Јас следна недела 2 испити имам и 2та онлајн се и уште сега ме фаќа трема како ќе биде, не знам што да очекувам. Мислам од 2ра нешто денеска полагаа, па може да каже некој ако полагал нешто, дали време имаше доволно, дали беше со камера или без, на која платформа беше и дали сте задоволни од полагањето или во амфи е подобро? Утре имам и ја пробен тест од 5мин колку да се види дали може да се вклучиме.
Мене ми е страв да не ми речат да вртам лаптоп. Лаптопот без кабел не ми функционира и ако малку го мрднам, ќе се исклучи. А полагам писмено, есејски прашања и нема да ми биде лесно да куцам на телефон
Сериозно со есејски прашања ќе се полага онлајн? Јас тие шо ги полагам онлајн, се само на заокружување. Колку ќе трае испитот?
@Waverly Raven ја разбрав нешто дека без камера ќе полагаме, само ограниченото време ќе биде заштита од препишување. И реално по 15мин дале за тест (кај нас така кажаа), за тоа време не може да се вклучи чоек, не па задачи да препише... Ако ме гледаат на камера, погрдо ќе ми е, некако срам ќе ми е, како изгледам дур решавам. Може и screen share нешто да побараат штознам. Некаде и камера ваљда. На други факсови ко шо веќе прашав кај шо полагаа без камера им било писменото. И имале рок до тогаш и тогаш да завршат и толку. Кратко време имале, немале време ни да прочитаат убаво прашањето, не па да листаат книги... Иначе и кај нас ќе има со есејски онлајн. Ама тој испит ќе ми е во јули изгледа.
Тоа малку ме плаши, околу времето на решавање. Многу паника ме фаќа од кратко време, треба буквално да го пееш материјалот или да си гледал прашања па да можеш одма од око да ги одговараш.
Колку ќе трае испитот? По онкологија испитов, има 32 прашања на заокружување и претпоставувам ќе трае околу 30мин.
Вовед ќе полагаш така? Дека тоа мислам прво беше и единствено е неделава и есејски прашањата таму ќе се? Значи слично и за промоција би било т.е сигурно ќе биде така. Добро е, супер време е за пишување тоа и во амфи во јануарска толку ни дадоа. Ви кажаа колку прашања ќе имате? 2-3?
Да да. Ни кажаа дека ќе било по ист принцип како зимата, па веројатно ќе биде и со толку прашања. Есејски ќе биле. И ќе треба пред почеток на испитот,на камера да се идентификуваме со индекс, ќе не читале, така нешто, па потоа откако ќе не прочитаат ќе сме можеле да пристапиме на испитот.
Пишуваше дека начинот на полагање останува ист, познат ни бил од јануарска. Инаку некој од втора година нека сподели искуство тие полагаа нешто денес.
полагав јас онлине вчера а и у петок треба да полаагам искрено многу малку врреме дадоа немаше камера ни нишо само го отвараш тестот решаваш кај нас беше на заокружување малку хаос пошо немаш време да размислиш на микрософт теамс полагавме се уклучуваш у точно време решаваш тест зависи колку е сеа вчера имаше проблем тестот требаше да заврши во 10 и 45 во 10 и 43 тие што сакаа да го предадат не им дозволуваше бидејки било мн касно после се жалевме и ни дозволија уште 2 мин да ги предадеме тестовите.. не е лошо ова реално немаш време да препишуваш немаш време ни да размислиш ко шо треба ама па за 40 и кусур прашања ја би дала бар саат време
Ви стигна меил околу физичкото полагање? Значи си остануваат предметите што сакаа да се со физичко полагање според ова ја така сфаќам...
И јас така го сфатив мејлот, дека сепак нема дополнителни промени во полагањето. Скопје секој ден по околу 100 новозаразени, ама ситуацијата е под контрола и заразените се од познати кластери!!11! Кога и факултетите наскоро ќе станат кластери, тогаш ќе му ја мислиме.