Конкретно за специјализација гледаат оценка по предметот и вкупен просек. За да имаш предност да добиеш треба да имаш барем просек 9 за да се издвоиш над другите(ама добиваат и со понизок просек). Е сега многу важно колкав ти е просекот зошто од најголемиот број постари колеги што гледам го расипуваат просекот со клиничките предмети, т.е. многу е пообемна материјата и не стигаш се да прочиташ целата материја како кај претклиничките.За преполагање не знам како оди процедурата искрено.
Воглавно океј катедра се мене еден од поинтересните предмети ми беше. Кога полагав памтам дека во колоквиумите имаше од сите три типа на прашања: заокружување, краток одговор и есејски и некаде околу 30 и нешто поени ми се чини носеше тестот. Есејските прашања беа едноставни пример ќе ти дадат да објасниш што знам Нарушувања на метаболизмот на јаглехидратите или општо за автоимуни болести. Малце тие на заокружување знаеа да бидат зафркнени. За практичен не би знаела да ти кажам тоа се полагаше усно и влечевме прашања од вежбите во практикум така да претпоставувам истите тие би ви биле сега во писмена варијанта.
@nyny дефинитивно да одиш на физиологија, штом е онлајн, пробај си ја среќата и на цела анатомија излези, што положиш, положиш, немаш што да изгубиш.
Генетика што најчесто прашувале на усното? Уште подобро ако ви текнуваат прашањата. Ќе имаме писмено 1 есејско прашање само во замена за усното, па да знаеме на што да обрнеме највеќе внимание.
На генетика има преку 100 комбинации, никој ги нема прашањата. Јас имав функции на трна, прва вежба од прв практикум и пвр. Може да ти се падне и родово стебло, фиш, буквално се.
Како шо ти кажа @Uniqo3 , есејските прашања се лесни, нема шанса да не ги знаеш ако си учела. Сите поени шо сум ги изгубил на колоквиумите и патофиза 1 и патофиза 2 биле од прашањата на заокружување! Доста често се годат некои ситници шо ти промакнале или нешто двосмислено... Затоа би ти препорачал да побараш и да разгледаш прашања, обавезно! Многу ќе ти олесни, дури и да не се паднат, иако често се паѓаат барем дел, ќе видиш по кој принцип се поставувани.
Поназад имав напишано мислење за ова, ама не можам да го најдам. Ако добро се сеќавам, мене ми се падна да конструирам семејно стебло, буквално прашањето се состоеше од насоки и според нив требаше да го нацртам, толку. Мислам дека Кочова ме допраша уште 1-2 прашања поврзани со стеблото и тоа беше од делот на педијатрија. Од овај другиот дел, од практикумот, ми се падна за популациона генетика, мислам дека беше меѓу последните вежби, таму некои формули шо беа и за тој софтверот Arlequin.
Јас, микро 1. Професорката е многу коректна, влечев 2 прашања од практикум, 2 од книга. Остава време за концепт и знае да те потпраша за да види колку добро го имаш совладано материјалот, ама не ситници туку баш онака главни работи. Ако имаш научено, дава убави поени. Со среќа
Јас полагав. Камера само за идентификација вклучивме, после ја згаснавме, ни камера, ни скрин-шер, ни ништо. За препишување да не правам муабет, сите знаеме како е на вовед. Единствено да се “пожалам” за тоа што имаше како лимит. Со оглед на тоа што беа есејски, се трудев да пишувам колку што можам повеќе, и при крај кога бев не даваше да пишувам повеќе, па морав да кратам од тоа што претходно го напишав за да го довршам одговорот. Веројатно ни тие не знаеа за “проблемов”. Ептен лабаво ама воглавно.
Здраво ! јас сум студент на медицина прва година,сакам да прашам бидејќи слушам муабети дека може да се земат и купуваат тестовите по хистологија 2. Дали е вистина тоа и ако е како е возможно тоа?ако има некој искуство нека пише ве молам.
Сериозно... Да и ја сум слушнала вакви муабети за оваа катедра. Тотално деградирачки за нашата професија и секој што ќе се открие дека купувал тестови од катедрата треба да биде избркан од факултетот заедно со тој што ги продавал од таа катедра.
Ќе се најде некоја студентка која има идено на вежби/предавања на онкологија? Сакам да прашам нешто конкретно за одделот каде се прима радиоактивен јод
Се купуваат тоа е одамна познато и катедрата знае затоа во јануари имаше скандал со тоа ама пак исто се тера не е само христо секоја катедра продава
Ама НИЕ без врските тоа хахаха. Не сите имаат такво искуство, ова со хистологија одамна се ширеле муабети за ова ама не ми е верно, барем јас и колеги со мене не сме имале таков случај или контакт со колега кој ги имал тие купени тестови така да стварно не знам. Ама знам како функционираат катедрите така да и да е вистина ова ништо не ме чуди.