Има лимит на ајноу колку студенти може да се пријават ама и пред тоа се збореше од студентите дека демек уште порано носеле пријави нз што... глупости
За тие што учат на медицински Скопје Македонија , дали ви ги вреднуваа дипломите од натпревари и дали сеуште се вреднуваат ? И како/колку? Ве молам некој да ми образложи , барав на веб нема.
Цитирам од конкурсот: „Доколку во првиот уписен рок при рангирањето на крајот на листата на примените кандидати има повеќе кандидати со еднаков број поени (најмногу пет кандидати), факултетот ги запишува сите вакви кандидати. Ако, пак, бројот на ваквите кандидати е поголем од 5, тогаш факултетите овие кандидати ги рангираат според дополнителни критериуми: соодветноста на изработената проектна задача при полагањето на државната матура, освоени награди на републички и меѓународни натпревари, членови на спортски репрезентации на РМ, добиени сертификати за познавање на странски јазици на повисоко ниво и сл.“ Само републички и меѓународни (под меѓународни подразбираат со над 10 земји, не сум сигурна Кенгур дали го важат, зашто некогаш се важи, некогаш не).
Дечки, како поминавте анатомија? Ја следам темава и видов дека сте пишувале, па се надевам убаво поминавте сите. Или се уште немате полагано? Не знам кога ви се термините. Мене анатомија ми беше едно од најстресните полагања во животов па затоа ви посакувам многу среќа и успеси сесијава за сите предмети, не само за анатомија.
Не поминав добро јас, многу беше строго сесијава, бетер од јануарска искрено, секој втор-трет шо го знам падна(паднавме). Дали дека нема елиминациски писмен тест ама строго беше. Се надевам денеска колегите што се ќе поминат подобро од нас вчера, најдобра другарка ми полага за некој саат, ја мислам ко ја да полагам пак, се надевам бар она ќе положи, со месеци околу предметов само се замараме... И мене ми е едно од најстресните полагања само шо веќе кога ќе го паднам сум ко again, oh well, nothing new, whatever. Туку колешки што ви остана анатомија 1, ќе полагате анатомија 2 колоквиуми? Ја ќе си искористам шанса, веќе кога даваат ваква шанса и онака ништо не можам да изгубам, може да добијам само.
Не ја разбирам потребата, сега кога скоро сите испити ги полагаме онлајн, да носиме пријави за испит или да трчаме по клиники за потписи од асистенти, па од шеф на катедра...
Луѓе, да ве прашам за медицинска хемија. Аминокиселините само како поделба и да ги пишувам, а да не учам за секој посебно? Може по некоја реченица значење ама гледам дека не треба толку детално, ама сѐ учам детално(не прашуваат толку ситници освен не знам Богданска викаат си ја сакала биохмеија) и ми е страв да не скокнам нешто?
Јас стварно сум побркан и нечија помош добро би ми дошла... значи сега сум во една огромннааааа дилема Имам 88,154 поени вкупно од успех и предмети за факс (зафркнав многу 1ва година средно). Е сега желба ми е медицина ама знам дека со овие поени шансите во Скопје се скоро нула... Конкурсот во Штип за онлајн пријавување е пуштен од денес. Сакам да прашам дали ако се пријавам онлајн ќе има онлајн прелиминарни листи пред уписите и да знам дали да поднесувам документи или пак прелиминарните листи ќе се објават после првиот уписен рок што е на 31.08. Кратко и јасно ништо не разбирам околу уписиве и каде да пробам , преку лешеви да газам да влезам на општа медицина (Скопје/Штип). Сите стручни предмети ми биле 5 само предмети од типот на математика , историја , информатика ми квареле просек и ради тоа немам доволно поени... Некој совет што да правам (последна опција ми е на тригодишните но приоритет ми е медицина) Дали ако се пишам Албанец или Ром ќе добијам плус поени а исто така сум дете на самохран родител по потекло Русин... Било што, што би можел да извлечам максимум при упис би ми значело... Реално животот ќе ми се скрати ако не запишам медицина што од 10 години мечтаам...
За ФМН на УГД: Има три круга. И во глобала уште во првиот се исполне се живо на општа. Во глобала примаат со 80-90 поени. За околу една недела може да видеш дали си приман или не. И тоа е горе доле.
Мислам дека посебно се рангираат националности, како точно не знам, но надвор од квота се и мислам дека со тие поени можеш надвор од квота врз основа на националност да бидеш пример. Имав колешка со мене Босанка, баш така беше примена сега не знам дали е нешто сменето. А во нормални услови да не се лажеме иако 88 поени не зборат за тоа колку успешен на факултет ќе бидеш или не, сепак многу навалуваат на медицина секоја година. Јас матура кога полагав беа 2 интерни и 2 екстерни предмети имав 99 поени со плус некоја децимала од перцентили и надолу со 99 ги имаше уште 40 да не претерам, па одеа после такви со 98,97. Приватна квота во наша генерација некаде со 93 поени завршуваше т.е беше исполнета и имаше многу одбиени со под 93. Плус и ние бевме последна генерација што не полагавме екстерно во средно, баш кога бевме матуранти го воведоа, така да и тоа влијаеше на поените. Искрено среќа пред се ти посакувам и распрашај се убаво околу националности, убедена сум дека се рангираат надвор од квота, но точно не знам како и под кои услови. На студентски би можеле да ти одговорат мислам.
Еј ти благодарам, девојчето има две дипломи од прво место на републички (државен натпревар по биологија) и учество на хемија незнам дали фатила награда , зборот мие има 98 бода, поради нешто во втора година и прва по една две четворки, примена ќе биде? пошто сега нема матура прочитав требало 5.00 за сите години .
Зависи од конкуренција и со какви осценки ќе се пријават, ама бидејќи е без матура, без екстерно, претпоставуваме дека голем дел ќе се 5.00. Сепак до минатата година повеќето беа 5.00 или со некоја 4ка од екстерно. Да имаше и со послаб успех, ама со добра матура и така компензација. Може да биде примена, се надевам дека сите 300 нема да се 5.00, ама тесно ќе е 100-99-98, овие поени ќе зе вртат. Така што дипломите ќе и' помогнат ако таа и уште други имаат 98, а треба еден да влезе, таа со дипломите ќе има предност, но таа од хемија бидејќи нема место не и се рачуна.
Ќе те примат во Штип, девојче од мој клас ја примија, 70 поени имаше (или 73, не сум сигурна). Со 88 сигурно ќе те примат. Скопје многу тешко, со оглед на тоа што ќе се запишат многу деца со 5.00.
Па океј не беше лош тестот. Прашањата на заокружување лесни беа поготово ако ептен ти е учено, збореа колеги од други години истите шо се вртеле со години биле. Есејски 2 имавме. Ми се падна едно со слика да познаам кој симптом е и кои испитувања ќе го упатам да ги направи за да се потврди дека е тоа што проценив дека е и другото го имав за некои методи да набројам нешто, мислам од практикум тоа беше... Колеги анатомија 2 што полагавте денес или утре шо ќе полагате пишете како поминавте и што ве прашуваа?
Здраво, знае ли некој дали во прашањата од општиот дел медицинска хемија имаше и прашања од копирница што ги земаа минатите генерации? Благодарам.