Па ако има многу студенти или влечат или кој ти го прегледува тестот кај него си а сеа пошо неаме писмено мислам дека пак ке влечат ко лани координаторите
За колоквиумите бевме кај ист професор цела група сигурно. Е за испит не се сеќавам дали бевме цела група кај ист професор. Знам дека на списоци бевме со број на индекс кај кој професор бевме, ама дали од иста група сите бевме кај ист не паметам.
Не немало тоа. Значи пример јас бев Б24 и на тестот завршен ќе си напишеш пример име презиме и број на индекс и група пишуваш. Е после тоа мислам по групи ги делеа на професорите да ги прегледуваат и тој кој ти го прегледал завршниот тој ќе те испрашува и на практично и усно. И секогаш од неколку групи тие што сме положиле бевме кај ист професор. Барем точно памтам за јануари така беше со тие од група кај ист имаме полагано.
Едит: ама како што велиш дека сега не се полага ништо писмено пред да одиш на усно, тогаш можно е рандом се да е така, но ова што јас ти го кажав со години беше така
Дали знае некој колку страни е делот биохемија што треба да го учиме сега за испит медицинска хемија и како да дојдеме до тие материјали?
Ја го земав у копирницата карши Рептил. Околу 100тина страници е ама со тоа шо пишаа конкретно дека треба да се учи и помалку искача.
Има и измени во полагањето @Uniqo3, комплет имаат сменето анатомите. За колоквиуми бевме по групи и не зависеше чиј елиминаторен тест имаш. За паднатите колоквиуми распределбата беше рандом по индекси исто без разлика на тестот. И за завршниот распределбата беше рандом по индекси. Така што и сега ќе е рандом и за кец и за двојка, па и за тројка веројатно, годинава немаше никакво влечење.
Во генерациската група на teams сабајлево објавиле насоки за писмено и усно полагање онлајн. Изгледа навистина се прават напори, полагањето да биде онлајн.
Тоа повеќе е за предметите кои се веќе закажани онлајн, а за другите ќе видиме, просто се сомневам, сите што сакаа да направат нешто онлајн, досега ќе направеа, ама еве им оставаме простор.
Ќе направат за да не се стават и они у ризик. Ради нив де, не дека за нас им е гајле. И онака у просек вработен професор на наш факс е 55години, во ризик се.
Професорот е прекоректен, бара знаење и логичко поврзување на работите. И да се збуниш ти помага, те потпрашува. Прашањата сам си ги влечеш, е сега ако е онлајн не знам како би било. Со среќа
Јас микро 1 полагав кај него. Полагањето повеќе е како дискусија треба и теоретски да го знаеш одговорот, но го интересира и твое видување како размислуваш на поственото прашање. Генерално добро искуство имам со него, памтам дека даваше на негова иницијатива и по две шанси за усно, ако не си доволно спремен првиот пат да полагаш вториот кога ќе доучиш.
@Uniqo3 можиш да споделиш искуство за испитот по Интерна? Дали има флексибилност со термините за полагање, т.е. можност за договор со професорот, дали навлегуваат многу во детали(на пр. за ЕКГ) и дали тупат со прашања надвор од нивната гранка? За крај, според тебе, која гранка сметаш дека е најдобро да ми се падне, а која е најпроблематична за полагање?
Флексибилност секако постои, но зависи и од тоа кај кој професор ќе се паднеш, пошто нели е интерна милион се таму. Во зависност од тоа и знаеш која гранка ќе ти биде. Како предмет искрено ми беше доста интересен, најтешко ми беше уринарен, што знам можеби и најнесфатливо не знам зошто. Ми се падна на испит за кардиоваскуларен. Мислам дека е и еден од најбитните предмети, не дека ги потценувам другите, но доста е важен, затоа искрено учи колку што можеш подетално. ЕКГ ако ти е за кардио е неизбежно секако,особено на практичниот дел со анамнезите од пациент кај што речиси се од теорија треба да поврзеш. Усно конкретно не памтам што прашања се вртеа.Тука се буквално се си треба симптоми, клиничка слика, дијагноза да се знае и да се поврзува едно со друго. Во однос на практичниот на ЕКГто буквално ме прашуваа се живо и диво, за секоја елевација и депресија точно каде се локализира. Тоа памтам дека за субдендокардна исхемија ми беше. Добри 20 минути го објаснував ЕКГ-то. Знам дека колеги најлесно поминуваа на ендокринологија, ако памтам добро.
Не сум означената членка, ама мислење плус Со оглед на ситуацијава, како ќе полагате сега? Кога јас полагав, се одеше кај секретарката, таму беше шефицата на катедра, пред неа се влечеше ливче со број, шефицата ти кажува кај кој професор си се паднал, ти дава бодовен лист и веднаш одиш да го побараш на оддел професорот за да се договорите за термин за одржување на испитот кој на двајцата ви одговара. Околу една недела даваа сите, колку што помнам. Јас и ургентна медицина се паднав да полагам на интерна клиника. А и ургентна и интерна испитите ги полагав на кардиологија, само кај две различни професорки. Во глобала, испитот (како се одвива и што сè те прашуваат) зависи од самиот професор, но сите даваат пациент, да земеш анамнеза и комплетен статус, и потоа се враќаш во канцеларија (или амбуланта, каде и да е тој ден професорот), и прво го презентираш случајот, па потоа поставуваат и други прашања, и од нивниот, и од други оддели. Колку што се сеќавам, единствено не прашуваат од токсикологија - освен ако не се паднеш кај професор од тој оддел. Мој совет ти е да не се паничиш унапред, реално зависи кај кого ќе се паднеш, и дури тоа не го знаеш не можеш да собираш општи искуства зошто се тон професори. Кога ќе дознаеш, оди да договориш термин и искористи ја таа шанса да се распрашаш околу тоа на кој дел од материјалот да обрнеш повеќе внимание, да те насочат самите професори. И мене унапред ме паничеа дека кардиологија е еден од најтешките оддели (и реално е тешко, кардиологијата сама по себе а и читањето ЕКГ), и дека професорите се Бог знае колку лоши (што нема врска), па на крај на двете полагања, кај двете професорки пројдов крајно опуштено, и ми беа едни од најубавите испити во сите шест години. Со среќа
Фала ти премногу! Значи сепак бараат доста детали... Нема врска, не бев сигурен кои од вас се поголеми од мене... Фала ти премногу за деталниот опис! Инаку, во однос на полагањето сеуште не се знае, до вторник треба деканатот да одлучи дали сите предмети ќе се полагаат онлајн. Други подетални информации во однос на Интерна нема, освен тоа дека понеделник треба да оставиме пријава за испит. Според мене, постои шанса оваа година да немаме контакт со пациент, колку шо е можно побрзо да се помине, ама сепак не се знае, во последен момент се менуваат работите.