Btw кога прашувате за Хемија/Биохемија зошто истите се проф горе доле кога и јас полагав еве и искуство и мислење плус ако некој се погоди кај Лабудовиќ за Хемија јас кај неа полагав. Добра е исто како и Цековска но бара повеќе знаење и доста прашања знае да постави надвор од тие што ќе ги извлечеш, малце е построга за оценки, но ако имаш научено нема да те падне. Конкретно од органска хемија доста знам дека го бараше медицинското значење и примена на органските соединенија, како посебен дел го имавме ние тој од каде што го учевме, зошто вие учите по нова книга од 2014,15 нашата беше друга и фалеа многу работи во неа. Искуство и со проф.Ефремова од Биохемија 2 немам лошо, за кратко време завршивме кај неа не замараше многу, плус и Биохемија 2 многу од самата катедра не го перцепираат. Но оваа проф последната ако не грешам можно е и да пензионирана веќе. Костовска беше асс таа не прашуваше, за Тошеска не знам што да ви кажам мои колеги баш сјајни искуства немаа со неа ама не сум била кај неа да полагам така да не знам од мој аспект што да ви кажам. Се надевам ви разјаснив нешто.
Една од подобрите варијанти за анатомија ти е Папазова, после Живадиновиќ. Се друго е иста приказна..... А таа не се пензионира? Така збореа Јануари, као демек последна сесија и било.
Папазова ми е пример за професор.... бара знаење нормално ама е премногу коректна и добра, два пати полагав кај неа колоквиуми бев воодушевена и дефинитивно ми е една од најјјомилените проф на факсов
Преееедобра професорка, ептен опуштена атмосфера, анатомија 1 полагав кај неа. Ни даде време откако ги извлековме прашањата да разгледаме и размислиме на кадаверите. Не замара со глупости и детали, и не бара ситници да и покажуваш, онака ептен општи работи бара. И баш е лабаво, насмеана е цело време, да не ти биде страв прави некако, ептен е коректна и фер.
Е, ај "пријателката" за сите така нека направи. Уживај, знам дека и преку лешеви се гази за услови да се фатат. Со среќа нека ти е полагањето.
Една од најдобрите професорки на тој институт. Многу позитивна и коректна професорка, имам полагано завршен усмен и практичен Анатомија 1 кај неа, навистина е многу добра, не би требало да наидеш на проблем од нејзина страна ако барем малку имаш учено и ти е познат материјалот.
Те молам кажи ми дека полагаш у вторник од 12 xD инаку многу добра професорка, полагав колоквиум рака кај неа, многу е фина, опуштена е атмосверата, и да не знаеш нешто ќе ти помогне, многу е коректна и лесно се поминува кај неа. Кога полагаш?
оставете го девојчето на мира аман, само праша за мислење.. како видела и каде видела нејзина работа е
Членките погоре само прашаа од каде знае, зашто ако има нешто списоци истакнати да си видат и тие, нема ништо спорно тука.
Извини ама ако некој нелегално си знае пред време кај е и шо е, а ние другите обични смртници дознаваме 5мин пред полагање сигурно нема по рамо да го тапшаме. Кај врски фаќаат за се можно, не им е срам и да споделат дека знаат однапред за разлика од сите останати (сами си се издаваат), па уште и на мира да ги оставиме. Нека ја сподели пријателката и ние да дознаеме кај сме си, зошто да не
Уште работи и испрашува Мими? Една од најкоректните и најфините професорки на тој институт. Со среќа нека ти е, сигурно добро ќе поминеш.
^Да, знам на кој факултет сум. На тој ако немаш врски дека ќе си паѓаш многу пати и ќе си се нервираш до септемвриска и ќе се молиш конечно да те пуштат барем со 6ка пошо немаш за тебе кој абер да прати (не ни сакам btw). А притоа утре со човечки животи ќе се бавиш, ама ете ова е тој факултет. Ама ако спиете мирно, убаво за вас. Барем да си ќутевте де, вие уште се силите со знаеш на кој факс си ама ни срам немате, што да кажам повеќе. Убава испитна и на тебе.