Не мора да се спремаш кај неа, на мајтап ќе си положел некој глуп муабет. Мене ми е срцка жена на предавањата кога ја слушав, не важи за строга. Моја другарка полагала кај неа, тип топ спремна и си ги добила сите поени. Е сеа не е лично искуство, ама немам чуено настрана муабет за неа. Плус, единствена реална што не замара со биохемија до тој степен како други. Ќе си учиме секако во втора, бог да чува. Некои работи стварно не ги разбирам. А, и не сфаќам ова со мејлов што е, можеа список и толку, што масираат. Денес цел ден кликам "рифреш" за да видам кај кого сум и на крај не дознав. И остана на тоа можно е да си кај некој. НЕМА СМИСЛА. И нема да имаат смисла уште многу работи, ах бе.
Мене некој ме имаше по грешка избришано од списокот, па и пишував мејл на професорката за да ме распредели. Одма врати жената, одма ме распредели кога ми одговара мене.. Е дали ќе бидам кај неа не знам, ама се надевам. Провери си за секој случај да не те нема и тебе на список.
Значи срамота со ова бришење колеги од список, вакво нешто не сум видела. Само проблем прават на некого... Цц... Ај може Цековска ќе те земе и ќе ти испадне океј ситуацијава.
Некој што веќе полагаше во прв рок, или некој од постарите колеги да сподели искуства со проф. Тошеска?
Ја не знам ни како ги бришат реално, не е нешто сложено, не знам како им се случува. Среќа ми пиша коодинатор, не знаев јас, немаше да си полагам за малку ...
Не можеш да земеш клинички предемт, ако си прва година. Си има правила, со кој ислушан/положен предмет можеш да земеш некој за изборен. Не може кој ќе ти текне. За секој предмет има програма и во неа пишува услов за запишување на предметот е тој и тој, ако го исполнуваш го запишуваш, ако не бараш друг или воопшто не запишуваш.
Хаххаха девојко многу добро знам дека не може кој ќе ми текне бидејќи не сум прва година, очигледно ти си или втора или трета година па тука сакаш да продаваш сила врз помлади колеги. Срамота.
Не знам што те навреди во мислењето и што е срамота. Баш убаво објасни девојчето. И колку што знам прва година е , така да не знам на кого би се “силела”.
Моето прашање беше дали е важно колку ќе имаме изборни предмети предклинички (биохемија, хистологија), а колку од клиничките катедри (интерна, хирургија) во сите факултетски години вкупно. Меѓутоа очигледно не ме разбрала
Колеги, пак јас. Претходно ми одговоривте за проф. Цековска, дека е супер и фина и се тоа. Ама сега сакам да прашам, на што да посветам повеќе внимание? Особено од делот за биохемија, на кои работи да се фокусирам, што прашува повеќе?
И јас не знам што се навреди, а не знам ни со што би се силела во прва година. Можеше културно да дообјасниш на што си мислела. Очигледно не сме се разбрале, ќе ти одговорам дека нема врска од која област се предметите, треба да се вкупно 7 до крај на 6та и максимум во семестар можеш два да запишеш.
Дали ако во втора година си со просек над 8.5/9 може да се префрлиш да плаќаш по 100 евра семестар? Знам дека ваква опција има само дали е после од втора или од трета? И што друго треба да е услов, сите услови положени и над 90% од предметите? Просек имам, ако положам услови скроз во септември, искрено сакам да аплицирам за вакво нешто ако имам шанса. Ќе препрашам јас и во служба нахнадно ама сепак вака со тек на време да се информирам да не некој е поупатен?
Јас за вакво нешто не сум знаела... не знам дали може не сум слушнала некој да има направено нешто вакво
На нет побарав сега после 2ра можело... Сме имале право ама колку ќе ни дозволат и која процедура е за се ова којзнае...