Кај кого се полагаат препарати по патологија? кај асистентите или кај професори? и само препарати и после се оди на усмен испит или ? а гледате обдукција ?има некои вежби на леш?
Има два типа на вежби патологија кои се одржуваат напоредно, хистолошки и обдукциски, пример ако сега имате хист. наредно ќе имате обудкциски и обратно. На хистолошките вежби се гледаат препарати, овај тип на вежби се понапорни, има мнооогу препарати и траат 2.30-3 часа ко ништо, со ретка пауза. Обдукционите вежби се полабави, ретко се годат лешови, а ако има најчесто тоа е лешод бебе/новородено. Јас еднаш сум присуствувал на обдукција од возрасен и тоа беше по претходна најава од институтот, по желба на студентите, бидејќи беше подоцна во денот кога немаме часови/предавања и така најчесто се годат, ама сепак мислам дека ќе имате прилика да присуствувате на обдукција. Инаку на обдукционите вежби во главно се работи обработка на хируршки материјал: жолчно ќесе, апендикс, матка, овариуми, најразлични тумори.. се дисецираат и се подготвуваат за изработка на хистолошки препарати. Полагањето е исклучиво кај професори, прво се полага колоквиум па потоа се оди на завршен испит во сесија, по случаен избор со прозивање те ставаат кај еден од професорите. Е сега... некои професори прашуваат препарати некои не. Тие шо прашуваат во главно не го тупат многу за препаратите, повеќе се осврнуваат на усниот дел шо е интегративен и има доста за прашување. Ретко кој на испит прашува во обдикциона сала, макроскопски да препознаеш некој орган или некоја патолошка промена на органот... во главно тое е тоа, предметите се доста обемни, Патологија 1 е малце подосадна од Патологија 2. Два премногу важни предмети, понатаму основа за се, ако добро ги учите воопшто нема да имате проблем со Интерна и Хирургија во иднина.
Ако може некој да сподели искуство од практичниот испит физио 1 дали треба на испит да ги изведуваме и вежбите на physioEX?
Не, практичнот испит е всушност усен испит, влечиш една од вежбите од практикумот и ја раскажуваш усно. Можно е да треба да направиш мал експеримент доколку има нешто за практично изведување во склоп на вежбата(пр. мене ми се падна за одредување на хемоглобин по Сали и тоа го правев со таа направата) и обично професорките поставуваат и неколку прашања од претходниот материјал но, поврзани со вежбата шо си ја извлекол.
Дали случајно некој има некаква неофицијална информација во однос на почетокот на испитната сесија? Со оглед дека ја продолжија вонредната состојба уште 14 дена, а воедно ни беше кажано да ги пријавуваме испитите електронски на iknow, мислам стварно нема смисла ова шо до последно нема никаква информација, а еве веќе јуни дојде. Секогаш образованието е во заден план и на крај ќе се направат такви модификации на испитната и полагањето шо обавезно нема да бидат во наша полза како и вообичаено.
Секое известување у генерациска група се радувам, си викам да не ставиле нешто за испитнава и се разочарувам кога ќе видам дека уствари нема ништо поврзано со тоа. Шала на страна, многу е 5 до 12, ништо не сме информирани... Слушнав утре ќе имале некоја седница и ќе се решавало шо како за цел УКИМ... https://sitel.com.mk/kje-ima-li-junska-ispitna-sesija-ukim-utre-kje-nosi-odluka Па се надевам неделава ќе имаме веќе известување и распоред за полагања.
Ова мое мислење е, ништо официјално, да не бидам погрешно сфатена. Со оглед на тоа што ни кажаа до 12.06. да пријавиме испити, логично е дека сесијата би почнала после 12ти, а најверојатно од 1ви до 12ти би ни ги ставиле вежбите и консултациите..
Да и јас така мислам, до 5ти имаме предавања по распоред, така што една до две недели еве вежби и консултации и испитна.
Јас стварно не знам што да мислам. Од една страна пишале пријавувајте испити до 12ти, не знаеме кога точно ќе почне сесијата, а од друга страна бројќите секојдневно растат. Мерките почнаа да се разлабавуваат и сега разлабавувањето е стопирано колку што сфатив. Јас разбирам дека и тие самите не знаат кога, како и што, неблагодарно е и од наша страна да бараме точни датуми за полагање во време кога се е стопирано во земјата, ама барем навремено да бевме информирани за секој предмет начелно, дали ќе треба да полагаме колоквиуми или не.
Веќе се откажав од некаква информација. Си гледам обврските, како ќе кажат - така ќе играме. Не се замарајте.
Физиологија не замараат многу на завршен. Повише ги интересира теоријата како си ја поминал. Ако вежбата е нешто со крв поврзана или притисок такви ствари може да ти побара практично да покажеш или да објасниш како се работи со апаратурата предвидена за таа вежба. Кај нас беше влечење на една вежба и прашања на лист напшани од неа. Јас полагав кај проф.Малеска и освен тоа што го имаше на листот што го извлеков не прашуваше ништо друго. Физиологија 2 за нервен малку повеќе замараа мислам.
Здраво, би сакала да прашам ако има некој на логопедија сакам да се запишам, имам околу 86 поени па дали би ме примиле на државна квота или има голема конкуренција
Не сум сигурна дали во државна (иако мислам дека би те примиле), ама во приватна ќе те примат. За во државна не знам, сепак некои ученици се запишуваат и со доста високи поени, над 95 поени.
Дали за анатомија 2 се водите што да учите од испитните прашања што се поставени на веб сајтот по анатомија? За анатомија 1 знам баш тоа истото беше кога влечевме прашања, па затоа ме интересира дали и некој друг учи по тој принцип на прашања шо се таму?
Да прво го поминав материјалот и потоа за повтрување добро е да се водиш според прашањата бидејќи на испит се истите, а и со нив е опфатен целиот материјал.
Најдов некои делчиња од карлица скратени со прашањата, па затоа, ми падна чудно, не знам сеа дали да учам се или конкретно тоа шо бараат само. Торакс и абдомен горе доле е истото, речиси се од книгата али ова ме збуни.
се влечат прашања и анатомија 2 така да по прашања води се ама од карлица и најмалце прашуваат јас полагав кај зафирова анатомија 2 и си одев по ред прво прашања од торакс па абдомен па карлица и ми паднаа лимфни садови и ми рече само да ги набројам и толку
За анатомија 1 практичниот испит беа тие од сајтот истите баш ама кога учам сега за колоквиум секако дека не се водам според нив, затоа што прашуваат сѐ. Така и за колоквиумите од кецот не погледнав од прашањата ама учев до ситница, некој така прашува, некој не. За испитот со влечење се исто така буквално напишани, се сеќавам некој ја извлекол regio antebrachii anterolateralis и се чудел зошто anterolateralis, не е така во учебник, а така стои во прашањата како дополнителна.
Тие се прашањата и за колоквиум истите ги влечеш, само што додека те испрашува ќе постават и дополнителни прашања. Тоа за испитот беше бидејќи во старата книга се води antebrachii anterior lateralis, а кај нас само anterior.