И јас да ти споделам искуство. Јас полагав на пулмологија. Пациент имав со белодробен карцином (недијагностициран). На усно ме праша професорката што мислам дека му е на пациентот, според симптомите што ги има, затоа што испитувањата уште не му беа завршени и немав пристап до нив. Пациентот беше примен истиот ден. Реферирав анамнеза и статус, па после имавме уште неколку прашања плус на усно, со колегата со кој полагав. Не испраша професорката буквално од секоја тема. Се сеќавам на некои од прашањата па ќе ти ги пишам, може ќе ти се најдат: акутен панкреатит, плеврални изливи, ГИХТ и ревматоиден артрит, миокарден инфаркт, нефротичен и нефритичен синдром, дијабет и компликации, ХОББ и Астма, пневмонија, рефлукс и ахалазија, сидеропенична анемија и корозивни труења и антидот на бензодијазепини, опијати и труење со СО. За некои прашања дијагноза, за некој третман, за некој симптоми. Се беше коректно, бараше логично поврзување на настаните и нештата. Мене тоа ми беше најинтересниот предмет од цела медицина. Инаку за детали, стварно зависи од професор до професор. Мојата професорка, бараше знаење, ама не тупеше многу со ситници. Good luck
Да сум заборавила тоа да пишам, кај секретарката ќе имаш да влечеш ливче сега не памтам дали број имаше на него или пишуваше оддел и под него име на професор.
Фала премногу, за деталните информации! Доста ми се разјасни во однос на тоа како оди полагањето, единствено сега се чека од деканат да образложат како би се одвивало ако планираат да го стават онлајн.
@Waverly Raven со оглед на тоа што уште немате информации за начинот на полагање, па реално може да очекувате било што, би ти рекла да се фокусираш на покрупните работи од сите теми. Да бидеме реални, не дека има нешто што е небитно, ама како ќе учиш ќе ти се разјаснуваат нештата и ќе почнеш да ги поврзуваш работите, и болестите од еден систем меѓусебе, а и болести од различни системи. Пример, ако знаеш ХОББ ќе знаеш да поврзеш десносрцева слабост, па ќе ти текне дека кај неа може да има едеми на долни екстремитети кои исто може да се видат при АБИ, и сл. Убаво е напишана (иако обемна) онаа хрватската книга, скроз го изумив авторот, а уз пат можеш да гледаш видеа и од каналот Osmosis, некои ги имаат на youtube, а имаат и сопствен вебсајт со free trial период - одлично им се конципирани, со табели, цртежи, објаснување од етиопатогенеза, преку клиничка слика, до дијагноза и терапија. Мене ми беше од исклучителна помош и олеснување кога учев. Како некои покрупни ствари на кои би требало да обрнеш внимание (а преку кои ќе научиш голем дел) би ти ги навела: ЕКГ, АМИ, КМП, атеросклероза, срцеви мани, хипертензија, аритмии, лево и десносрцева слабост, астма, пневмонии, ХОББ, плеврит, АБИ, ХБИ, нефротичен и нефритичен синдром, нефролитијаза, анемии, леукемии, лимфоми, дијабет, Адисон, Кушинг, СЛЕ, реуматоиден артрит, цироза, хепатит, панкреатит, улкус, Крон, улцерозен колит, КРК, тумори (од сите системи), итн. Уште еднаш, среќно
@MagsDestiny Mihic е хрватската книга. @Waverly Raven повели линк, мислам дека тука може да ја даунлоадираш. https://www.slideshare.net/mobile/martinpejic1/skripta-prema-vrhovcu-mihic-600-str
Да, доста поедноставно ми е и кога гледам видеа, ги имам спуштено преку торент видеата на Osmosis и Kaplan шо се за USMLEs. Инаку комбинирано учам од 2 книги, хрватската- Михич и Серафимовски. Фала ти уште еднаш! Да да, таа е, од Михич. Ја имам и во електронска и во печатена форма. Сепак, фала ти.
