Би сакала да прашам во врска со физиологија на клетка испитот, дали ми е паметно да учам само од прашањата кои се паѓале, поточно да се спремам само за темите кои се паѓале минатите години? Затоа што во јунска сесија многу од луѓето коишто очекуваа да положат бидејќи се паднале истите теми, а имале учено само од прашања, за жал не положија. Па ми е страв некако посебно за физио Фала мн и убав ден
Јас физиологија на клетка учев од книга (ако мислиш на делот од МиФ), не би ризикувала условен да учам со прашања .
Како не. Истите се прашањата, јас учев од книга ама според прашањата, па максимум имав. Книгата е без концепт, а и содржина. Секој професор според делот си пишувал, ама пак ми беше еден од омилените предмети. Гледај ги прашањата ама учи од книга или од кај ќе се снајдеш битно да ги сфатиш. Негативна повратна врска, контракција на мускул, транскрипција, трансалција... тоа е материјалот.
Jaс привин книгата ја поминав убаво, па потоа со цимерката се испрашувавме од прашањата. Ама да земам да учам само од прашања за условен некако шубе ми е.. И на youtube гледав некои видеа, за натриум калиумова пумпа баш имаше убави видеа.
Сите се условни за 4та, дури и вовед. Не ми е шубе, не гледам како сум го совладала материјалот туку сакам да ми е совладан. Во книгата ретко кој можеше да се снајде.
@Glossy-girl леле книгатааа.... ужаас. @kajl инаку со прашањата скоро цела книга е опфатена, сепак се есејски. Учи паралелно и книга и прашања. Се положува со убави поени. Среќно!
Некој од постарите колеги ке може ли да ми каже хигиена дали е доволно да се учат презентациите или треба и книгите за испит?
Јас во август го оставив хигиена бидејќи имав многу условни за јунска сесија и бидејќи повеќе се фокусирав на Биохемија 2 , учев од презентациите кои со години се вртеа и положив со 8. Милиони колеги не ги ни отворија презентациите и поминаа со прашања. На усно Ѓорѓев нас не прашуваше од прашањата кои сме ги згрешиле ништо поразлично и многу не ни слушаше кој што кажал. У секој случај прочитај ги презентациите, барем ова ти е мое лично искуство не мора по мене да се водиш. Може нешто се сменило на подобро/полошо откако јас полагав. Edit: да се надополнам беа и многу книги плус, не некои големи но сепак 2-3 ги имаше кои не ги ни погледнавме бидејќи се фокусиравме сите на условите за трета што се претпоставувам и вие сега така да те советувам повеќе ним обрни им внимание ова иако е условно, ти споделив само лично искуство како било, се надеваѓ не е нешто поразлично и сега
Како шо кажа колешката погоре, доволно се презентациите... сум слушнал дека Ѓоргев барал и нешто плус од книгите, ама и тоа варира, некогаш прашува, некогаш не.
Ако може некој од постарите колеги да ми одговори, дали по медицинска хемија се коректни катедрата? Дали бараат ептен во детали, или не замараат со ситници? Фала.
таа катедра можеби е и најнормалната и најкоректната катедра што постои, не бараат ситници секој професор точно кажува кој дел испрашува за усно што да учиш и даваат милион шанси
на медицински секогаш има циркузи на кратко сите барања кои беа од студентите и ФСС за олеснување на сесијата беа одбиени и со оглед на тоа можеме да ја рачунаме годинава како пропадната со оглед на тоа што имаме милион предмети за полагање(секој по 3колоквиуми,завршен и усмен испит) и никаква помош од професорите
Циркуз над циркузите. Додуша ништо не ме изненадува повеќе, уште еднаш професорите и катедрите ми го потврдија моето мислење за нив. Верувај, ја изгубив и последната трошка почит шо ја имав за нив. Чиста себичност! Некои барале само по еден рок да има! Еден рок!!!11 Let that sink in. Толку.
Ми текнува на прв академски час кога ни рекоа медф е најдобриот факс на УКИМ, се е најдобро тука, средено, организирано. Од овој аспект сеа ми личи многу смешно тоа. Деканката ми се чини добра, ко да сака да ни помогне. Али катедриве и професорите шо се бунат... Али се е под контрола. Без грижа.
поинаку и не очекував, јас бев изненадена кога имаше надеж дека ке помогнат на студентите...се чудев дали се воопшто способни за такво нешто
Јас мислам, залудно ќе биде било какво разговарање, дебатирање или шо уште не, помеѓу катедрите и ФСС. Повеќе од очигледно е тоа дека професорите си имаат зацртано еден план и тешко дека ќе отстапат од него. Уште потрагично е шо мнозинството од студентите се со мислење дека сеуште има простор за договор и компромис.