Колеги анатомија 2 прв рок како поминавте? Некој да сподели искуства (кај кој професор полагал и што барале)? Благодарам однапред.
Во резултатите ги имаш и прашањата, така што можеш да си направиш проверка. Но мислам сите полагања онлајн беа со нови прашања.
Едно прашање ве молам Дали од редовен студент (мед.сестри/техничари) може потоа да се префрлиш на општа медицина?
Не знам како одат условите, најлогично е да не, меѓутоа познавам колега кој поради слаби поени влезе во мед.сестри, потоа наредната година го префрлија на ОМ но беше повторно прва, само Медицинска етика и Промоција му признаа од испити. Значи како од ново да си почна уствари.
Тоа беше порано, сега мислам веќе не го дозволуваат тоа. Знам дете од радиолози што сакаше да се префрли ама не му дозволија ни редовен студент да стане по радиологија, ни на ОМ да се префрли... Туку кажете ми од делот биохемија само ова ќе го учите во генерациска шо ни пишаа дека треба? За кај секој проф ова важи?
Ова за сите важи ама и секој професор зависно кој ке ви падне ке ви каже кој дел да не го учите секоја различно знам лани мене 40 страни ми скрати проф на други поише на некои помалце
За ова не знаев, тие што полагаа во прв не кажаа нешто вакво. Ај ќе учам ја се ова шо пишале и така ден пред полагање тек кажуваат кај кој проф ќе сме. Плус и дека сме 200 луѓе запишани за втор рок за усно, не верувам дека некои отстапки ќе прават за поместување термини..
Леле луѓе пак јас извинете вака , да прашам за блиска личност мие сака да учи ск ама му е страв со физиката си има мака , во прва година дали е користите W. Bialek ,Biophysics ? Како се поминува на испити по биофизика што се учи дали е тешко? За општа медицина. Фала многу
Леле биофизика боза е со 2-3ч учење пред тест го положив. И тоа на шала отидов да го полагам дека пријавен ми беше па ајде. Професорот е ептен лабав, не е ич тежок предмет. Немаме ни задачи ние. Ич нека не се секира за биофизика. Ја ни книга немав купено од онлајн материјали на проф шо праќаше учев. Напомена: последен пат физика у 2ра средно имав и никад не ми бил омилен предмет, не е дека ми беше лесно зашо знам физика...
Нема казнена на медицински, освен во погорните години за одредени предмети, поинаква е ситуацијата тогаш.
Од ПМФ предаваше еден стар Доне и уво го болеше прашања се паѓаа. После неколку години отиде во пензија па дојде некој помлад, но во глобала еден од најлесните предмети на медицина дефинитивно.
Сега со корона без есејско беше и појдов го полагав со 1 ден учење, а ако имаше и есејско минимум 5 дена ќе ми требаа. Еден од полесните предмети, се согласувам. А, го пријавив на шала затоа што од претходната сесија ми беше останат, она што е последно во сесија секогаш ме смрзува. Инаку @Dream-Girl помини ги поделбите, општото за сите и некои поважни работи. Нема поента сѐ да се учи и кога ќе дознаеш кај кој проф си - ќе знаеме дали да се сконцентрираме на тоа што го прашуваат од биохемија, нивниот дел.