Во четврток, така? Ако не заборавиш пиши искуство како ќе поминеш, колку време ќе ви дадат, колку прашања. Јас во петок полагам. Со среќа!
И јас сум тек во јули, @ElenaOfRivendell е во четврток вовед. Знам дека на пробниот денес имале 2 прашања, есејски.
Дечки хемија за практичното цел практикум ли треба? Ми рекоја дека се учел брзо ама требало повеќе време.. Нема ли нешто прашања? Инаку и јас вовед полагам петок. Ќе ви пишам.
Цел практикум, освен кај јаглегидрати, таму треба само за моносахариди. Зошто во петок вовед, по распоред е четврток или измена има нешто? Инаку @chocolateheart, не напоменав јас дека јули сум, моја грешка, еве и @Yellow456 ќе полага деновиве.
Да да. Дали знаеш дали ќе бидат три прашања или едно? Не знам дали го виде пробниот тест....ама не капирам, ќе треба цела лекција да раскажуваме или нешто конкретно?
Јас полагав денес микро усно онлајн. Немаше некоја драстична разлика меѓу ова и физичките полагања, дури и некако порелаксирано беше од дома, но секако зависи и од професорот. Едино би ви препорачала во однос на камерата и микрофонот да си ги пробате пред тоа, мене не ми текна и денес сфатив дека не ми работи микрофонот од слушалките па морав да сум залепена до лаптоп и буквално да викам дур зборам за да се слушам добро, што значи многу лош кадар фаќаше камерата од лаптопот Ама јас не сум јас ако некако не се избрукам тогаш кога најмалку треба
Како се осеќам кога отворам нотификација од фсс Туку мислите вака исто ко пробниот без камера и со слични/исти прашања ќе биде хемија следна недела? Не беше премногу тежок тестот, се надевам вака ќе е исто.
Па мислам да, ќе биде на ова ниво, ама претпоставувам дека би ни побарале камера за да не идентификуваат?