ако некому му се наоѓаат слики од кадаверите на инситутот наш, би замолила да ми прати.(за анат 1) фала многу <3
На УГД дали може да запишеш 6 година, ако имаш презапишано предмет од 5 година? Или треба да немаш предмети за слушање за да може да бидеш 6година?
Леле да. Се нервирам 15минути веќе. Сите планови ми ги расипаа. Битно они не отстапуваат од физичко полагање и така само ќе си одложуваме цело лето...
Све ми се поремети. Барем нека ја поместеја цела сесија за една недела. Сега тоа што требаше прво да го полагам излезе последно. Ок, надежно дека барем два предмети ќе успееме да положиме.
Циркузи! Се ми се натрупа сега во втор рок(Јули) и ко ќе видам сесијата ќе ми трае 2 недели. Се надевам дека ќе има можност повторно да се пријавиме на списоците, бидејќи ми се расипаа многу планови.
В р и ј а м! А кој му гарантира дека за 1 недела нема да го има вирусот бе? Ако е полошо, пак да очекуваме да одложат? Ќе одлагаме до септември и на крај во 2 недели ќе полагаме.....а ништо чудно и во еден ден два три испита.... ако одиме според тоа "паааа имавте време да научите"
Наместо да одлагаат нека почнат со онлајн испрашување и онака немаме доктори, на крај ќе нема кој да не лекува.
Колку појше одложуваат, толку повеќе нервоза ме фаќа за полагањава. Не ми се верува дека и покрај се онлајн не прифаќаат и крај.
Не знам, мене ми е океј и вака распоредот, сеедно ми е. Кај нас прва година нема огромна промена, само во првата недела има замена.
Како шо рече @Dream-Girl , никако не им се отстапува од онлајн полагање. Еве клиничка биохемија, требаше понеделник да полагам, го одложиле за 26 јуни!
Туку околу полагањата анатомија 1, на некои колеги што паднале на испитот у јануари им рекле во јунска ќе сте па кај мене, ќе биде тогаш, ќе ве пуштам, тоа шо ви фали доучете. Дали има таква шанса да сме кај истите шо сме биле у јануари? Или па професорите сами ќе ги одберат по 2 пат или така им рекле само? Стварно не ми е јасно како определуваат кај кој ќе сме, нема ниту влечење ни ништо...
Така сите зборуваа и за паднатите колоквиуми и тогаш професорите викаа се гледаме јануари, па испадна по случаен избор да си кај професорот, може, но не мора да си кај ист. Само муабети се шират и потоа ништо не е точно.
Јас памтам дека имаше до толку слободни колеги кои се местеа кај секретарката, знам дури на некои им беше дозволено таму каде што барале. А инаку по групи оди распоредувањето и е најчесто пример A1,7,9.. полагаат кај тој професор, Б-19,23.. кај тој итн, зошто памтам дека било да е колоквиум или завршен усен/практичен сите од група сме полагале кај ист проф/ асистент, зборам за јануарска сесија и колоквиумски недели, после за јуни тоа што ќе остане кој ќе оди кај секретарка да се мести, кој рандом, кој ќе си најде врски. Така да за јунска и августовска мислам рандом биле отсекогаш. Барем Анатомија 3 знам дека полагав јуни, бевме измешани, а колеги во јануари од моја група беа кај ист професор.
Веќе не е така сега и во јануарската и јуни и август се влечат професори рандом и кој кај кого падне не е по групи
Не бевме сега кај ист професор. Немаше ни влечење оваа година @MeckaCia. Од моја група само ја и едно девојче бевме кај ист, сите други различно беа. За колоквиуми само бевме по групи. Се надевам ќе не поделат океј.