Штознам, кој би решавал место нас Уствари можно е ама да не речат нека остане цело време уклучена, е тек тогаш трема и стрес на најјако.
Ако ги оставиме уклучени мене ќе ми биде глупо да решавам кога знам дека ме гледаат...знам дека нема смисла ова Сепак, сосема беше во ред ова, нивото на прашањата не беше претешко, ама кратко дефинитивно, барем 20-25 мин да дадат. А знаете ли дали ќе ни дадат резултати од ова што го правевме, чисто онака да си видиме?
Еве сега пишала професорката веќе ги пратила на координаторот. И мене за тоа ќе ми е, некако ко да ме надгледуваат и трема ќе ме фати.
@Peperutce1115 ќе може да ми пратиш ЛП, за да те прашам нешто? Не можам јас за започнам разговор со тебе, затоа.
Здраво. Сакам совет дали е попаметно јули да полагам торакс и абдомен а карлица и физиологија (на клетка) септември или торакс и физиологија јули а абдомен и карлица септември некако од една страна ако оставам две теми анатомија за септемви можам да се зезнам ако ми се погоди лош професор.. од друга страна и физиологија многу заглавувале па барем ем да ја расчистам ем некако предмет помалку.. сепак не можам сама да одлучам некој што минал низ сите овие предети мислам попаметно ќе процени.. Фала и со среќа испитна (И да напоменам дека покрај овие имам плус еден предмет што не е условен ама сакам да го полагам септември така да прилично сум заглавена хаха)
а зошто не ги полагаш сите 3 теми анатомија сега? кога веке си тргнала да полагаш зошто да не пробаш се, мислам дека дури и нешо да не знаеш од толку прашања пак ке попуштаат инаку и физиологија многу паѓаа лани така да ни едниот ни другиот не ти е сигурно сепак некако сметам дека анатомија ако седнеш и научиш нема да имаш проблем па ако веке сакаш остај за август анатомија сепак имаш доста време да се спремиш а на усно ако знаеш не може да те бутне и да сака коа имаш знаење...Лани бидејки имаше дебакл у јануари со анатомија 1 со 90% паднати сите си полагаа целосно кец у јуни и целосно двојка у август и супер поминаа, ако си го научиш како што треба анатомија се сосем коректни а не можам истото да го кажам за физиологија бидејки и таму имаше дебакл коа после тестот професорите си отидоа на одмор и децата на увид не ги примаа бидејки проф не беа тука и си паднаа иако имаа пропусти, неоценети прашања итн...
Ако збориш за Анатомија 2 ако убаво те протолкував мислам дека е најпаметно да ја полагаш целата сега, па и не дај боже да паднеш некој од тие три дела за август ќе знаеш на што повеќе да се фокусираш. А за физиологија тоа од МФ што е искрено не памтам одамна беше и тоа, ама знам дека тоа не заглавуваа зашто ем две катедри го водат ем е учење на памет така да види тоа прашања што давале лани,полани и не се замарај со тој. Глупо е вака да те советувам како повозразна ама сепак се работи за не толку важен предмет , а и секако од Гајтон убаво ќе си ја научите Физиологијата цели два семестри во втора така да не му ја мисли
дека е важен предмет не е бидејки се учи физио после ама дека не може да слуша физио1 ако падне миф тоа да затоа и на тоа треба да се фокусира
Да знам дека е условен и за Физио, ако не се лажам и за Микро1 ни беше нас, но сепак не мора толку да се стресува за тој предмет потенцирав дека не замараат многу со него катедрите(**барем така памтам дека беше сега не знам како е и што е мислам и книга извадија за Физиологија делот, ние тоа од презентации го спремавме)
Знам дека е малку рандом прашањево- некој дали полагал кај Стојковска Инфективно да сподели искуства?
А дали има некоја медицинска сестра што полагала промоција на здравје денес онлајн, да сподели како се одвиваше полагањето од технички аспект?
Здраво девојки☺️ Јас сум студентка на медицина, трета година. Знам дека е рано, ама сакав да ги имам во предвид некои работи, па сакам да ги прашам постарите колешки ако знаат да ми одговорат. Ме интересира како иде процесот за специјализација - конкретно за хирургија. Што се влегува во апликацијата, како иде самиот процес? Каков просек треба и дали има шанса ,,обичен смртник,, (недокторско дете) да добие специјализација? Дали може во 6та година да се преполагаат предмети од прва, втора година со цел да си го кренам просекот? Дали за хирургија гледаат само по тој предмет или и анатомии, патологии? Засега тоа ми текнува, секое инфо ќе ми биде добредојдено и фала ви однапред ☺️
Зависи кој дел од хемија ќе го полагаш и колкава основа имаш од средно. За практично се сеќавам дека беше прелесно (2дена). За колок по неколку дена за секој. За усниот дел зависи кај кој професор ќе си бидејќи секој има различен терк на испрашување. Мој совет би ти бил ако си најдеш другарче што знае да ти го објасни материјалот (јас учев со другар од ПМФ и немав на со предметот), обавезно прочитај прашања да видиш на кој принцип се испрашува материјалот, види видеа на Јутуб се има таму. Слободно пиши ако ти притреба нешто. И среќно
Сега не знам како ќе биде со предметиве дека ќе бидат онлајн. За патофиза можам да ти кажам дека не е предмет за потценување, си бара убаво и квалитетно учење, ама па интересен предмет е и ќе осетиш што е всушност медицина. Двата колок јас ги спремив точно за 2 недели, прочитај прашања да видиш на кој принцип се тестовите чисто онака да те спреми (не се паѓаат ама worth looking се). Усното е од практикум ако добро се сеќавам и океј се вежбите не се тешки. Среќно
Во врска со патофизиологија, ние ги полагаме сега и колоквиумите и практичното писмено па кажете ми какви им се тестовите бидејки ради ситуацијава не сме одржале ниеден колоквиум не знам како ги прават на кој принцип, колку детално треба да се учи, треба ли на нешто да се обрне повеќе внимание?