Дали имате информации за некои други предмети како би ги полагале, т.е. официјално известување од некоја катедра, како ова за хемија? Бидејќи очигледно секоја катедра ќе одлучува индивидуално за начинот на полагање за нивните предмети. Искрено многу ме плаши фактот шо некои катедри барале само по еден рок да има.
И хемија не е официјално, туку најверојатно, нема да сме зачудени и друго да биде официјално. Им тргна и на деканат и на катедриве со првичните vs. крајните информации. Фактот со еден рок е крајно нрсериозен од страна на катедрите и тука се гледа нивната "соработка" со студентите.
Ја повеќе ќе бев изненадена да беше ситуацијава обратна од сега. Од старт знаев дека ќе е нешто вака. И со колешка дискутиравме као this is too good to be real ама ај ќе видиме. Баш и ме чудеше како се согласија со предлозите, па дури дискусија ќе имало за условите, за ова, за она, на момент си викам може згрешив впечаток, испаднаа добри, имале емпатија, уау. За утре немам големи очекувања, за да немам ни разочарувања. По ваше што мислите, ќе ни излезат бар 2% у пресрет или? Едит: ко она ќе се потрудиме максимално поени да имате од теорија и вежби поради ситуацијава и оп ХЕ2 сите најможни минимални од вежби. Сериозно има некој инфо зашо тоа го напраија, на страна од тие дополнителни активности и 1 поенче гратис? Нели ќе се бодуваа квизови ова она, а на листите поени имаа колеги што од октомври се отпишаа од факсов али уште фигурираат ко постоечки студенти на листите...
Чекај јас колку шо сфатив од табелана, ние ги добиваме тие максимум поени од предавања, а за вежбите веројатно ќе ги пресметува отпосле според активноста на Showbie. Засега е внесено се, освен тие квизовите. То поените гратис се од транскрипцијата и активноста во дискусии.
Убаво пиша @Yellow456, 3 поени имавме од предавања, 1 од транскрипција и 0,5/1 од дискусии. Од вежбите не се внесени, во колоната каде што пишува вежби 7 поени, немаме поени. Во барањето за максимум поени пишуваше, катедрите кои немаат никакви активности во врска со вежбите да дадат мах поени, тие што имаат нешто организирано како пример хисто по тоа ќе бодуваат.
Чекајте људи, ја со пеперутки цела, утре е решавачкото, координаторка ми рече па да не фати до среда или во текот на оваа недела, претпоставка е дека ќе доцнат со информацијата. Ме разочараа.
Ја пишав и погоре мора многу да настојувате, сами по себе они нема да ви помогнат верувајте. Сега мислам за претклиника зборите, зошто професорите на клиничките предмети се многу флексибилни во однос на датуми испити и слично, бидејќи секојдневно работат со пациенти зафатени се многу повеќе од овие на претклиника, но и пофлексибилни. Дозволуваат и полагање и 10-20 дена после сесија. Со овие другиве треба доста молење. Хемија што ја зборите не била проблем никогаш на студенти да не можат да фатат услов, башка и од таа катедра се повеќето "нон-шарлантни". Анатомија не знам што да ви кажам ако е Лазарова пак шеф ќе имате проблеми дури ептен не и се качите на глава, ма да слушнав од колешки дека проф. Живадиновиќ е шефица ако не се лажам така да имате шанси познавајќи ја неа како професор да издејстувате во ваша корист. Реткост е нејзината флексибилност на факултетов. Така да може ни 2% да не ви излезат у пресрет, може и да ви излезат. 90% се истиве професори и јас кога ги слушав предметиве, тој им е табиетот од вас и од залагањата на координаторите зависи. Качувајте им се на глава само тоа ви е спасот...
Да, Живадиновиќ е шеф сега. Лазарова не ја знам, пензионирана е сигурно. Многу е флексибилна Живадиновиќ, ја средина на февруари полагав анатомија кај неа иако рокот по распоред беше последно 4 февруари. Затоа и ја мислам дека кај неа би имале шанса ако се побара за некоја опција плус што ќе е у наша корист ама сепак тоа е работа на координаторите, тие имаат најголемо влијание и во наше име посредуваат, па како што викаш и ти зависи од нив сепак и колку се расположени професорите за истото...
Лазарова е во пензија фала богу инаку живадиновиќ на нас многу пати ни помогнала и коа баравме 2 рока и предсесија и такви чуда така да на неа се надевам дека ке помогне, никогаш не правела проблем ама пак за другите катедри не верувам
Искрено и мене ми се чини дека нема да излезат утре со решенија.Брзо им е. Ама ако више одлучат да одолговлечат, тогаш не може ни сесијата на 8ми да почне...
Би требало до крај на неделава да ни кажат, еве имуно ни рекоа до вторник да гласаме дали сакаме онлајн писмено или во амфи писмено така да очекувам и другите утре задутре да не известат
@MeckaCia ауу па тогаш немате и на што да се жалите од таа катедра искрено јас ја мислам уште е на факултетов. За Стратеска знам дека отиде, оваа помлада ми се чинеше. Немајте гајле штом е Живадиновиќ шеф побарајте и на убав и фин начин, ќе ви дозволи сигурно, барем јас така мислам.
Па искрено и не си ризикувајте online, затоа што на усно и практично ренде ќе ве напраат, ај тие од втора пак и пак, ама ако некој за во трета го оставил може проблем за услов да си напраи.. не знам ова колку е паметно да се гласа
Јас искрено гласав за полагање во амфи бидејки мислам дека ке биде каша попара онлајн да се полага конкретно за имуно во јануари на практично и усно се идеше ради реда воопшто не ги замараа едно прашање и чиао
Тоа е изгледа што успеаа да сменат некоја генерација после мене со жалбите до деканат што беа. Примерот кој погоре го посочив дека со упорност може речиси се да се добие. Е ние кога полагавме не беше едно прашање и ciao од 200 души положени писмено само 50 во сесија се стекнавме со право за оценка. И наредната сесија here we go again не го признаваа положениот тест, на ново си полагаа. Жално беше колку амбициозни колеги што ги знам од моја генерација па и постари некоја година, покрај се положено изгубија години на овој предмет. Се надевам дека не е сеуште така.
Да и јас ги слушав истите приказни ау бау беше со тој предмет и многу се зачудив секако позитивно бидејки сменето е навистина фала богу најнормални беа се надевам и ке бидат во јуни а и искрено се надевам дека и другите катедри ке почнат да ги менуваат работите на подобро
Здраво на сите Јас оваа година сум матурантка и би сакала да се запишам на мед на УКИМ, моето прашање е дали ми е потребен лаптоп за студиите?