Не. Во формуларот може да се запишеме и сите шо планираме да полагаме анатомија 2 у јунска ако положиме анатомија 1. Само у табелата треба да се запишат тие што имаат веќе положена анатомија 1, зашо тие сигурно ќе полагаат. Ние останатите зависи дали ќе положиме анатомија 1.
Здраво колешки дали може некоја што знае материјалот микро 1 што опфака за двата колоквиуми без завршен?
Гледајте Анатомија 1,2 да положите затоа што без нив многу се глави. Моја школска воедно и колешка дури сега запиша 4та од што прво изгуби година со Анатомија 2(и тоа не го презапиша туку не успеа да го положи до септември, во јануари го заврши ама автоматски и завлече многу предмети), после и со Имунологија имаше проблеми 2 години и завлече, но ете на крај со упорност се ќе се успее. Зборот ми беше макар и 2-3 да ви останат од прва за втора не е страшно само гледајте да не се условни. Прво тоа полагајте макар и 2 предмета што ви се услов да ги пријавите во сесија и само тие да ги спремите перфектно и да ги положите не е проблем. Секогаш фокусирајте се на нив прво, еве како Анатомија 2 што е или Патолофиза1 и Микро1 што влечат од семестар за семестар, после се друго.
Не секирај само пријави и анстомија 2 фокусирај се на двете анатомии,и немора цела анатомија 2 да ја положиш потруди се барем еден дел и без паника во мојата генерација лани многу ги полагавме двете анатомии во јунска а имаше студенти кои и двете ги положија во септември и не се секирај што е цела книга и ние иако имаве положени колоквиуми анатомија 2 не ни беа во корист бидејки секако го миневме целиот материјал.
Прва помош како биле лани полагањата, какво искуство имате со предметов? Зборев со една колешка од 2ра ми вика прашањата биле лани ужас, немало ништо од презентациите, паднала, со нас па ќе полагала. Вистина е вака општ хаос со предметов? Видов книга извадиле годинава али покрај толку предмети и прва помош да спремам со 150-200стр тешко изводливо. Има шанси со учење од презентации и тоа шо ни праќаа онлајн нешо кратко да се положи?
прва помош има прашања со нив сеположува ама со ниска оценка јас учев и од презентации и од книга од угд што ја најдов на нет бидејки лани немаа нашиве книга и си добив висока оценка прашањата се на заокружување и не се тешки мислам дека секој кој имал некаков допир со медицина може да ги реши така и книгата можеш да си ја завршиш за еден ден воопшто не е хаос само не се учи само од презентации можебби и стварно немаше ништо од презентации не памтам ама од сите предмети на медицински мислам дека баш за прва помош не треба толку замарање интересно е и се памти одма ама секој има различно искуство
Дали може некој да ми каже како полагавте практично анатомија 1 во јануари? И дали на колоквиуми прашуваат за коски на лице?
Зависи кај кој професор си, влечеп две регии, една за рака, една за нога. Ти даваат време да разгледаш на леш и започнуваш со одговарање и покажување. Може нешто проф да те потпраша во однос на регијата или да ти посочи да покажеш нешто на леш или проф да избере елемент, а ти да кажеш што е. Да, на лице ги бараат коските, максила, мандибула може да те прашаат.
nekoj od postarite kolegi ke go zamolam da me informira hemija opsht del i prakticno dali ima prashanja vo knizarnica i dali se pagaat? vi blagodaram odnapred
етика прашањата се општа култура ништо немаше лани ни од книга ни од презентации, ја бев единствената што ја имаше читано книгата и дали 1 прашање беше од книга све друго општа култура
Прва година сум, така што не знам да ти одговорам. За прва помош, ќе ја цитирам колешката, зашто погоре беше одговорено прашањето.
Јас кога бев прва по старата програма имавме Болничко згрижување најверојатно тоа сега ви го прекрстиле во прва помош, но не памтам како беше со полагање знам требаше да реализираме дел од активностите за да добиеме потпис,а веројатно со тоа и оценка сме добивале. Не памтам да сум полагала тоа, а промоција се вртат 100 години исти прашања, јас книга не знам дали постои или не искрено, а како што памтам кај 90% од колегите вклучувајќи се и себе оценките ни беа препишани да не речам исти со оние од Вовед во медицина зошто иста катедра ако не се лажам ги држи предметите. Најди ги прашањата во некоја од копирниците секако се положува со нив, е не знам усно после како ви оди кај нас и тоа писмено беше ти даваа 2-3 есејски да напишеш, ама како што памтам и тие ги имаше кои се паѓале во комплет со оние другите што се за колоквиум.
Постои книга да. Истиот начин на полагање е, ништо не е сменето. За вовед се положи со прашања, но сега промоција ни е онлајн, па така може да има измени.