Дечки региите анатомија не треба да се учат сега нели,оти гледам дека одма се ставени после секој дел... не се како прво сите на крајот од темата...
Не треба сега регии, учебникот бил составен како што течеле предавањата, а на предавања ќе кажувале што е за испит т.е. која регија.
Погрешно ми е внесена оценка во iknow и тоа од професорка кај која не ни полагав. Дали да ја контактирам професорката што згрешила или да одам кај шефот на катедра за да се поправи грешката? Има некој вакво искуство со погрешно внесени оцени електронски?
Ќе одиш кај секретарката на таа катедра, бидејќи тие внесуваат на iknow, доста колеги имаа грешки особено од катедра за физиологија.
Ај кога сме кај iknow, веќе сесијата пројде и кај мене има две оценки кои не се внесени од положени испити, другите се внесени. Ако до јуни не ги внесат треба пак тие предмети да ги пријавувам?
Да ве прашам феминки што имате презапишано анатомија 2 и ја имате старата книга, многу ми е некако нафрлана новата од старата ми е далеку полесно да учам. Знаете ли од торакс што има ново во новата да знам кое од каде да го читам.
И мене ептен ми е испомешана оваа книга а мислев 2 ќе биде полесна... некако многу термини се и нема теоретска шанса се до детал да биде запомнето,а знаат на колоквиуми да бараат секакви ситници...
Па за да земаат пари, новите книги Анатомија 1,2,3 се најскапи моментално. Сменети се кориците само и редоследот на содржините демек паралелни со предавањата да бидат што нема врска пак е испомешано.
Zdravoo, ke moze li da mi kazete kolku slobodno vreme se ima na medicinski fakultet otprilika na den, i dali e mnogu potezok fakultetot od ostanatite? Se razmisluvam dali da se zapisam tamu, no mislam deka nema da postignam po celi denovi da ucam a da nemam dovolno slobodno vreme za odmor Fala vi mnogu
воопшто не треба цел ден да се учи, секој факултет има своја тежина, секако медицината е покомплицирана, меѓутоа не мора да се учи цел ден, проблемот е тоа што до многу касно остануваме на факс на предавања и вежби а ако почнеш да учиш на време, можеш да одвоиш слободно време. Јас во прва година некако страв ми беше нормално без искуство не знаев како што па по цел ден учев, потоа во втор семестар сфатив дека ако учиш здраво како што треба доволни се неколку часа на ден, сега учам од 6 до 11, све зависи колку материјал имам за учење. Секако пред коолоквиумски и испити се останувало и до подоцна ама јас искрено никогаш не сум седела повеќе од 2 саат навечер, мислам дека само треба да знаеш да си го организираш времето
од 8 до 3 скоро секој ден сум ако одам на сите предавања и вежби, ама никој не седи на сите предавања, си седиш на тие што ти одговараат и што можеш да научиш нешто, прва година сме останувале и до 5 ама тоа ретко коа се натрупани вежбите у една недела