Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    A nekoj da ne znae za 3g studii kako kje se polaga,nas voopsto ne ne ni spomnuvaat,zaludno cekame izgleda? Izvinete za latinicata.
     
  2. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    6.796
    Пол:
    Женски
    Се надевам и вие утре ќе сте известени.
    Навистина е срамота колку се запоставени тригодишните од сите комплет, како да не постојат.
     
    На BlackMistery му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Ако може да ме посоветтува некој од постарите колеги , или било кој што знае , сеедно.
    Значи колку што се сеќавам, картончињата за анатомија 1 ни ги дадоа на нас што немаме положено завршен и сега нели треба да ги носиме со нас за пак кога ќе го полагаме завршниот.Јас никако не можам да го најдам, и моментално сум малку во паника дали може ова да се среди ако отидам кај секретатката , пошто нели ги чуваат пријавите и сетоа тоа или ќе треба сите колоквиуми пак да ги полагам? :tmi::tmi:
    Ако знаете нешто кажете ве молам. :D
     
  4. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    6.796
    Пол:
    Женски
    Барај го картончето или оди кај секретарката, таа евентуално може да ти помогне. Пријавите не знам дали ги чуваат, се сомневам искрено.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.651
    Допаѓања:
    13.864
    Пол:
    Машки
    Пријавите ги носат во деканат, таму се чуваат во досиеата за секој студент посебно. Ако во пријавата ти биле заведени поените од колоквиумите супер, во спротивно ќе мораш да го најдиш картончето бидејќи нема да знаат ни колку поени си имала ни дека си полагала. Меѓутоа доколку си го паднала испитот во претходната сесија, мислам дека пријавата се поништува и не ја чуваат но, не ме земај за збор
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Дали во некоја катедра кај што имате двосеместрални предмети, воопшто не ви даваат право да го полагате предметот од летниот семестар, додека не го положиме зимскиот?
    И со тоа цела сесија немате пристап до полагање на тој предмет, а условен е.
    Навистина е безобразно ова, сите имаме право на тие колоквиуми да ги полагаме, испитот само требаше да не смееме, ич не очекував анатомија вака да направат, бар си мислев не се до толку.
    Крајно непрофесионално.
     
  7. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    ако мислиш на анатомија можеш да полагаш анатомија 1 у прв рок и анатомија 2 у втор барем така можеше
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Па не баш. Рекле дека не смееме да полагаме анатомија 2 дур целосно не положиме анатомија 1 зошто ќе се 3 полагања што ќе важат и за испит.
    Анатомија 1 нели имаме писмено полагање, па усно за колоквиум, па тек на крај испит. Со тоа имаме 2 рока цели у сесијата опфатени ние што имаме и колоквоум останат и фактички анатомија 1 ако пак нешто не положиме целосно не смееме анатомија 2 да полагаме.
    Ама и да положиме анатомија 1, вториот рок меѓу нив сигурно ќе е краток и колку ќе успееме да се фокусираме на тој предмет којзнае.
    Бар колоквиумите во нормални услови ќе смеевме да ги полагаме. Вака се ни останува.
     
  9. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Можеби анатомија ке направат се да полагате во 1 ден и колоквиуми и све што ви е останато мислам дека нем време и услови и за писмено и усно и чуда не знам ама консултирајте се со проф живадиновиќ, ке најде решение за да може да ги полагате во иста сесија а тоа дека не можете да пристапите кон полгање 2ка пред да расчистите со 1 целосно секогаш било така не верувам тоа дека ке го сменат
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Да, знам, но делот за колоквиуми смееше од анатомија 2, за тоа мислев, не за испитот. Вака целосно ниеден дел не ни дозволуваат да полагаме и мислам дека премногу е тоа. Не сме криви што настана ваква ситуација, ептен е оскудно вака.
    Затоа прашував дали во други катедри кај што слушате предмети два семестри имате некое слично известување од овој тип...
     
    На BlackMistery и Glowy им се допаѓа ова.
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.651
    Допаѓања:
    13.864
    Пол:
    Машки
    Наместо да помогнат и да бидат пофлексибилни, упорно професориве ни ја отежнуваат работата, се за со цел да одат на одмор. :x
     
    На Lollipop_123, Glowy и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.651
    Допаѓања:
    13.864
    Пол:
    Машки
    Мене искрено ме интересира вашиот став за утрешниот фамозен распоред. Апсурдно е да очекуваме да излезе распоред, шо ќе ни одговара на сите, а притоа ниту еден од нашите предлози не беше прифатени од деканатот и професорите. Сигурен сум дека сите важни(условни-за тие до трета) ќе бидат набапкани во една недела и повторно кавги и несогласувања.

    Инаку, добив инфо од сабајлешниот состанок со деканката, дека воопшто не биле заинтересирани за нашите предлози, имало причина или не, едноставно не сакале да ги прифатат.
     
