@Waverly Raven читав во групата ваша . Хаос, ама такви се малку на хемија, биохемија.... Инаку јас онлајн кога полагав поминав супер. Писмено беше, ама полагавме со камера вклучена. Асистентот не гледаше цело време . Имавме еден час и 30 минути, затоа што требаше есеи да пишуваме. Јас како што си пишувам семинарски, така и есеите ги пишував со празно место, за да има прегледност. И на 5 мин пред крај, не сакаше да ми се прати тестот. Многу зборови сум имала напишано. Мини срцев удар доживеав. Бришев реченици и празни места во последна секунда. Кога се прати ми олесна, здивнав .
Може ли за упис да се заокружи повеќе насоки (пр. општа медицина и лаборант , и каде има место да ме примат)... Имам 89 поени вкупно но не знам дали да пробам на општа знам дека конкуренцијата е голема и шансите мн мали но сепак ќе пробам... па ме интересира дали постои оваа варијанта кај нас
Ако конкурираш на општа не можеш други опции, ама ако конкурираш на некои од тригодишните да, тогаш може да направиш листа пример, логопед, сестра, радиолошки технолог, физиотерапевт...
Нема ништо чудно што повекето професорки не сакат да има онлине испити ,на нив храна им е да гледаат во живо како се "тресиме" од трема.Си викаат види ги овие сакаат со лесно да ги поминат инситутиве му се погоди ковидов ,така си мислат ( гарант е така ) ! .Не ни обрнуваат внимание дали ке се разболиме од ковид или не ..малку сурово звучи но да не се лажеме тоа е реалност.
Годинава има нов смер , дипломиран инжињер по медицинско лабораториска дијагностика (a.k.a лаборант) некој ќе се запишува на смеров?
Отвориле и смер општа медицина на англиски во кој 7000 евра ќе кошта една студиска година и ќе се примаат 100 студенти, веројатно странски студенти. Бар со дел од тие финансиски средства да изградат убави и достојни тоалети за студентите.
Имаме преку 50 странски студенти у генерација и вака што околу 2000 евра година плаќаат... Видоа дека има огромен интерес годинава излеа и затоа и ова го отворија... Баш колеги од Турција кажуваа колку било тешко таму да влезеш на медф, тука лесно било ептен и затоа тука доаѓаат. Вака на англиски полесно ќе им е да слушаат Ќе плати некој...
јас пак мислев странските студенти се со стипендија, дека знам имаше некои солидни стипендии за странци, не знаев дека по 2000 плаќаат
има и со стипендија студенти ама повеќето се запишуваат тука бидејки полесно се прима има посебна категорија за нив и после с епрефрлуваат. Во прв семестар имавме и од Бугарија и од Турција студенти и после јануари се префрлија веројатно така им е полесно, а дека треба ваков смер посебен дефинитивно бидејки и тие што остануваат тука губат години поради тоа што не го знаат јазикот мислам дека многу полесно би им било на англиски
Ме чуди кој ќе предава на англиски, а и цената е баш така солена... Прост пример промоција на здравје се полага на англиски, а го слушаме на македонски, ни книга нема на англиски. Зар ќе направат одеднаш се на англиски за толку брзо време, а вака за 1 предмет не успеале да се организираат... Или колку пари толку музика
Е тек сега ќе се затепаа професорите меѓу себе кој да предава на тој смер доколку не примат нов кадар
Проф 1: "Ја знам подобро англиски од сите вас!" Проф 2: "Како не, јас ќе предавам таму, ти си знаела англиски.. " Проф 3: "Мене шефот на катедра ми е најдругарка, мене ќе ме стави да предавам!"
Во моја генерација имаше од Турција, кажуваа тука полесно се запишуваат и после некое време можат да се префрлат. Исто па и многу наши се запишуваа во Бугарија па ако фатеја врски тука во Скопје се префрлаа. Ама сега не знам дали може од странство така лесно да се префрлат како да имаше некои ограничувања од пред некое време.
дали некој се сеќава оваа година за усно испрашување колоквиум дали за зглобови се испрашуваше по ист принцип како и на писменото, на пример еден зглоб, набројуваш зглобни површини функции и лигаменти, е сега дали за лигаменти мораше подетално од каде до каде се припојува (знам дека е очигледно според самите имиња на лигаментите ама дали сепак да ги повторувам) и за фации дали се влечат како посебно прашање
Обично за зглобови и мускули не замараа нешто премногу, зашто за нив пишувавме во тестовите. Не прашуваа припои на лигаменти, ретко може само кај вкрстените лигаменти и менискусите кај колено. Фасции само ако извлечеш.
Фасции за рака јас извлеков. Ако си ептен баксуз it happens... Инаку ич не ме прашуваа за зглобови освен да набројам тоа шо наброја и ти кога полагав тогаш рака, повеќе за фасции и другите прашања ме прашуваа.