Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. medicalstudent

    medicalstudent Нов член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Колеги, дали некој има прашања што паѓаат на колоквиуми од медицинска хемија ( 2 семестар)?
     
  2. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Јас прв колоквиум спремав главно од презентации и нешто плус од книга, втор колоквиум од книга според презентациите. Кога дојде дел за практичното + усно, прелесни ми беа практикумите буквално во 2-3 дена ги поминав, материјалот е ист како од книгата (поготово вториот практикум, буквално истите работи се како во книга). Ако ти е совладано добро за колоквиумите, нема никаков проблем да имаш за усното. За 10-15мин се завршува. Прво влечеш лист со неколку прашања за практично (значи од практикумите), а потоа за истите нешто плус те допрашуваат на усното (од книга). Практичниот дел го испрашува асистент, а усниот - професор. Вака беше јас кога полагав, сега не знам дали е променето нешто.
     
    На Glossy-girl, Waverly Raven, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    14.048
    Пол:
    Машки
    Првиот дел исклучиво од презентации го спремав, барем тоа беше единствениот материјал кога полагав, го имав извлечено материјалот од презентациите бидејќи така ми беше полесно да учам. Практичното од практикумот, ама барем тоа е прелесно, немој да учиш потребни материјали такви глупости, не бараа тоа мислам. Вториот дел, од книгата од катедрата по педијатрија шо беше. Јас полагав кај Киријас и кај Кочова, за кај Киријас извлеков прашање од практикумот за популациска генетика и за некој софтвер беше заборајв како се викаше, на А мислам... кај Кочова требаше да конструирам семејно стебло од податоци на ливчето шо го извлеков, плус некои општи прашања, ништо страшно. Се на се полагањето траеше 10-15мин.
     
    На Glossy-girl, Glowy, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.157
    Пол:
    Женски
    Не знам дали сум единствена ама мене па презентацииве генетика ми се малку, кратки да кажам, некако како ептен да се скратени точките а гледам дека некои работи и во книга ги нема што ги има на презентации.Стварно е само тоа доволно од нив? И има ли некои други можеби постари книги освен оваа сега што ја користиме?
     
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Не си единствена :D, кратко е некако, ама па и нема в книга за тоа и мора да учиш од презентација и тоа што ти е нејсно ќе бараш видеа или проф ќе го прашаш.
     
    На Angie1432 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Јас планирам од книга да учам и така и имам почнато, навистина е кратко ама е концизно и јасно. Можеби ќе ги прочитам на крај презентациите :)
     
    На Glowy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Машки
    Генетика јас го спремав материјалот од книга + презентации. Суштината на нештата е опфатена во книгата, а некои понови работи откриени на тоа поле може да ги прочитате од презентации или на интернет (имаше книга Igenetics што тогаш исто ни ја спомнаа како дополнителен извор ама факултативно ова, можам да ви ја пратам ако му треба на некој).
    Некоја од постарите колешки да сподели искуство со патофиза и микро ве молам. Ме интересира на што повеќе ставаат акцент и како оди полагањето. Фала ви однапред
     
    На Flowerezza, Glossy-girl, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. evvgg_K

    evvgg_K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    33
    Би сакала да прашам за искуство и совет за тоа кој би бил најдобар и најквалитетен начин да се совлада Анатомија 3, ЦНС.....
     
  9. kajl

    kajl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    јас слушнав дека хемија не бил условен за трет семестар, ама ако не се положил ќе требало биохемија да се слуша во трета година, наместо во втора? Дали ова се уште важи или сум грешка? Благодарам
     
  10. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.948
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Ако не положиш хемија ќе слушаш биохемија 1 во петти семестар, ама ќе мора да го положиш во тој семестар, зашто за шести семестар да слушаш мора да ти е положен биохемија 1.
     
    На kajl и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  11. Belllaa1

    Belllaa1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    дали ќе има дополнителна сесија јули-август?????
     
  12. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Некој од вас што е од трета година или повисоките што има искуство со Патологија 1,2 да ми пише лп ми треба една информација. Не знам кои сте точно гледам повеќето по тоа што пишувате сте 1 или 2 година.
     