    На *Amethyst*, evvgg_K, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    распоредот никогаш не знаеле да го направат дури и коа немаше корона и коа имаа по месец дена да го направат го правеа со 3 условни предмети еден по друг така да немам надеж дека ке биде некој добар распоред тоа го имам прифатено одамна, предлозите иначе штом се одбиени едно 20 пати до сеа ке бидат одбиени и уште 100 пати џабе што ФСС толку се трудат едноставно не сакаат да си ја пропуштат шансата професорите за одмор.... Така да дечки учете, не се нервирајте оваа ситуација на сите ни наштети, гледајте да положите колку можете па здравје има и август сепак се знае дека ние студентите за разлика од професорите 100% нема да имаме одмор така да ке си се посветиме на спремање испити:D
     
    На Peperutce1115, Glowy и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.651
    Допаѓања:
    13.864
    Пол:
    Машки
    Да, се согласувам со тебе, тоа така отсекогаш го правеле но, не значи дека така треба да биде или дека не може да биде поразлично. Впрочем затоа се формираше студентско собрание, се бираше студентски правобранител. Многу бев надежен откако успеаа да ги убедат да достават распоред за сесија барем 3 месеци порано и така треба да продолжат без страв и колебање бидејќи сепак, сите студенти стојат зад нив. Едноставно не смееме толку лесно да се откажеме и да кренеме раце од работава, бидејќи до ова дереџе сме ради професорите и тоа шо тие си се умислуваат дека се богови. На наредното рангирање на Шангајската листа не илјадито, последно место ќе бидеме.
     
    На evvgg_K, chocolateheart, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    да но мора да сфатиш дека и членовите на ФСС се само студенти... се трудат навистина милион состаноци,милион предлози и пак ги одбиваат, што друго им останува? Се борат колку што можат, сепак и тие полагаат и учат исто колку што и ние учиме и на нив не им одговара ништо од ова, ама освен целосен бунт од страна на медицински ништо друго не преостанува... Јас секако не велам дека треба да ја прифатиме ситуацијава како што е но на нашиов факултет реално пола аа можда и поише се докторски деца така да и да биде бунт секогаш ке има страна која ке се противи и поради која ништо нема да успее ....
     
    На Lollipop_123, *Amethyst*, Uniqo3 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.651
    Допаѓања:
    13.864
    Пол:
    Машки
    Секако дека тоа е така, јас никаде не го оспорив фактот дека тие се студенти и имаат обврски, меѓутоа на сите членови повеќе од јасно им беше во шо се впуштаат и колкава обврска е членството, сепак тоа беше доброволно од нивна страна. Јас не барам од нив да направат некои надчовечки напори, ниту пак да се воведат во некаква “опасност”. Едноставно сметам дека како студенти неопходно е да настојуваме и меѓусебно да се обединиме. Ме охрабрува фактот шо во последниве години, после долга стагнација, се направија некакви промени на факултетов и тоа е за огромна пофалба.
     
    На evvgg_K, Uniqo3, chocolateheart и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Анатомија додека студирав беше правило дека пред да положиш Анатомија 1 целосно не можеш да полагаш ЗАВРШЕН ТЕСТ(усно, писмено и практично) од Анатомија 2, а колоквиуми можеше. Истото важеше и за Микро1,2 Физио1,2, Патологија1,2, Патофиза1,2, Хисто1,2 ако испуштив некој не замерувајте поентата ми е дека секаде на секоја од овие катедри можеш да полагаш колоквиуми без 1 исчистен, но завршниот дел од било кој 1 ако не ти е расчистен не можеш да полагаш 2 односно да земеш оценка. Се надевам дека ме разбра што сакам да ти кажам.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    Да, да, знам за ова, но поради новата ситуација фактички ќе има само 3 колоквиуми усно и плус практично истовремено на органи и со тоа ќе си положен анатомија 2.
    Е затоа што ќе го сметале и за испит, ние што анатомија 1 не сме положиле целосно, немаме право да полагаме ништо од анатомија 2...
    Имаа ФСС предлог 3 колоквиуми да се усно и плус испит практичен, само испит ние да не смееме да полагаме, но не го прифатија ни тој предлог и тоа е...
     
    На ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  19. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Бог да чува и да брани се значи, барем еден нормален да имаше. Ова во ситуацијава како што гледам 2% не ве рецкаат финтата им е колку да се рече дека се организирала испитна сесија. Разбирам се ама да не сакаат ниту еден предлог на ФСС да прифатат е тоа не разбирам, ко да сакате гратис да ви ги пишат оценките на лепе очи така се понашаат како што читам. Вака ако е не пола туку 80% од студентите ќе заглават, ај сега ти си прва Анатомија колку толку се фаќа крај со крај, ама не знам што да кажам за погорните години еве трета на пример што се имаат доста обемни предмети кои реално да би се полагале целосно на испит каде е опфатена книга од 500-600страни не е шала. Патологија еве за пример ќе ја земам, не дека нема други, ама за жалење се стварно. Немаат ли деца дома да размислат како би им било ним во ваква ситуација. Бруки живи, џабе им докторати и се основни хумани вредности не поседуваат..
     
    На *Amethyst*, evvgg_K, chocolateheart и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    6.796
    Пол:
    Женски
    Е баш е вака. Предлозите на ФСС не беа некои претерани и нереални.
    И оваа информација за антомија ја кажуваат на 10 дена пред сесија. Букавлно учењето анатомија 2 паѓа во вода, ако не успееш да положиш анатомија 1, макар и практичниот да ти е останат само.
    Во најдобра опција треба во прв рок кецот да се положи, за во втор да почнеш двојка да чистиш. Не дека е невозможно, далеку од тоа. Ама барем да се кажеше со време, ќе знаеа да учат анатомија 1 најмногу, за да положат сега. Ова ептен не е фер, сите што ги знам планираа да полагаат колоквиуми од двојка.
     
    На Uniqo3, Dream-Girl, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.