Според мене нема потреба. Немај гајле што не си учела, јас бев гимназија па еве ме се снаоѓам. Исто и многу други. Гледај оценките да ти се добри и матурата да ја поминеш убаво.
Нема потреба јас мислам, а и не знам како би можела да се спремиш порано.. Јас бев средно медицинско, и да, навистина имам доста основа, и полесно се снајдов од гимназијалците на почеток, но со тек на време и тие се снајдоа и си тераат без проблем. Немој воопшто да се грижиш, на почеток можеби ќе си малку збуната, ама за брзо ќе влезеш во шема, и со терминологија и со се, треба само волја и труд.
Не ти препорачувам да се преоптеретуваш со учење преку лето, затоа што верувај подолг распуст веќе ќе немаш Доколку учиш континуирано, ќе се снајдеш. Имам профил на инстаграм @makedonskimedicinari, во highlights имам помошни средства за изучување на анатомијата. Завршив средно медицинско и продолжив на Стоматолошки факултет. Иако имам основа, ги учам истите предмети како во средно, сепак материјалот е пообемен и потежок. Гледај видеа на https://www.khanacademy.org, https://www.kenhub.com/en/start/anatomy , на youtube. Мене ми помогнаа многу. Со среќа!
Дечки, најновиот распоред на online предавања шо го објавија на страната е до крајот на учебнава година, дали тоа значи дека најверојатно нема да се вратиме на настава воопшто, туку директно на полагање ќе се оди?
http://medf.ukim.edu.mk/?page_id=4332 Во делот онлајн предавања, горе лево... и нас од професорите ни беше речено дека ќе има надоместување на вежбите но, тоа беше на самиот почеток од ситуацијава.
распоредот е направен во најлош случај ако не почнеме на факс пред испитната сесија меѓутоа се зависи од ситуацијата како ке биде ако биде подобра ке се вратиме на факс и пред тоа
Има многу професори (тие предаваат), а асистентите држат вежби. http://anatomija.mk/наставен-кадар/ Еве линк, тука ги пишува.
мислам дека во Македонија не се продаваат, освен да побараш на Пазар 3, Реклама 5.. има колеги шо ги купиле од Грција или по нарачка од интернет
Колеги од 1ва, дали практикумот генетика требало пополнет да го носиме летово или? Дека гледам на чет на teams тоа прашале, па да не кажаа некаде, а јас нешто сум пропуштила? Колеги што прашав не знаеја и они исто, па ај може тука некој поупатен ќе биде
И јас имам прашање за генетика, материјалот за предвидените колоквиуми се учи од презентациите, а за завршниот испит и од вежбите или? И од книгата што точно треба...гледам дека малку е оскудно во однос на истото што го става професорот на презентација.
Здраво форумџии, може ли некој од студентите коишто се запишани за сестри да го споделат своето искуство на факултетот? Прашувам од причина што сум заинтересиран за оваа струка, па би сакал да знам повеќе околу предметите, професорите, кои предмети бараат повеќе посветување итн. Инаку, јас сум гимназијалец воедно и матурант.
Здраво. Јас завршив средно медицинско во Скопје. Бев со сите 5ки 3 години и последната год ја зезнав тотално . Матурата ја положив со 5ки и една 4ка но немав доволно бода(89) за да ме примат на медицина во УКИМ. Од тие причини се запишав во Штип. Првиот семестар го положив а сега и вториот. Оценките ми се добри (9ки и 10ки) и доста задоволна со наставниот процес и ангажманот на професорите. Но не сакам да изнајмам стан и притоа патувам секој ден заедно со колеги кои не така сериозно си ги сфаќаат обврските и неретко сум испуштила настава ради нив. А и вооедно изискува доста трошок и губење време . Дали некој од вас знае и може да ми каже дали постои некоја можност да се префрлам во Скопје без врски. Дури и да ги преполагам сите предмети. Премногу ја жалам таа 4та година што ми го загорчи животот :/
Не може префрлања од други факсови, ко шо знам ниеден не се префрли во нашава генерација. И другите колеги ќе ти потврдат. Евентуално од ново да аплицираш шо според мене не ти се ни исплати кога веќе си положила голем дел од испитите од прва.