Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    24.101
    Пол:
    Женски
    ^
    Девојчето си праша за обратно - од приватна во државна.
    За другото ти шо викаш спорно е малку, не можам да тврдам. Мое мислење е дека плаќаат казни за неположени и презапишани и затоа даваат фазла пари.
     
  2. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    127

    Јас сум убедена и цврсто стојам на ставот дека ради неположени испите од државна автоматски ги местат кандидатите во приватна. Имам докази ко што напоменав :)
     
  3. melany22

    melany22 Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Не е точно дека ги преместуваат автоматски во приватна квота,туку бројот на кредити што го носи презапишаниот испит се множи со 200 денари и таа сума се додава на ратата за упис на семестарот. Кај тие со државна квота е 200 ,кај тие со приватна е помалку доколку презапишуваат испит.
     
  4. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37
    Valery15 ,во потполност е во право ! За неположени испити во рок од две последователни години ,автоматски кандидатот се преместува во приватна квота !
     
  5. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    При запишување дали се плаќа индексот и студентската легитимација? :)
     
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    На факс на рака ништо не се плаќа, ѓоамити бесплатно, ама кога ќе видиш во тие две уплатници, едната од 750 и другата од 1000 денари, ги плаќаш и овие работи. |(
     
  7. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски

    Ги добиваш бесплатно од факултетот :)
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој за што ќе е таа фотографија со димензии 2х3? Од табло најмалите што ни ги даваа се димензии 3,5х4,5 и такви две треба да дадеме, ама оваа помалава? Сега сецкав една од табло до тие димензии и не ми фаќа умот, каква е минијатурна, за што е? :?:
     
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.824
    Допаѓања:
    24.101
    Пол:
    Женски
    ^
    За студентската легитимација.
     
  10. Ivana0505

    Ivana0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    15
    Девојки, да не знае некоја уште колку слободни места има во приватна и државна квота на логопедија? :)
     
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Нема слободни места повеќе, сите се пополнети на прв уписен рок. 25 во државна и 15 во приватна квота плус 10 вонредни :)
     
  12. Liljana15

    Liljana15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    9
    Дали знаете од која дата почнуваме? Слушнав од 15-ти, ама гледам трет уписен рок е на 22 септември?!
     
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Па секоја година е така, од 15ти септември си почнуваме, а третиот уписен рок е после стартот на факултетот. :)
     
    На Liljana15 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ivana0505

    Ivana0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    15
    Дечки, а да не знае некоја дали ке ги прошируваат квотите??
     
  15. shivaree

    shivaree Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    7
    Знае некој дали и кога треба да се регистрираме на iKnow системот?
     
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Како мислиш да се регистрираме допрва? Па кога се запишувавме, електронската пријава одеше преку регистрирање на iKnow, тоа е тоа. :D
     
  17. Ivana0505

    Ivana0505 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    15
    Сигурно мисли за вторите уписи
     
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека нема да има потреба за iKnow зашто сите места на медицински се пополнети, така да сигурно нема да има отворено нови електронски апликации, што знам... :^)
    Тоа можеби ќе може за некој од факултетите на кои сеуште има слободни места, ваљда. :)
     
  19. shivaree

    shivaree Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    7
    Не мислам за вторите уписи, лошо се разбравме. :D Случајно го видов на Градежниот факултет ова:
    По извршениот упис на прва година (потврдено со предавање на документите на шалтер во службата и заверка на индексот), во периодот 25.08 - 05.09 студентите имаат обврска:

    1. Да ја проверат својата e-mail адреса (ИСТАТА адреса со која направиле постапка за упис на факултет), каде автоматски ќе добијат порака дека се регистрирани во системот iKnow (доколку нема порака во Inbox, задолжително да се провери Junk или Spam фолдерот).
    1. Да го следат упатството од пораката за најава на iKnow системот (https://www.iknow.ukim.edu.mk/), и
    2. Да го активираат (одберат) зимскиот семестар 2014/2015 година
    3. Да ги активираат (одберат) предметите што им се запишани во индексот, заедно со професорот кој е одговорен за предметот
    4. Во рамките на табот (картичката) Плаќање да ја запишат сумата што ја уплатиле и датумот на уплата.

    Сигурно треба и ние да ги активираме зимскиот семестар и предметите, за тоа прашувам. :)
     
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.223
    Пол:
    Женски
    Ааа, тоа! Епа мене како прво сеуште никаков имејл ми нема стигнато, замисли да не можеле да ми го разберат ракописот, ќе се пукам. |( :rofl:
    А плус тоа, под број три гледаш што ти вели; да ги одбереш предметите запишани во индексот; а нам индексот сеуште не ни е даден, не знам кога ќе ни ги даваат, нели кога поднесувавме вчера/завчера документи и индексот и легитимацијата ни ги задржаа, што значи дека ова најверојатно ќе биде понатаму, кога ќе ни го дадат индексот (и тогаш се надевам дека ќе добијам имејл). :D
     
    На shivaree му/ѝ се допаѓа ова.