Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Претпоставкиве ти се на место да е она било која друга од онаа која е, ама колешкава не е било која друга и од мали нозе се знаело што ќе дипломира и што ќе работи, така да биди спокојна не работи со човечки животи, а е со легитимна диплома со Медицински во Скопје.
    И најискрено да ве прашам еве вие еден ден сите со труд стекната диплома кога ќе имате работа, искуство и стаж на одделение и ви донесат нов дипломец кој како прво мора да стажира за лиценца, а после специјализира ако сака да дојде до скалпел во рака, ќе ги пуштите туку така да оперираат со човечки животи (или да работат било каква работа која афектира човечки живот)?
    Јас не би:)
     
    На Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Колешката е само една од многу што завршуваат така.
    Не беше воопшто муабетот за хируршките гранки, туку за тоа дека сите области од медицината си носат голема одговорност по здравјето на човекот. Исто како што може да те убие скалпел во несоодветни раце, може и погрешна дијагноза и терапија која пак може да била дадена поради неточни лабораториски резултати кои пак можат да бидат резултат од несоодветен примерок итн итн...
    Сè e некако поврзано и има причинско-последична корелација :)
     
    На Glossy-girl, Glowy и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  3. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Добро, затоа додадов во заграда и во случај да работи и било која друга работа, освен хируршка што афектира човечки животи:) Ама едно да знаеш бар јас како раководно лице да речеме ако морам да примам и да соработувам со таков кадар, моја обврска е да ја/го обучам пред да ја пуштам во оптек да изработува било какви анализи. Ме разбираш? Сите сносиме одговорности на своите работни позиции и да се си има некаква корелација тоа е факт.
     
  4. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    Во ред, ама ако некој успеал да се снајде да заврши така факултет, ќе се снајде и за работно место.
    Не дека доктори што со труд завршиле не може да им се случи да направат грешка, луѓе се и тие и може да се случи, ама некој да заврши медицина без соодветно знаење ми е многу страшно и срамно. Особено да не знае основни работи, тоа е веќе дно дна.
     
    На Glossy-girl и Spielrein им се допаѓа ова.
  5. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    И мене ми е дно дна, и особено не ми беше сеедно кога неа и стави една оценка, а мојата беше само за 2 оцени повисока од нејзината, а јас требаше бар за една повисока оценка да имам, а она да падне.
    Ама она вработува медицински кадар и работи административни работи во фирмата на својата фамилија, а јас имам(в) сосем други амбиции и оставрувања зад кои стои мојот труд, оценки и углед.
    И така, секој со својата програма како да си го живее животот:D
     
    На Glossy-girl и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  6. Gregoriana

    Gregoriana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Тоа е за да мислиме дека се е транспарентно и без врски ...а тие пријавите ке си ги поделат мегу себе,секоја професорка си ги зема студентите што си ги запишала во тефтерче на оваа онаа пријателка или колешка за да ги положи обавезно а на останатите како ке им се падне ке си ги доподелат.
     
    На Glossy-girl, Dream-Girl, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    14.027
    Пол:
    Машки
    Циркузите шо се случуваат на факултетов, особено на институти се рамнат со оние од шпанските сапуници. Професорки раскарани меѓу себе, ривалство, озборување...особено од анатомија, физиологија и ХЕ. Уште не можам да си поверувам колку се занимаваат со глупости понекогаш, а ќе си речиш академски граѓани од највисок ред. :rofl:
     
    На Gregoriana, Peperutce1115, ElenaOfRivendell и 5 други им се допаѓа ова.
  8. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    професорките од анатомија редовно седат на кафе со проф од физио секогаш ги гледам на доручек со пиво во паблик :D ама и со ова онлајн коа пишаа професори не си збореле меѓу себе ради несогласувања се изнасмеав значи ко 5 годишни деца:D
     
    На ElenaOfRivendell, Glossy-girl и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Циркуз ситуација доживеав на полагање анатомија, професорка ми збореше против хисто катедрата. :tmi:
    Ја одам потресена за полагање, си викам сега што ќе ме прашуваат, во глава повторувам ситници и чуда таму некои си, тоа испадна пола полагање - пола муабет против колегите. :bandit:
    Кога излегов не ми се веруваше што доживеав, во шок бев... :rofl::rofl:
    Циркуз сме понекад. :tmi:
     
    На Gregoriana, Lollipop_123, BlackMistery и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Е е хе, на предавање во амфитеатар пред цела генерација професоркава ја исмева колешкава што одела на некој дополнителен курс, сега не ја кажа со име и презиме ама знаевеме сите за која збори зошто оваа другава па ни се фалеше пожелно е сите кои сакаме да запишеме таков курс.
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Тоа може да се види и по книгите значи напишаното во анатоммија книга, хисто и физио све различно...различни вредности, не можеле да се договорат па зависно кај која катедра полагаме тие информации ги учиме, што поише да очекуваш....
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    14.027
    Пол:
    Машки
    Аа да и јас така разбрав дека не зборувале професорки меѓу себе поради онлајн полагањето. Абе како раскарани за имот.
    :rofl: Ривалството помеѓу анатомија и ХЕ датира од памтивек! Почнувајќи од фактот шо од анатомија се бунеле за тоа што ХЕ имаат два влеза, па до тоа шо од ХЕ ги држеле студентите многу на вежби и заради тоа каснеле на вежби анатомија, и тоа со конкретни посочувања кон асистенти и подбивање пред студентите.
     
