Сепак мислам дека не можеме само да климнеме со главата и да се тргнеме на страна они да одлучуваат за нас а ние само да ќутиме и да не се бориме, како и да е мора да се обидеме да се избориме за нешто бидејки ако не се бориме мислам дека и тоа што сега го имаме ке ни го одземат и ке речат доволно ви е еден рок за полагање чим не се буните све е океј терајте... Сепак мора да постои барем некоја надеж дека некој од раководителите ке испадне човек и дека ке сака да ни помогне, сепак и 1 предмет олеснет е подобро од ниеден
Апсолутно се согласувам со тебе, но не ми беше мене тоа понтата со постот. Јас сакав да ја доловам суптилноста на ФСС во однос на решавањето на овој проблем, наспрема тврдокорноста на професорите. Тие се децидни во однос на сесијата, а ние и ФСС се тетеравиме и упорно се тешиме дека сепак ќе бидни нешто или можеби некој ќе се предомисли. Значи не знам како да објаснам, ама ова НЕ СМЕЕ да биде вака! Уште од прва година, константно се манипулира со нас! Откако се формираа студентскиве организации имав барем тронка надеж дека барем нешто ќе се смени но, џабе и на нив не им се слуша гласот. Верувајте, се додека не се направат РАДИКАЛНИ промени, пример да бојкотираме сесија, настава... оваа песна ќе продолжи. Како шо рече и самата, не смееме да подлегнеме и да прифатиме! Професорите треба да се потсетат која има е функцијата очигледно, бидејќи им служат на студентите, од нас плата земаат, ако не сме ние, тие нема да постојат.
Ве читам откако го направив профилов т.е од скоро и за ова последново нешто да ви искоментирам. Студирањето на медицински и случувањата ми створија огромен имунитет, баш од таа причина што од многу неправди, неизнаоѓање на компромиси и слично стануваш имун на се. Веројатно сте прва и втора година и проблемот лежи во оние катедри кои уствари како институти се водат. Да секогаш со нив имало циркуси, знам пред некоја година имаше генерација успеаа да сменат нешто во врска со начинот на полагање Имуно и нешто околу тестот мислам поврзано беше и тоа за чудо се случи како еднаш во сто години. Верувајте од четврта натака 90% од полагањата се исклучиво практични и усни, со професор разговараш како да водиш дебата, а не да те праша нешто да му цитираш. Не се разочарувајте овие се секогаш такви, уште памтам колку циркуси имаше наша генерација со Лазарова по Анатомија кога женската тогашна актуелна шефица у пет до 12 реши да им поништи на пола студенти завршен тест на Анатомија 2 бидејќи у иста сесија не положиле усно и практично иако претходно тоа не функционирало така, она реши да го смени, но со силни реакции се изборивме. Верувајте треба многу да настојувате, овие неколку катедри бидејќи немаат воопшто контакт со пациенти многу сурово се однесуваат(дел од нив), за жал како што ви кажав ќе станете имуни накај 3-4, а сега кога веќе сте у ваква ситуација останете истрајни до крај и ако ништо друго барајте барем за секој изгубен колоквиум да ви се надомести термин. За условни не верувам дека ќе успеете, бидејќи медф не е медф ако годишно нема по 200 и повеќе студенти што нема да фатат услов. Се најубаво и борете се до крај! Крај краева како што пишала некоја колешка ако од деканката имате поддршка, тогаш сигурно ќе остварите дел од своите барања.
Не ви личи малце бесмислено ова хемија 4 книги одеднаш да се полагаат...? Органска делот многу ли е голем, тежок ли е? Го има ли во копирниците околу медф, до колку работеше таа до Рептил у близина шо е, знае некој? Па и анатомија 2 ова да го направат катастрофа ќе биде... По толку материјал одеднаш да полагаме...
Глупости, изглеа гледаат професориве да си поминат полесно, им е гајле за нас. Воопшто не ни олеснија, баш напротив, не знам како ќе постигнеме, со оглед на тос што не е само хемија за полагање...
Абе не ми се верува општа и органска заедно, а анатомија имало шанси, ама пак се надевам дека ќе пуштат некое колоквиумче.
Шо е многу, многу е... Мислам дека не треба да прифатиме нешо вакво и да си бараме право да ни поделат на пола материјалот ама кој не прашува на крај краева нас... Како сакаат така прават...
Ќе треба може и да си кажеме, само тешко кој ќе нѐ чуе, се согласувам. Ама тоа дека анатомија во 1 ден можело да се заврши кога прочитав... А, хемија има и практично тест од практикум + за завршното три теми од биохемија кој дел го имаме само во форма на презентации(така бар сфатив).
Секако, што се 500страни, не 1 ден, за 1ч ќе ја одговориме цела книга. Не го праќале електронски тој дел, требало да си го купиме. @ElenaOfRivendell Да. Бар така да биде... Подобро ќе беше.
Тие 2та дела книги шо ги пратија општа (фактички 1 е таа де али дека посебно ја имаме, така реков), практикумот и делот органска хемија 4 испаѓаат.
Добро, да, не прерачунав така.Од толку неизвесност што и да прочитам на форумов/фејсбук одма паника ми ствара.
Во предлогот беше општа и практично делот тест, ама ние си мислиме да не ни го стават заедно да полагаме сѐ, заедно со органска завршниот.
Не верувам, општа сигурно ке ви го стават писмено ни они не можат да постигнат се усно, башка за усно вие може да си бирате коа сакате да полагате во зависност колкуу време ви треба да научите така да без паника ја си полагав на 18 јули
Пишале во група дека се во ист ден ќе било одеднаш или се писмено или се усно... А првично требаше да е ко ти што кажа, па сега сменија еве...
Реално, воопшто нема да ме чуди и тоа да се случи. Како шо кажав и претходно, професорите гледаат шо полесно и побезболно да поминат на сметка на студентите. Само криво ми е шо од ФСС играат по нивниот кеиф.
Имаат пишано, да спремаме општа и практикум, бидејќи ако не ги положиме нив, не би можеле да полагаме органска. Мислам ќе бидат поделени ама не знам, освен ако биде усно, па ако положиме да одиме директ на органска истиот ден.