Edit: И секако усно и практично се полага тој предмет така да и да си купиш тестови ако немаш научено пак се џабе тестовите..
Добро во оваа ситуација не знам што како ви е во однос на полагања онака кажувам како беше така да и со купени тестови не правиш ништо.. п.с не мислам на тебе за тестовите за погоре што имаа пишано да не ме разбереш погрешно
Точно, на полагања се ги местеа кај "добри" професори. Дури и се фалеа некои како успевале секогаш така да положат и да се наместат се кај истите...
Јас само кажав за да појаснам зошто бара тестови, дека го нема усното и практичното во живо. Апсолутно не правиш ништо, прво е деградација врз факултетот и целиот ни образовен систем, а потоа и врз професијата, дупките во знаењето се вечни. И во ниеден поглед не сфатив погрешно, општо правиме муабет
Не се местат они сами си ги знаат професорите од некаде и сами си ги местат кај нив да полагаат и секогаш имаат максимум поени на усно и полагаат "скришно" што се вели ни чуени ни видени и 10ки летаат кај таквите како од шала. И жалам ако некој се пронајде во коментарот ама во 90% од случаите тоа се децата на докторите од клиники или приватни болници и секако деца на професорите кај нас на fax да има и меѓу нив исклучоци ама со неколку лично што имам правено муабет и што ги знам одма гледав колку е саат за жал. Ама да морало и они доктори да станат зошто се назад во фамилија до петто колено пуштило корени во медицинската фела. Пак ќе се повторам има и меѓу ваквите исклучоци ама ретки се, па така да професорите кај нас не можат да удрат по магарето, па ајде по самарот ќе удриме. Welcome to the reality п.с океј што си ги пуштаат така барем нека си молчат и готово вака ти ко што викаш и јавно да се пофалат испаѓа да се знае кои се што се.. АМАН од таквите на факултетов значи им посакувам само многу задоволни пациенти ништо друго
Не би да именувам кој проф, ама на полагање буквално му/и се јавија на телефон за да го положи некого. И проф си рече: океј бе, ај со минимум ќе го поминам. Пазете,ова пред 4ца студенти што бевме во канцеларија на полагање. Сите сме свесни дека постојат такви работи за жал,ама наше е да учиме. Подоцна ќе се докаже знаењето на секого, нема бегање од тоа.
Тажно но, ништо ново. Сум бил сведок на сличен настан. Имено, пред канцеларијата на секретарката од физиологија бевме собрани група на луѓе, чекавме секретарката да ги истакне списоците со резултати од колоквиум. Во меѓувреме дојде шефот на катедрата(ајде да не именувам, иако тоа го заслужуваат), зборуваше на телефон и влезе во канцеларијата на секретарката. Откако заврши со разговорот, на секретарката ѝ рече: “Име Презиме положи?”, секретарката пребара во списоците, и ѝ рече дека студентот не го положил колоквиумот, на шо шефот и врати: “Епа положен ко така.” Ова се се слушна во ходникот кај шо бевме собрани, интресно е шо никој од нас не беше изненаден.
што све се случувало тука. Па како бе колеги успеваат тоа да го направат ? и потоа ке се прават професорите како чесни и праведни.За пари прават се,буквално се!!!
И на другиве факултети низ државата е вака конкретно ние споделуваме наши искуства од овој. Да не мислиш дека е нешто поразлично.
Сеа скоро и на економски имаше скандали не е тоа само кај нас мислам дека пак кај нас има и многу праведни професори на кои им се дивам
Хистологија гледај ги видеата на teams, и за хисто 1 имаш и за хисто 2, многу повеќе од на вежби ќе ти е појасно.
Во врска со полагањето хемија онлајн, ако не минусираат поени ако згрешиш, дали тоа значи дека слободно можеш да си ги заокружиш сите понудени и да ти се прифатат сите поени?
Па не може да се заокружат сите понудени, не дава тестот, освен за прашања кај што е наведено дека има повеќе точни.Барем јас така мислам. А добра ти е логикава.
Rabotat li studentskite Prasanja na medicinski fakultet? Mi treba da se informiram za upisite za medicinski Sestri ovaa godina.