Практичниот испит ако се паднеш кај Ирена само треба да го препознаеш препаратот и да кажуваш теоретски за него, јас кажував многу, малце ме потпраша и положив со доста високи поени,а за усното се паднав кај Грацилија и викаат дека давала минимум, што впрочем и не ми е гајле, жената прашува многу и баш е пријатна. За останатите не знам, Марко на практично не замарал со теорија, Лена и Зорка најверојатно ти ставаат со стрелче да препознаваш работи... А, за усно и професорката Елида е добра, и Миленкова. Лена добро се покажа во прв рок. Вовед во медицина во втор рок кај Елена немаше Хипократова заклетва и тоа беше шок, а јас се сконцентрирав на декларацијата од Единбург, превенциите за на крај да ми се падне болест и поделба на медицина, што го немав ни читано. Значи... Очекував да сменат, но во тие рамки, а не сосем различно. Напишав, очекувам да не положам освен ако премногу ситничарат, ама не би ја зела оценката. А, за просек бркање... Па да, кај такви предмети сите сакаме поголема оценка затоа што е изводливо тука повеќе отколку некој потежок предмет, затоа не би сакала да ја прокоцкам шансата.
Здраво женски. Ако може некоја да сподели искуство со проф. Тошеска кога станува збор за усен испит по медицинска хемија или ако имате слушано нешто од колеги. Фала.
Паднав физиологија на клетка , дали ќе смеам да ги полагам колоквиумите за генетика во втор семестар?
Провери убаво што е услов положена фиизо или само потпис, како и да е само 1 колоквиум има и испит колокв може да го полагаш ама испитот не
И јас дојдов истото да го прашам за биофизика...значи слободно може во следни сесии да си го полагаме иако ни е пријавен во iknow. И ова да прашам, предметов важи 3 или 6 сесии?
Да, тоа што си пријавила нема врска, твое право е дали ќе се појавиш на полагање или не. У јуни пример па ќе го пријавиш и тоа е тоа. 6 сесии мислам дека важи ама нека кажат колешкиве шо се постари за сигурно. За генетика знам прочитав дека е 6 сесии ама еве за ова не сум сигурна ама се си мислам 6 сесии дека е..
Не знам како е сега со предметот но, јас ко полагав учев од Кјуби-македонската верзија и ми требаше околу еден месец да поминам се како шо треба и да повторам. За разлика од другите книги, во тој семестар, со исклучок на тие по биохемија, оваа е на повисоко ниво и ми требаше време да сфатам некои работи...