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира зошто ние до 3та највеќе тука се консултираме толку за предметите и испитите, дали дека се условни или дека уште сме нови? :D
    После 3та е полесно или веќе си ептен навикнат на сите полагања и стресови шо факсот ти е како добро утро? :D
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    14.048
    Пол:
    Машки
    После 3та услови има, ама се само неколку и принципот на полагање е многу пофлексибилен, горе-доле има слобода за планирање шо ќе полагаш, а шо ќе оставиш за наредна сесија или понатаму. Општо има поопуштена атмосфера, професориве и асистентите не се замараат многу, ама па затоа треба да се залагаш многу повеќе за да actually извлечеш нешто од вежбите и предавањата. Дека е полесно, категорично НЕ, предметите се многу пообемни и не се учат така брзо како претклиничките, на вежби пак ќе напоменам треба многу концентрација, комуницираш со пациенти цело време:анамнези, прегледи... многу лесно промакнуваат информации.

    И да, со текот на времето ги сфаќаш и учиш сите механизми на факултетот, триковите на професорите, принципот на полагање...
    Стресот шо го доживеав во првите три години ми го смени животот, ме направи зависник од стрес и овој релаксирачки период шо следеше после 3та ми беше како шок, доста неочекуван но, добредојден.
     
    На Flowerezza, buba4e89, Gregoriana и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на опширниот одговор.
    Мило ми е што освен стандардните прашања за полагања малку отиде дискусијата и во друг правец.
    Многу е убаво да слушнеш и вака супер искуства од луѓе што го преживеале почетокот т.е претклиничкиот дел. :)

    Мене позитивно ми делуваше тоа што сега те прочитав т.е дека во споредба со првите 3 години сега ти е многу порелаксирано. Верувам и на другите колеги од моја година што читаат. :D

    Ја ви се восхитувам како сте преживеале и положиле се, покрај сите услови, полагање цело време и брзо темпо на одвивање на предавања, вежби и колоквиуми... :D
    Мене и првава година доста стресна ми се виде, поготово првиот семестар :tmi:, бев ко робот некој, не можев ич да се ускладам да имам живот надвор од факсот шо се вика. :D
    Колоквиумските ми се најзаморен дел, испитната мислам полесна ми беше зошто сама си менаџирав што кога ќе полагам и имав простор измеѓу полагањата. :tmi: Ама колоквиумските ич не можев да ги навикнам, толку ми се стресни и напорни, тие 10тина дена полагања, мислам ептен ме исцрпија, а дур се опоравев од стресот и заморот од едната колоквиумска, оп дошла друга. :D

    Ама мислам дека веќе полека се прилагодив, не ме плаши толку престојната испитна, па се надевам 2ра година ќе ми е доста полесно да си го менаџирам времето. :)

    Мислам дека за сите студенти што сакаат да студираат од октомври тука, вакви мислења ќе им бидат интересни, па ги поканувам и другите колеги да се приклучат да споделат искуства, без разлика која година се. :D
    Пред да се запишам баш барав вакви дискусии низ темава ама немаше или пак не најдов, па еве ако сакате може да подискутираме и за поддршка меѓу нас за how to survive медицински :rofl: и информативно за идните студенти. :)
     
    На kajl, BlackMistery, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.228
    Пол:
    Женски
    Претклиничкиот дел (првите 3 години), беа многу стресни за мене.
    Клиничките предмети се поопипливи, на вежби си и си во допир со жива материја.
    Без претклиничките предмети нема многу работи да ни бидат јасни во иднина.
    Затоа тие ни се основите во медицината.
    Потоа кога пример пулмо слушаш, веднаш ќе ти текне на белодробните капацитети, на позитивни и негативни јони, на процесот на дишење кој веќе е научен во првите години од студирањето.
    Следните 3 години се исто така тешки, но се поисполнети.
    Можеш да останеш колку сакаш на вежби, плус да се едуцираш, интересно ти е, знаеш што да прашаш, јасни ти се работите, во првите години ни анамнеза не знаеш што е, а не пак да прегледаш пациент.:D
    Се' си носи свои убавини, кога го сакаш тоа што го студираш, секогаш е поинтересно.
    Последната година кога е стажот е според мене најубава, сеуште немаш пракса за работа, а мислиш дека се' знаеш:D

    Имајте лесни студии :hug: :hug: :hug:
     
    На Flowerezza, buba4e89, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Ana Smit

    Ana Smit Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2019
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Извинете дали случајно имате некаков материјал за оксална киселина на било кој јазик?
     
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Животот си го оставив на патологија и имунологија.
    Патологија не ми беше толку тешко колку што немав среќа со професорите.
    Имунологија ми беше тешко, ама благодарение на надреалните критериуми кои беа поставени од катедрата, солидно го совладав материјалот. Мислам дека во 4 наутро да ме разбудат, ќе ги пеам лекциите за ХЛА комплекс, Т и Б клеточен рецептор, Хиперсензитивните реакции, Вакцини....До ден денес знам која табела на која страна е :D. Иако додека го учев тоа мислев дека никогаш нема да ми биде којзнае колку потребно, морам да кажам дека на неколку полагања до сега сум добила комплимент за моето знаење од областа на имунологијата :D.

