Здраво , дали некој знае како ќе оди усното полагање колоквиум анатомија 2 , дали ќе не испрашуваат на леш ?
Ќе било само во канцеларија кај професор/асистент без ништо да покажуваш или гледаш. На органи и леш тек на испит.
Позади фармацевски факултет, или ако знаеш каде е инфективна клиника одејки кон неа од лева страна има мала зграда црвена
Здраво, матурант сум па сакав да прашам дали со екстерен био и интерен гео би ме примиле на медицински факултет или ќе морам хемија да земам за интерен?
90% од студентите на медицина биле гимназијалци и немаат полагано хемија па пак се запишаа, зависи од успехот кој го имаш во текот на сите 4 години и матурата
Хемија ти е соодветен предмет за интерен, географија не е, што значи за несоодветен намалуваат поени. Односно ако имаш 5ка географија ќе имаш 4 поени, а со 5ка хемија 6 поени, некогаш тие два знаат многу да значат. Подобро е да бирате соодветни бидејќи секој поен ви е важен, не знаеш што ќе испадне со резултатите, каква ќе биде конкуренцијата.
Дури и за тригодишните студии? Зошто мене планот ми е на некои од нив да се запишам, инаку одличен ученик сум и годинава ќе завршам така, а за матурата ќе видиме.