Липиди !! На нив најмногу обрни внимание веќе 3 години поред за нив прашувала и нешто ситно органска... п.с Само мене ми нема стигнато e-mail?
И ја сум кај неа. Леле на факс ќе не испрашува. Сите проф. онлајн усно само ние на факс. Не е у склоп со темата ама da ne znae nekoj za crna magija napraena kaj se ide??? ...
Кај Дуле Велес Иначе со среќа кај нејзе, барем мене ми кажаа дека строга била.Ама нека пишат и други да не те плашам за џабе.
Заклучно со генерација 2013/14 по програма беа 5 предмети, од генерација 2014/15 натаму по програма треба да се земат 7.
Не би да се мешам но мој совет е хемија да не го поништуваш поради тоа што веќе има доволно презапишувачи не дај боже ќе ги фати инат проф. од катедрата па ќе те малтретираат 2 пати повеќе за само да ја имаш истата или пониска оцена...
Искрено да и ја истото го мислам. На наш факс на услов предмети и 6ка е премија, најбитно е тоа да го положиме, вака да се малтретира плус некој само, не би ризикувала искрено јас... Ама ако сака и мисли дека знае за повеќе, ако, сега секој си знае за себе у ваква ситуација...
Ќе си прашаш во деканат за целата постапка, треба уплатница, молба нешто, процедура е, не ја знам како точно.
Се пишува барање во деканат посебно е мислам, на посебна трезорска или трансакциска не ти знам каква сметка треба да уплатиш и мислам на крај треба ако ти одобрат да ти стават црвен печат во индексот над оценката која си ја добила. Вака знам од колеги кои поништувале, јас тоа не сум правела.П.с не знам колку е паметно да даваш пари за да преполагаш, но сепак ти си знаеш.
Во право си треба да се фокусираме на другите предмети можеби и полоша отцена да добијам не се знае. Но можеби некоја друга прилика само да си знам како иде тоа. Фала за мислење.
Тоа значи дека може во една гофина да се земе повеќе од еден изборен? И изборните може да се земаат само во летен семестар нели
Може да се земе повеќе од еден. Редовните предмети од секој семестар вкупно носат 29 кредити, секој изборен носи по 1, па според просекот се пресметуваше колку редовни предмети можеш да презапишеш и колку изборни да земеш (нешто имаше разлика просек под и над 8.5 ама за тоа отворете студентски информатор, не се сеќавам). И да, повеќето изборни предмети се во летен семестар, но има некои кои ги отвораат и во зимски семестар, јас имав земено 2-3 во зимски, за тоа ќе си следите кога ќе ги отворат тие што ве интересираат.
Логично ми е, тие што сеуште немаме мејл, дека ќе полагаме или кај проф. Тошевска, или кај проф. Цековска, со оглед на тоа што другите професорки веќе пратија мејлови. Некој да сподели искуство за овие две професорки?
Не би да те разочарувам но проф. Богданска праќаше мејлови на секои два-три часа, исто и Лабудовиќ така што најдобро е да почекаме иако проф.Тошевска и проф.Цековска се премија
Проф. Богданска да на неколку сати, но проф. Лабудовиќ горе долу во исто време беа 5-10 мин разлика, кој кога отворил е друго.
Хисто 1 околу полагањата, ткива практично го рачунаат за делот од ткивата што се полагаа во декември така? Бидејќи, тие тогаш ги положив редовно во колоквиумската, а на завршен испит паднав на практичното и само тие неколку ткива од завршен ми се останати што претпоставувам ги рачунаат за полагање во завршниот испит така? Да си прашам за секој случај, да не пропуштам некое полагање.