Мене доста ми беше полабаво пак, далеку од тоа дека не прашуваше исто како за колоквиуми, ниту мене, ни другите 3 колешки со кои влегов. Не значи дека ако некој паднал, не било полабаво. За кај Папазова зборувам секако, не знам како било кај другите. Мене ми се падна предна регија на бут, и релативно малку ме праша за истата, иако можеше мнооогу повеќе. Исто така ни даде време и да размислиме и да ги разгледаме кадаверите па потоа не прашуваше. Баш коректна професорка, и фина беше многу,позитивна, доста опуштена атмосфера имаше.
И јас имам полагано Анатомија 1 кај проф.Папазова и жената е навистина коректна, не се плашете кај неа. Прашува доста општи работи и како што рече некоја од колешките претходно, толерира и грешки така да не би требало со неа да имате проблеми. Малце гледам дека ви е сменет начинот на полагање, но горе доле пак на крај излегувате на топографски дел на леш да полагате како крајно нешто. А и што кажа некоја од колешките дека проф.Лазарова и Стратеска се во пензија, стварно не гледам од кој друг би се плашеле на таа катедра. Асс.Чадиковска знаеше така малку да прашува измешани работи, имам колоквиум полагано кај неа, но сепак беше коректна. Е да она е малку поригорозна за поени во однос на Папазова, Јулија, Ники итн. Сега и асс.Зафирова сигурно е професор. Е кај неа зависи каков и е денот, па после колку си научил. Некогаш ќе се случеше да положи се живо и диво, некогаш и за ситници има паѓано колеги.
Не знам дали веќе сте пишувале за ова, ама гледам спорт во iknow стои како опција да го внесеме за пријавување предмети за испитна, е сега дали тоа треба или не со оглед на тоа што имаме потписи?
Пишаа во генерациска дека не треба. Тоа така ќе стои долго изгледа, не верувам некој да внесува за него нешто.
Многу е рандом прашањево но, мојата група до сега не се погодило да полагаме кај Зафирова. За таа професорка иако прекрасно предава сите имаат поделени мислења. Дали некој што полагал кај Зафирова може да сподели искуство бидејќи сепак голема е веројатноста овој пат како група кај неа да сме, бидејќи никогаш до сега не сме биле.
Ако може некои од постарите колешки да сподели искуства за полагањето патофиза 1 и во случај ако се сеќава на некое есејско прашање од колоквиумите
Професорката е океј си бара знаење,коректна со исклучок на некои моменти,си има свои принципи никогаш не требе да ја прекинуваш додека збори
Јас имам полагано колоквиум Анатомија 2 кај неа, не знам торакс или абдомен беше не е битно. Пишав баш во постот погоре, поделеното мислење е поради тоа што е променлива на расположение. Кога полагав беше премногу смирена и сталожена, ептен коректна со сите кои полагавме. Сега ние полагавме колоквиуми кои носеа мах.10 поени, потоа полагавме писмен тест, па кој положил оди на усно и практично. Тоа значи мал материјал беше за колоквиумот, прашуваше конкретни прашања од типот делови на орган да кажеш кои се, инервација памтам поготово ја интересираше, кој дел од што е инервиран. Ние пак ќе кажам супер поминавме сите, така да немам лошо мислење за професоркава, со оглед на тоа дека беше нешто како асс/ научен соработник кога слушав Анатомија, не испрашуваше на завршен (усно и на леш), за тоа некоја од помладите колешки би можела да ти помогне.
Не може никој да ти каже конкретно бидејки е променлива зависи како е расположена..Кога полагав анатомија2 завршен кај неа прво практично испобута пола од студентите за ништо буквално, се дереше на сите и тие што ги пушти ги пушти на условно или со минимум, а после пак коа полагав усно беше душичка значи што да ти кажам поише збореше за неа и нејзиниот живот отколку што не испрашуваше 1 саат не испрашуваше 2 збореше за неа се смееше и ми стави максимум бодови ама ради нејзиното расположение на практично ми скрати цела оценка така да ако ја фатите коа нема испиено кафе тешко вас а ако ја фатите у добрите па сите ке си положите со 10ки
Викаат дека до расположението било кај неа, jaс лично поминав супер. За глава полагав кај неа, доста беше коректна кон мене, и кон колегите кои полагаа со мене, ако нешто не ми текнуваше, се обидуваше да ме насочи на тоа за да се сетам, со асоцијации и сл. Реално, многу фер се однесуваше кон мене, ми даде шанса да се искажам, и ме испрашуваше со конкретни прашања, не да и раскажувам на долго и на широко. Не знам дали беше до расположение, со оглед на тоа што јас и колегите кои заедно бевме во канцелaрија положивме, а на списокот од групата која полагаше пред нас, видов дека скоро сите беа паднати, а и после нас паднаа многу, и тоа паднаа колеги за кои знам дека стварно учат и се трудат. Изгледа и зависи од mood swings, многу имаат различни искуства со професорката.
Пишаа дека биле испратени до деканат. Најважно е дека конечно имаме резултати хаха , за iknow ќе почекаме.
Dali znae nekoj od kaj treba da se spremaat ispitite za promocija, etika i prva pomos? Dali po genetika se pagjaat istite prasanja?
Здраво, сакам да ве прашам од овој дел анатомија 1 дали прашуваат, бидејќи мене ми е ист како делот за дејство на мускулите ?
Имало промена околу научни соработници да не може да не испрашуваат на прв циклус студии? Значи сега само на усно кај професори може да се полага, асистентите веќе само вежби држат?