Наместо само да го критикуваме факсот еве да дадам пофалба околу катедрава хистологија. Браво што ни дозволија и ние без положено хе1 да полагаме целосно хе2. Дефинитивно проф. Лилјана Миленкова како шеф на катедрава е пример и за професор и за шеф и има огромно разбирање за нас студентите. Многу ми се допадна како постапија испитнава. Баш како што требаше сите да постапат човечки.
Дечки, дали знае некој што прашува проф. Јаснс Богданска по хемија на усно? На што да обрнем внимание и дали е строга?
Богданска е шефица на Биохемија, една од построгите професорки е бара знаење како и сите други ама иначе прашања си влечете така да... инаку мој совет научи си убаво кај неа не дека е некоја ау бау ама жената бара да имаш научено се, знам лани имавме некои презентации за екологија и ниеден професор не прашуваше од тоа нормално не ни учевме тоа покрај книгите ама богданска прашуваше
Пред неколку години полагав усно хемија кај неа. Полагавме неколку студенти истовремено, ни даде 3 прашања од делот биохемија и 1 прашање од делот хемија, прашањата беа многу општи(цели поглавја или наслови) пр. алкохоли, алдехиди, кетони.... или за некои од аминокиселините како шо се групираа и сл. Ни даде доста време за концепт и после тоа раскажувавме, ако имаш се опфатено за прашањето не поставува многу дополнителни прашања.
А, ние што втор рок ќе полагаме усно хемија да не знае некој кога ќе сме известени кај кој професор сме? Порано или исто така ден пред вториот рок?
Изгледа било во коментар пишано, па сум пропуштила. Фала ти @Angie1432 јас ја имам во ајноу психологија уште истиот ден кога ја земав во индекс.
@Dream-Girl ауу значи кај мене бил проблемот.Сега и со тоа да се занимавам.Фала ти што ми кажа, мислев никој нема.
Објавувањето на распоред по професори, шо е можно најблиску до денот на полагањето од речиси сите катедри, ми е една од најголемите мистерии на факултетов. Никогаш не разбрав која е причината.. За да не одиме да ги замараме со прашања?
Не туку има и преку ноќ некој што ќе положи па да го додадат и него/неа затоа се чека. П.с да и твоето држи вода сепак.
Јас полагав кај неа, океј е но секако ако имаш добро научено, знае да праша доста логични прашања и да заклучи дали ти е сфатено или бубано, исто така прави доста тактики за да види дали си сигурен во себе, а доколку знаеш, ќе те награди и со одцена плус. Мене ми фалеа поени за 10 но жената ми пиша. Така да не е толку лоша како што ја кажуваат
Кога прашав една колешка од втора за професорите од хемија за усно како се, ми вика ако си кај проф. Цековска или проф. Костовска преубаво ќе си поминеш, едно од најубави полагања ќе ти е. Според ова мислам дека ќе си поминеш и ти океј. Со среќа.
Јас полагав биохемија кај нејзе, преубаво поминав. Бара знаење и да ги поврзуваш работите, цел материјал го пројдовме преку дискусија. Ако заглавиш некаде помага, те потпрашува за да ти даде шанса и да извлече максимум од тебе. Меѓу најубави полагања на факултетов ми беше. Иако писмените ми беа послаби, не ги зема толку во предвид, битно и беше да го владееме материјалот и да знаеме логички да размислуваме и поврзуваме, па и мене и на колегата со мене ни пиша високи оценки. Е сега полагавме многу долго, 2 саата и нешто ама ептен беше пријатно и буквално не го ни осетив времето Кај Костовска имам многу лошо искуство за хемија, меѓу првите студенти бевме откако беше почнала усно да испрашува и не беше коректна спрема мене воопшто. Се сеќавам дека ни остави време за концепт и ми се погодија баш прашања за аминокиселините и холестерол, па дури и ги имав напишано сите формули и равенки на добивање што ги имаше во книгата на Џекова, за сите аминокиселини и плус за холестерол, значи ептен имав научено. Она ги виде и почна да ме испрашува во детали за некои болести, ама не општо ко за хемија материјалот туку баш онака од биохемија 1 и 2 прашања, па ми пиша минимум. Истовремено колешката што полагаше со мене, не знаеше формула на алкан да напише (да, алкАни што се учат во основно ) и ја положи и нејзе. Можете да замислите како се осеќав во тој момент, па и прва година бев, мислев светот ми се сруши. Знаењето никој не може да ми го земе, ама сепак таквиот однос премногу ме повреди и мислам тоа беше моментот кога сфатив дека едноставно некогаш колку и да знаеш, на оценката ќе ти влијае среќа и расположение на професорот. Ама на крај краева, ќе се види понатаму кој каков доктор ќе биде и со колкаво знаење ќе ги лекува своите пациенти. Малку подолг испадна одговоров/ искуството, sorry Во секој случај, дај максимум од себе кај кој и да се паднеш и со среќа
Биохемија 1 имам полагано кај неа. Многу фер и искулирана професорка, ептен лесно прашува и не крати поени.