Јас бев кај неа во јануари, бараше сé на лешот да покажеме и за ситници падна многу колеги. Ама пак другите што полагаа во втор рок сите положија кај неа..
Јас полагав анатомија2 кај неа така да не знам за мускули ама општо не ме прашуваше детално воопшто инаку навистина кога полагав практично кај неа бев исплашена и душата ми ја извади а на усно и дојдов насмеана и зборевме за глупости надвор од факс и беше душа од човек
инаку да ако полагате на леш пробај сама да кажуваш се што ке видиш и покажеш бидејки бара све да и се покаже на леш така да искористи сама да си најдеш пред она да ппочне да ти подига конци од лешот
уште еден совет и толку хахах учи ги клиничките работи не знам како ви е напишана книгата сега но све што има клинички учи бидејки знае да прашува такви работи мислам не се тешки ке те праша ако настане повреда на тој и тој нерв што ке се случи, такви работи многу сака за да види дали ти е разбрано или само набубано
Дефинитивно, не сака “стресени” да и доаѓате. Ако и пристапиш сигурно на почеток, ќе види дека знаеш, и дури и да се збуниш ќе те положи ако види дека не ти е бубано.
Од повеќето ќе слушнеш лоши искуства, ама Аце ми е професионалец, најдобар пристап за испрашување има. Буквално те остава да раскажеш, се' што имаш учено да кажеш, ретко поставува дополнителни прашања. Нема да коментира и да згрешеш, само потврдува со главата додека зборуваш точно. Ептен профи однос на полагање, без навреди, без коментари. За рака особено ги барал артериските мрежи. Само немој да се плашиш од неа и толку. Сензитивна инервација на глутеална регија и во сон да ја знаеш, општо и за други делови сензитивна. Гледај видеа од кадавери, зашто доста елементи прашува, можеш да згрешиш, ама да не лупниш ептен. За мускули само инервација, ништо друго. Во втор рок многу падна спрема прв. Прв тоа не беше ништо.
Јас еве споделив искуство еве пак ќе се навратам. Јас полагав завршен Анатомија 1 усно и практично кај неа. Вака не ни е ист начинот на полагање, но конкретно што памтам иако пред 6 години е тоа хахаха на усното од извлечените прашања имаше обавезно за артерија,вена,нерв за остеологија памтам дека на колоквиуми се полагаше. Плус тоа значи женава не тупи со подпрашања туку ти си почнуваш да си зборуваш пример A.axillaris (пат па соодноси ако знаеш си кажеш ако не не се заплеткувај, исто да знаеш каде во кои топографски делови поминува, анастомози, бочни и завршни гранки), ист принцип и за вени. Е памтам дека за нервите нешто ме потпраша плус. На практично за регијата само ја покажав каде е, 2-3 реченици кажав , ми извлече она еден мускул од поголемите да кажам кој е припојни точки и толку од тоа. Се надевам дека ти помогнав. Биди опуштена максимално и да те види ако нешто се забуниш ќе ти помогне, дава многу асоцијации и тебе секако ќе ти текне. Со среќаа!!!
Леле ти благодарам ептен. Некако многу позитивно на психа ми дојде што вака убави работи слушнав од сите за проф и колешки прашав надвор од фемина нема човек што лошо кажа за проф. Папазова, сите ја пофалија премногу. Не дека зависи од проф ама сепак убаво е вака некој со позитивна атмосфера што е зашто голема тремаџика сум, па ова многу ме опушти некако од стресот и тремата и утре ќе идам баш расположена на испит.
Воопшто не се секирај ќе положиш сигурно. Анатомија 1 три пати послабо ја знаев од Анатомија 2, ја положив со 9. Двојката со 7 секако бидејќи завршниот тест ми беше прегледан од страна на проф.Стратеска и кратени поени на се можно. Иако на усно и практично не поминав лошо и кај неа , ма да ај ова чисто да те утешам уште малку иако немате работа вие веќе со неа хаха.
Искрено со среќа.. мене ме бутна зашто границите ги кажав буквално како од книга и ми кажа не е така ке си дојдеш у јуни.. колешката што беше со мене и даде пинцета да најде сензитивна инервација на регио глутеа и ја бутна, друга колешка ја бутна зашто не кажа дека лимфните јазли на рака се распределени у 5 групи.. научи све, ваљда ќе има осет.. со среќа
Полагав нога кај аце, бев бледа како крпа, зборев 300 на сат и кажав таквoв лапсус што мислам дека живадиновиќ да беше ке ме бутнеше (dont judge прв колоквиум ми беше усно хаха) ама он ме пушти зашто виде дека имам учено. Колегата со мене исто.. не знам што ни стана xD ама не пушти и двајцата со минимум. Многу е коректен, те остава ти да си збориш, не потпрашува многу, у прицнип става минимум или пола поени ама ако види дека имаш учено немаш гајле. Со среќа!
хахаха кој ти кажал дека сите положивме у втор рок кај неа здраво те излажал.. не бутна скоро сите, дали 10 души положија.. не знам што и беше.. (бевме преку 40 кај неа)
И во прв многу паднавме. Затоа некои велеа дека во 2 демек подобро поминале ама изгледа иста приказна е било..
Има ли теоретски шанси да се положат и двете анатомии во една сесија? Овој пат некако баш и немам надеж за анатомија 1 па најверојатно и двете ќе ми останат во август (ако евентуално и тогаш не положам, веќе немам следна шанса нели? И ќе треба да го презапишам предметот и со тоа да квадрирам година... Така е или грешка сум?
Јас мислам можеш, не е тешка анатомија 2. Ако не успееш во јуни, стегни се повеќе за август. Сепак ти е учено, ќе си го повториш само.
За жал да анатомија ни ја влече физиологија 1 која пак е услов после за во 3та и фактички на некој начин губиме година без да ја положиме. Затоа и многу сум под стрес за предметов. Да не беше услов сигурна сум дека немаше толку стрес да ни прави. Малку и од трема го паѓаме (бар за себе си зборам каква трема имам кога се полага анатомија, за ништо друго не сум таква и името дури си го заборавам тогаш).
Девојче само опуштено, воопшто не се секирај, нема врска ако си кај Аце, ќе положиш без грижи. Сигурна сум дека на сите ви е спремен материјалот. Плус само усно е, што е далеку полесно. Со среќа на сите и се надевам добри вести ќе споделите.
ќе биде и усно и практично колку што знам, кога кажа само усно мислиш дека го тргнаа тој влезниот тест нели? дека сега видов некои од професорите имаат напишано во нивните кабинети дека ќе биде испитот, па да не сум јас нешто грешка разбрала, ама мислам сигурно ќе е и практично на леш ахах извинете вака ама да се осигурам
И мене тоа ми падна чудно. Само во кабинет.. Да не избегнуваат поради Корона да ги фаќаме лешевите можда А остеолошките сали се зафатени од 2 професорки од 8 до 18ч... Не верувам да се бутаме сите таму...т.е една сала е зафатена.