За МИФ дали се знае како се пресметува вкупната оценка? Имаме 1 колок и 1 испитен тест. Одат 50проценти од едното и другото? Мислам ако ги исклучиме додатните поени од активности вежби
Праша колешка во септември а потоа и јас ова било дозволено до пред 2 3 години вејќе е укинато но ако сакаш повтрно прашај иако неверувам да е нешто променето.
Јас полагав лани кај неа професорката воопшто не е строга многу е добра ти дава време да си направиш концепт лани даваше 3 прашања биохемија и 1 од делпт хемија така да обрати повеќе внимание на делот биохемија и не навлегува во ситни детали само што воопшто не ни скрати од материјалот ако сакаш пиши ми во приватен ги имам запишано комбинациите што ги испарашуваше лани може ќе ти бидат од корист.
Не се 50-50. Од предавања имаме 4 поени. Вежби морфологија мах 6 поени, на резултатите од првиот пат кога полагавме пишуваше колку имаме од вежби. Вежби физиологија мах 9 поени, ако си била на секоја вежба ги имаш сите поени. Од полагања 23-38 се морфологија, 25-42 физиологија. Вкупно има 99 поени наместо 100, да не те буни, кој знае зошто. Ги собираш сите добиени и си пресметуваш оценка.
Да ве прашам, на усно хемија бараат ли да се пишуваат некои формули и реакции, па да им ги покажеме или не нема пишување?
Дали некој има полагано завршен хемија кај проф. Ирена костовска, дали е многу строга кој дел од материјалот најчесто го бара???
Значи секој пат викам факултетов не може поише да ме разочара и секој пат ми докажува спротивно.... Од 180-190 студенти полагани Хигиена, положени 39 кај Драган Што е работава со катедрава, нормални ли се? Јас сум сигурна дека имам напишано да положам т.е имам напишано се ама ајде ете.... Зошто побогу се сите вакви катедри толку искомплексирани, која е поентава да се бутне пола генерација ?
Отсекогаш кај Драган имало највеќе паднато, во споредба со другите професори. Не знам шо се замислуваат со предметот, освен него има и уште една асистентка преку која се остварува комуникацијата со студентите и таа е во некој тежок филм. Во сесијата јас кога полагав, слична ситуација имаше на писменото, на усното кај него прелошо поминаа, прашуваше многу банални работи, никој не беше задоволен. Додека во наредната сесија(августовска), многу повеќе положија и на тие шо полагаа кај него, а им беше условен, многу им прогледа низ прсти. Очигледно сакаат да се изживуваат со нас.
Сакам да прашам на испит усен ако решам да не се појавам воопшто на усно, автоматски сум падната така ама нема да ми прават проблем за следна сесија зошто не сум се појавила сега? И не би требало да бидам кај ист професор пак така? Зборам за хемија ова. Дали па следна сесија кај ист професор те ставаат или сепак не? Првпат се откажувам вака од испит и не знам како иде.
Не би требало да има проблем, исто како да си паднала, ќе го полагаш август. Е дали би била кај ист професор не знам..
Нормално дека имаш право наредна сесија пак да полагаш. Ќе си го пријавиш повторно предметот, а за професорот нема правило, можно е кај истиот можно е кај друг.
Кајј нас лани беше кај истиот професор во август... ама мислам дека подобро ти е на пример да и пишеш на професорката да и кажеш и да с договорите за во август коа сакаш можеш и пред сесија за тоа се многу флексибилни
Не се замарај со тој предмет воопшто во јуни секогаш е вака кај овие. Знам и вовед и социјална вака правеа некои нивни "селекции" после следна сесија лагано ќе си положиш. Јас Хигиена не го ни полагав во јуни, во август го оставив со Биохемија 2ката, така да не се замарај. Имаш фора да го полагаш и натаму не знам дали до јануари или можеше 6 сесии и тој како генетика не сум баш сигурна. Те советувам да не се нервираш, овој е променлив многу, нас на усно буквално не прашуваше од прашањата кои на тестот сме ги згрешиле. А и да како за банален предмет ко што е Хигиена не очекувајте високи оценки, поготово од него.
Нема врска хахаха не слушај што ти зборат другите ако знаеш сигурно нема да те паднат па дури и најстрогите да те испрашуваат коректни се сосем сите професори од Богданска па до Лабудовиќ само ако ти треба време побарај и покасно да полагаш и нема да имаш проблем
Колеги од прва Неделава освен промоција пријава да носиме друга работа на факс немаме? Може ли на хемија за потпис да го оставам индексот више ако идам таму, до 17ти беше рок нели, кога сакаме да ги однесеме или?