Да прашам, што со предметите од типот англиски полаган во јануари (сигурна сум дека сум положила иако нема резултати ), оцените не ни се внесени затоа што уште не ни се ни пратени резултатите секако, па сега во ајноу стои ко неположен. Мора па да се пријави во јунска за да може да се внесе оцена (ако надежно уопште и текне за нас на професорката) или може и без пријавување? Сте имале ли вакви ситуации по факсов со предмети, може треба на генерациско ниво да се реагира некаде кога е вака, стварно е неодговорно ова што 4 месеци немаме никакви резултати, па еве и други сесии дојдоа, страшно.
Типично за англиски јас положив во јануари во септември ја земав оцената пријави си ги сите без разлика дали ке полагаш или не тоа е само формалност сепак може да се предомислиш у последен моѓент за некој предмет а ако гп немаш пријавено онлајм нема да ти дадат да полагаш секако после за секој предмет кој сакаш носиш пријави
Да, да, ја секогаш сите ги пријавувам, само ме интересираше за англиски дали сега ако го пријавиме ќе се води ко да сакаме па да го полагаме или треба да ни е пријавен за да може оцена да ни стави...
А чекајте малце и јас имам предмет за кој ми е внесена оценка во индекс и пријава, положен во јануари, а оценка во i-know нема. Значи ли тоа по тоа што викате вие дека пак треба да го пријавувам?!
Кај нас вака беше со етика ако добро памтам, па и генерации уназад со тој Чакар не знам уште ли е таму. Координаторите ги молеа со месеци да истакнат резултати и на крај секако таквите катедри ќе истакнеа од ракав оценки, па после тоа уште месеци и месеци требаа дури да ги земеме оценките. Ги има на факултетов вакви, да мал милон се за жал. Е сега не знам англиски од кај се појави, веројатно имате измени во програмата нешто.
Најдобро некој од постарите колеги да ни каже у вакви ситуации као праеле... Или да почекаме одговори од професорите веројатно координаторите ќе ги контактираат.
Нека ви стои пријавен во iknow од претходна сесија кога сте го и пријавиле и положиле и крај. На студентска служба гледаат потпис у индекс, во iknow ги интересира дали имаш запишано предмети за тековен семестар. Барем кај нас на медф така беше, веројатно и вие сте од медицина па не би требало да прават проблем. И така во iknow голем дел не ги внесуваат оценките и секако не е регулирано со условните предмети, така да комотно ти можеш таму и да си запишеш предмет/и за кои не си остварил услов побркан е системот. Пак ќе кажам не се замарајте со тоа од студентска индексот го гледаат со потпис/печат у него.
сега за сега нема проблем и да немате оцени во iknow и ако ги пријавите не значи дека ке треба пак да ги полагате само ако имате оценка а не ви е пишана инсистирајте кај професорите нека ви е пишат пошто некогаш се забораваат со месеци нас проблеми ни правеа коа ни требаше потврда од ајноу за стипендии и координаторите нека и пишат меил на англиски професорката притискајте ја малце затоа што ние од јануари до август ја бркавме барем да си знаат тие што сакаат да преполагаат или слично
Како шо кажаа колешките погоре, постојано барајте од професорите навремено да ви ги внесуваат оцените! Ако треба и преку деканат, и од таму да има вршат притисок. Англиски памтам и ние многу се извлечкавме со оцените, само гледајте да не дојде нож до коска па да ја бркате професорката пред рокот за аплицирање за стипендии. Можеби професорката сакала да ги внесе сите оцени одеднаш, бидејќи ние од 4та требаше да полагаме испит Англиски 2 една недела по прекинот на наставата ама ништо не бидна од тоа. Инаку мислам дека професорите имаат можност да ја внесат оцената на iknow и да е измината сесијата кога е пријавен предметот. Барем јас кога полагав патологија, го имав пријавено предметот во јунска, а полагав во августовска сесија и не го пријавував пак, меѓутоа нема врска мислам, можеш пак да го пријавиш или евентуално да ја исконтактираш професорката или да се јавиш на студентски прашања, би требало да кренат бидејќи работат само по договор по телефон.
А побогу луѓе ја лани завршив еве прв пат слушам Англиски предмет, па и погоре еве читам Англиски 2. Од кога тоа е воведено и има ли некоја професорка на медф што предава англиски. Дај просветлете ме навистина во наше време немаше таков предмет, од кај сега и ова на сите "маки"ви испадна не знам. Со среќа нека ви е па да ја најдете таа професорка што да ви кажам хахаха.
Од филолошки професорка е. Многу кратко часови имавме и вака фино беше опуштено. Само со резултатите се многу спори... Редовен предмет во 1 семестар е на општа медицина. Веројатно е според новата воведена програма во 2017та...
Според акредитација од 14/15 англиски има во прв и во седми семестар, а со новата од 17/18 само во прв. Како што кажа дрим, опуштено, за полагање еден ден најмногу се спремавме од презентациите и вежбите. Сè си е во ред фина професорка сè, ама резултати од јануари уште немаме, само тоа е проблем.
Аа добро е не ви е страшно тогаш, ние според таа од 2010 акредитација учевме затоа немавме. Најверојатно имате сега 8 предмети во прв, не седум, но како и да е не е страшно штом е така.
Да навистина е неодговорно и јас знам дека сигурно сум положила а вака ти прави некоја несигурност,нека ангажираат некој ИТ инженер подобро да си ја врши работата.