    На Lollipop_123, ElenaOfRivendell, MeckaCia и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    За 2та влеза бе леле умрев од смеење. :rofl::rofl::rofl:

    А, да и тоа го имаше за хисто. :rofl::rofl:
    ХЕ1 полагавме уште откако почна 2 семестар и од анатомија се "жалеа" сега нема да учите анатомија 2, ќе ни касните на вежби зошто полагате хистологија, секогаш значи така правите... :rofl::rofl:

    Ја да бидам искрена некако хисто катедрава највеќе ми се допаднаа првава година. Ептен ми се организирани и брзи и со резултати и со се. И книгите најубаво напишани им беа, баш сфатливи. Кратко и јасно беше баш. :)
    И огласната табла како убаво средена им е секогаш и вежбалната ептен најубава ми беше, со мерак седев на тие вежби шо ми беше убаво како е направено со слики, со се.:D
    И сега онлајн ептен добро беа организирани. Некако ептен ми се перфекционисти затоа од мене имаат само пофалби. :$
     
    На Gregoriana, Lollipop_123, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Uniqo3

    Uniqo3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Леле не можам бе стварно со овие "нашиве" мои екс ваши сегашни професори. Колку се еднострано насочени стварно не знам. Да се расправаш за вакво нешто во ситуација со по 150 заразени е апсурд. Не гледам проблем во онлајн усмен испит со камера свртена кон тебе и блиц прашања од професор ниту причина некој да не се согласува за ова,но ете постои. Btw поминале генерации и генерации кај нив доволно треба да се способни и на онлајн усно да проценат кој научил, а кој гледа да се снајде од околу. Ама не проблемот им е ИТ технологијата на дел од нив, барем доволен доказ беа Pp презентациите со половична латинична, а половична кирилична поддршка на нив, па кога ќе ми кажеа разгледајте ја ќе ви помогне при учење ми идеше да им се изнасмеам така слатко во фаца( за поедини секако зборам, не сите се исти, да не генерализирам). Ама ајде што е тоа е ќе си читате до 6та циркуси на ФСС и во генерациска група барем ќе има на што да се смеете.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Точно... значи презентацииите со исклучок на проф.Петличковски и од катедрата за патофизиологија, другите беа катастрофа, половина дури не беа ни пратени ама ајд.... ја бев прва против онлајн бидејки знаев дека ке има циркузи ако направат писмено онлајн ама за усно преку камера не гледам зошто да не ама ете и тоа го одбијаа и така јас утре го полагам првиот предмет со физичко присуство баш ме интересира како ке биде кога ке се збутаме 30 души пред амфи2 (со почитување на мерки на 2 метри еден од друг:D)
     
    На Lollipop_123, ElenaOfRivendell и Glowy им се допаѓа ова.
  16. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Jaс на 27 и тоа го пријавив на шала, мислев онлајн ќе е ама баш ме интересира како ќе е. (fingers)
     
    На MeckaCia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Па и не е баш исто тоа ти што го кажа и ова што ги пиша девојчето.
    Ти рече, "на факултетот, каде ако немаш врски ќе си паѓаш".
    Во прва година уште ако се оптеретуваш со вакви работи, тек што те чека до крајот!

    Не ми беше лоша намерата, немој да се лутиш. Сакав да кажам, навикнете се. Тоа го има во сите сфери од општеството и секаде. Не само на студии, утре и на работа сигурно ќе се соочите со некој недоквакан што ќе ви шефува.

    Калимеро нема правда. За неправди има многу. Ама не е убаво да генерализираш така. Прво еве од тебе тргни, дали сакаш да кажеш дека испитите кои до сега си ги положила си ги положила со врски?
     
    На glosipgirl, Spielrein, Uniqo3 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. tea1221

    tea1221 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2020
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите !Средно сум ии сакам да прашам дали можам ако сум 2 година медицинско за лето пример да се понудам да волонтирам , или негде в лабараторија .. или пак во некоја организација . Можеби од ко ќе заврши се ова со вирусов
     
  19. MeckaCia

    MeckaCia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2016
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    не верувам дека ке заврши набрзо оваа ситуација а и баш ради тоа не би те примиле со 2 години средно никаде да волонтираш, колку што знам сега треба да имате летна пракса чим ви е укината летово препорачливо е да седиш дома бидејки е хаос секаде
     
    На tea1221, Waverly Raven и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    14.027
    Пол:
    Машки
    Ајде и јас да ги споделам импресиите од првото онлајн полагање.:D8)

    Тестот имаше 40 прашања(со заокружување, дополнување и целосни одговори-клинички случаи), имавме 30 минути за решавање, ама не би рекол дека беа 30 минути, ради тоа шо нели, треба тестот да се испрати неколку минути порано од предвиденото време. Времето беше кнап, дури и малку кратко за 40 прашања, некои одма се одговараа, други пак дури ги прочиташ(еден куп текст), па да промозгаш...Горе-долу можам да речам дека сум задоволен од испитот покрај некои минимални забелешки.

    Е сега, како и секој испит, така и овој, не помина без ДРАМА. При крајот на тестот(јас веќе завршив), еден куп колеги почнаа да пишат дека не им се праќа тестот, бидејќи изминало времето, а тие пробувале да го испратат пред 11.30(до 11.30 имавме за решавање). Нормално, во чатот на teams и во групата на фб изби кавга, бидејќи професорката напомена, доколку некој не успее да го прати тестот на време, нема да има право да полага пак оваа сесија. Еден куп поплаки, забелешки.... доста колеги се разочараа и бараат да нема онлајн испити, во случај да се случи истото и со др предмети кои ги полагаме онлајн(тоа се речиси сите).
     
    На Glowy, MeckaCia, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.