    Како и да е, претклиничките предмети се основа за добра клиника. Ако не си ги совладал основите, како што се анатомија, физиологија и патофизиологија, па и микробиологија, после многу потешко ќе биде учењето интерна или инфективно. Се' се учи со причина и се надополнува понатаму. Добро научена Интерна од друга страна, мене многу ми помогна и за Хирургија.

    Клиничките предмети се доста обемни, бараат повеќе време и труд, но се многу поинтересни. Всушност тука почнуваш да ги поврзуваш сите работи што си ги научил од претклиничките предмети. Вежбите не секогаш се одвиваат по распоред, како првите три години, туку се договараш со асистентот. На колоквиумските недели си веќе отрпнат, исто и на полагањата, бираш приоритети. Не тераш со мислата да положам се' оваа сесија, туку да научиш и да го фатиш условот за стаж, а кога ќе го фатиш условот за стаж, брзаш за побрзо да завршиш :D. И така годините си проаѓаат додека трепнеш!

    Медицината е убава, но не е ни малку лесен патот до дипломата. Бара голема пожртвуваност и посветеност. Сепак, најважното е да имаш желба и љубов кон тоа што го учиш, тогаш ништо не е тешко. И да не губиш надеж, ако паднеш уште на првиот испит. Со работа и труд, се' се постигнува!

    И remember.....Difficult roads, often lead to beautiful destinations :).
     
    На Flowerezza, dead.flower23, Rirri и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Gregoriana

    Gregoriana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав горните размислувања,навистина искрено напишани од студенти кои реално самостојно учат.Навистина е напорен медицинскиот факултет но како за кого,за децата на професорките,внуците,роднините факултетот им е како забавиште лесен...нажалост...
     
    На Flowerezza, Dream-Girl, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Оо имало тема и за "мојот" факс хаха. Иако завршив лани, сепак низ моево студирање не користев фемина, дури сега од други причини што морав на една друга тема да прашам нешто се приклучив. Гледам баш убаво дискутирате, ама и некои од прва и доста исплашено делувате. Верувајте ако навистина имате љубов кон медицината и тоа што го учите ќе успеете дали во рок дали година две покасно ништо страшнп, никој не ве брза, а најмалку вие самите не треба. Да точно е тоа што го кажувате дека првите три години се стресни, токму поради фактот што секој предмет е условен, особено втора мене ми беше најстресна од фактот што имав Имунологија да полагам. Не дека предметот е тежок или некој баок неразбирлив, едноставно во наше време самите студенти ширеа негативни коментари кои делуваа да не речам застрашувачки околу тој предмет, па искрено пред да го полагам бев доста исплашена, повеќе од коментарите од постари колешки 3,4 година отколку од самиот предмет. Така да прв мој совет за вас консултирајте се меѓу себе и со постари, еве и јас сега се зачленив баш околу оваа ситуација сите сме послободни, барајте помош, но мој совет НЕ слушајте туѓи искуства бидејќи секој има свое, "врскаџиите" или познатите фаци со "звучни" презимиња ќе ви кажат или дека е прелесно или па воопшто нема да им текне што ги "прашал" професорот од што ќе бидат многу "испаничени", оние кои не научиле ќе ве исплашат дека е претешко и како професорот многу викал што ти знам, епа да ќе вика ако трескаш глупости секако. Така да кога имате научено слушајте го само својот инстинкт што ви вели и на испит влегувајте со таа помисла, не Трајко или Петко што ви кажале. Се е до вас, вашето знаење, вашата среќа и вашата снаодливост, на тоа е сведено и целото студирање на овој факултет. Еве кратко резиме кое се надевам нема да ви делува демотивирачки, а за било што еве како повозрасна од некои од вас, да не бидам погрешно сфатена, повозрасна мислам во вистинска смисла на зборот не и поискусна секако тоа е релативно, можете да ме прашате било што. Дел од материјали по некои предмети се уште ги чувам во електронска форма дел и не. И совет до оние особено од прва година, не се плашете ниту од Анатомија ниту од Хисто ќе сфатите во трета, а и понатака штом поминете Патологија и Хурургија дека тоа бил еден од најлесните предмети. Со лесно нека ви е на сите со желба ќе успеете дефинитивно!!
     
    На Flowerezza, kajl, yeah и 5 други им се допаѓа ова.