би било најидеално(океј, не знам како се одвиваат работите подоцна, зборувам за сегашново ниво на кое сум). Иако не сакам усни испрашувања и на тие најчесто ме фаќа трема, па малце ќе се блокирам, па ова па она, сепак порелевантно е отколку прашања што се вртат со години и за жал многу луѓе ги злоупотребуваат па полагаат само со нив без книга да отворат.
Дечки, некој од тригодишните да каже Промоција на здравје што најчесто бараат, кои есејски најчесто ги даваат? Некој ако има да сподели искуство, фала.
Дечки тие што имате полагано англиски во прва декада, на што повеќе да обратам внимание...? Се паѓаат ли истите прашања од тие тестовите што кружат?
Слични се, не е тешко воопшто. На првана презентација The human body најмногу обрни внимание, особено на medical English и common English, зашто тоа е со пишување, друго е на заокружување.
Регии испрашувале, ама можело да подпраша нешто за таа регија, ама фала богу, не детално како на усните колоквиуми, ама соодноси пример за артеријата која е во таа регија, од тип на дали вената/нервот е внатре или надвор од неа, и сл.
Zenski moze li da mi kazete osven vezbite od prakticno sto treba drugo za fizio 1 usniot ispit.Nekoi prasanja sto ve prasuvale da mi kazete zasto sega od pocetok site temi da ne gi pominuvam nemam ni vreme
Професорката е многу коретна, полагањето е опуштено, не тупи премногу од материјалот и да не знаеш некој детал попушта, најважно е да бидеш сигурна во одговарањето да и дадеш до знаење дека го имаш научено материјалот добро, да не се двоумиш. Јас полагав Анатомија 1 завршен кај неа, пред неколку години по стариот принцип на полагање, искрено на усното не ми текнува шо ме праша, а за практичното беше процедурално, ми се падна за стапало и само те ислушува шо ќе раскажеш за регијата, ретко поставува дополнителни прашања, кои се многу општи.
јас кај проф Чадиковска полагав завршен анатомија 1, бара знаење, бара детали ама не некои ептен онака да кажеш на никој нема да текне да праша туку нормално бара да знаеш убаво да објасниш,да поврзеш