И англиската од Harrison може да ти помогне многу, само што таа е многу обемна јас ја имав од еден постар колега, не знам дали online ја има.
Само определени поглавја или делови ги учам од таму, инаку во главно од оваа хрватскава. Харисон е навистина добра книга но, според мене, многу обемна за учење на предметов. Јас би ја користел за да извлечам некои дополнителни информации, доколку ме интересира нешто повеќе.
Да да тоа ми беше зборот, со цел да ти се разјасни нешто не секако од неа да спремаш испит. Сега не знам вака со прекинов сте у голем минус претпоставувам 4та си, така да и Интерна, но и Хирургија навистина без вежби е како програмер да земе на лист да напише програма. Знам дека во Мк е лоша ситуацијата и тоа многу, овде се среди во Словенија. Барајте барем август,септември некако дел од тие вежби да ви се надокнадат. Особено Интерна мене ми беа и интересни и некако многу добри асистенти и доктори-професори имаше кои беа посветени, па останувавме со колеги и ван работно време што се вика после вежбите од што ни беше интересно особено Ревматологија и Ендокринологија кога одевме. И да многу помагаат и за полагање, секако мала е веројатноста ист случај на пациент да имаш и на вежби и на полагање. Но начинот на поставување на дијагозата и земање анамнеза се многу добро искуство кои правејќи ги на вежби, се навикнуваш веќе на испит е друго. Вака те разбирам имаш и трема не знаете и вие што како. Но, ајде барем прв семестар сте имале интерна вежби колку толку ако не ви смениле нешто во програма. Знам 7 и 8 семестар се слушаше предметот.
Од овој семестар, речиси сите вежби ни пропаднаа. На почетокот бевме на неколку од вежбите по Кардиологија и Хирургија и дали една до две вежби по Гинекологија, толку. Онлајн вежби, многу малку се одржаа, и всушност беа од типот предавања од презентации, безвеза! Ама тоа е, искрено се надевам дека професорите и тоа ќе го земат во предвид при полагањето, а воедно ќе направат напори барем да ни се надохнади дел од изгубеното.
@Uniqo3 @MagsDestiny @Peperutce1115 Знам дека малце е лично прашањево ама какви оценки ви пишаа Интерна? Прашувам гледам ептен добро сте биле спремни по Интерна, а ми имаат кажувано дека некои професори имале практика да пишуваат само 6ки без разлика колку и да си бил спремен.Вистина ли е тоа?
Не е вистина. Вистина е дека има професори кои бараат повеќе ситници од други, но никој нема да ти пише 6 ако имаш научено. Јас лично имам 10.
Реално зависи кај полагаш. Има такви кои што си бараат повеќе, ама во главно се коректни. 10 имам и јас.
Јас со 9ка поминав Интерна и како што кажаа и колешкиве многу зависи и кај кој полагаш. Но еве лично искуство и за интерна и за сите останати клинички предмети, немам почувствувано толку неправди или пак трема како на претклиничките не знам зошто. Некако професорите и асистентите на клиника се многу пофлексибилни и поспремни да ти објаснат, но бидејќи се и со големи обврски често се и недостапни да ги најдеш. Сепак не се лоши во глобала мое мислење.
Би требало да работат, денес имаше студенти во деканатот но, не знам дали се уште е со најава или не...
Не сум полагал се уште но, имавме пробен тест Онкологија. Тестот беше достапен на Microsoft forms, се отвори во 17ч и траеше до 17.30. Имаше некои рандом прашања, колку да се види дали системот функционира и дали организаторот ги добива испратените тестови. Е сега, шо ми беше малце чудно, професоркава, не даде никакви упатсва за вклучување камера и микрофон во текот на полагањето, иако истовремено одеше meeting на Microsoft teams, на сите им беа исклучени камерата и микрофонот... Ваљда поразлично би било тоа при самото полагање.