*Цена на чинење на специјализацијатаза кандидати во приватни установи, други правни лица и невработени - хируршки гранки 1600 ЕУР годишно - нехируршки гранки 1280 ЕУР годишно - теоретска настава1000 ЕУР (се изведува само во првата година на специјализацијата, а се плаќа на два семестри по 500 ЕУР) - специјалистички испит 600 ЕУР Педијатрија е конкретно 5 години. Повеќе на линков: http://medf.ukim.edu.mk/?page_id=473
Претпоставувам нехируршка гранка, а тоа “тероетска настава” се однесува на наставата шо се одвива во првата година и само првата година од сите специјализации.
Дечки, некој да ми каже дали за психијатар се учи 6 години општа медицина и уште 2 години специјализација?
Благодарам За Психијатрија се учи прво 6 години Општа Медицина,па потоа специјализација Психијатрија која трае 60 месеци (5 години)
Да,од сигурни извори ми е тоа.Ако сакаш пиши и на гугл специјализации на Медицински факултет и кр ти искачи.
Прашање до постарите колеги, колку време од прилика е потребно за да го спремам хемија? Најмногу време до сега на анатомија и хисто посветив, па затоа ме интересира колку време би ми одзела хемијата да ја научам. Со задачите горе-долу немам проблем, да повежбам уште малку, нема да ми бидат проблем.
Ако добро се сеќавам, мене ми требаше околу 2-3 недели, заедно со делот од биохемија... меѓутоа јас тогаш учев и триста други предмети. Материјалот од органска хемија и биохемија многу полесно го совладав, бидејќи имав добра основа од средно
Колеги шо мислите за изјавата на министерот за образование дека на факултетите каде шо нема да се изведува онлајн тестирање, студентите ќе бидат “ослободени” од истото?! Мене навистина ми нема смисла ваквата изјава. Кога би ги полагале предметите, не може тие автоматски да се положат.
Мислам дека тоа е невозможно на нашиот факултет ајде за предмети како Оснир и такви може да се помине со некои семинарски со такви работи ама да сме ослободени од полагање на некој предмет не верувам единствено ако дадат повеќе сесии за некој предмет за полагање
Сега ја гледав прес конференцијата. И убаво сфатив шо мислел. Дека задолжително било електронско полагање и многу факсови веќе спровеле така колоквиуми и испити ќе спроведат. Но, некои факсови кај што е тоа невозможно и студиската програма тоа не го овозможува се ослободени од обврската електронски да се полага (ко на пример ние дека практично имаме) и ќе си полагале во амфитеатар регуларно.
Само нас ли ќе нѐ ставаат во ризик, а сите ќе полагаат онлајн? Глупости. Сум за испитна сесија ама само ние и уште некој факултет немаме можност, а другите ќе поминат онлајн... Ми нема смисла.
За жал не би знаеле, бидејќи вие ќе сте први што ќе полагате. За матура од гимназиската за 4та учевме, бидејќи сите теми за матура таму беа опфатени ама сега не знаеме што ќе ви бараат. Сигурно ќе има известување од факсот нахнадно... Може да си читаш од таа гимназиската или од тетратки биологија од средно шо ти останало по нешто, па кога ќе е официјално ќе видите што точно ќе треба.
Нема известување, ама можно е (мое мислење) од исти материјали што би биле за матура, бидејќи тие се за сите средни училишта. Ништо чудно и истите прашања да ги дадат. А можеби и како прирачници нивни ќе издадат, само не знам дали има време за тоа.
Колеги, за генетика усно дали за првиот дел е доволен само материјалот од презентации? Вториот дел од книга требаше нели, детално ли го прашуваат него, а и на писмен дел како се проаѓа со него? Срчнав во темава стари мислења, прочитав некои поминале супер и со презентации, па затоа ме интересира. А и професорот Петличковски на предавања рече усниот дел бил формалност, 5мин се полагал, сите го поминувале, па ме интересира дали е така. А и практично што се полага по предметов? Од практикум материјал или?