Не се толку лоши професорите, ако си научиш секако ќе положиш. И јас имав такво мислење ама верувај најдобро е да не слушаш коментари од други колеги. Бидејќи имам полагано кај "најлошите" професори и кај нив најдобро си поминав, а кај "најдобрите" имам полошо искуство, така да зависи од многу фактори. А и тие полошите, построгите ценат знаење. Побарај да полагаш на друг датум, мој совет. Без гајле и со среќа.
Ве послушав. Побарав да ми преместат и си чекам сега дали ќе ми одобри проф или следна сесија скроз ќе ми остане. Ама битно побарав.
Да се самоцитирам. Испадна фер професорката, ми дозволи предсесија да полагам и да си доучам убаво за тогаш, а да не ми пропадне шансата за сесијава. @MeckaCia фала ти што ме убеди да и пишам.
Здраво девојки. Знам дека на темава пишуваат повеќе девојки што се запишани на општа медицина, но би сакала да побарам ваше мислење во врска со смеровите физиотерапија и логопедија. Се мислам да се запишам помеѓу тие 2, па според вас кој е подобар или поперспективен? Имам високи поени од средно зошто учев медицина, па големи се шансите да ме примат било кој од тие два смерови. Секое мислење е добредојдено. Извинете на замарањево
Од мој аспект логопед. Физиотерапевти има и со средно, а вака логопед може да си само со факс и од тој аспект повеќе ми се допаѓа. А и сега е доста барана работа таа, логопеди, дефектолози, последниве години актуелни се. Ама сепак мое мислење. Бидејќи праша си земав право да си кажам.
Според мене обратно од членката над мене. Можеби во Скопје да, ама во мојот град буквално има еден логопед (приватно, во болницата не ни има и не вработуваат), така да за во мојот град логопед е за џабе диплома. Не дека физиотерапевти кој знае колку се бараат, ама побрзо може да се најде работа отколку за логопед. Ама изгледа зависи од град до град, некаде можеби многу се бара.
Во нормални услови кога би започнала следната сесија? И што мислите оваа од кога би ни започнала, покасно или сепак исто?
Очекувај колешке уште една хаотична сесија како оваа.Мене оваа сесија ми беше еден хаос,дезориентирана бев тотално.Искрено се покажа на дело дефектниот систем на организираност пред се од Деканат.
Одлуката од ректорска управа која беше постирана гласеше демек од 17ти август би почнала, како ќе биде е друго прашање. Во нормални услови крај на август.
Леле ако навистина почнува сесијата од 17 август, ќе експлодирам! До крај на јули полагам! Ќе нѐ остават да одмориме малку, не сме роботи?!
Спомнаа дека ќе има за брзо распоред за следна сесија и ќе била речиси слична на оваа според распоред така да сме се ориентирале. Ни бараа нас за прв рок за следна сесија да се запишеме по еден предмет иако не знаеме ни кога би бил. Страшно. А, дали има некој што полагаше оваа сесија англиски? Да не ви спомнаа во индекс кога може оцени да си земеме...?
Имате инфо, за некој предмет, во однос на одвивањето на испитите- дали ќе бидат онлајн или со физико присуство? Кај нас хирургија бараа да се запишеме ако сме во план да полагаме во август.
Може прашањево не ми е за тука, ама ајде. Најактивна е темава во образование. Дали мислите дека за еден месец ќе се стабилизира ситуацијава и дека ќе почнеме со физичко присуство по сите предмети?
Не, сите подготвуваат онлајн настава иза почеток од октомври така да мислам дека и август сесијата све ке биде онлајн
Ќе биде усен испит хемија како сега, затоа тоа бараа да се запишеме... Сите онлајн усно, само една проф со физичко присуство бара усниот испит да е... Инаку @GirlRose се спремаат онлајн да е од октомври ко шо разбрав за цел УКИМ. Нема да почнеме според мене.
Леле, мене најповеќе ме загрижува тоа шо пропуштивме скоро цел семестар вежби, а допрва дополнително ќе пропуштаме. Кога ли ќе се надокнади тоа... Ќе воведат 7 година..
Тешко некако, МОН зачудувачки за основците и средношколците се спремаат за од септември. Ова прочитав денес: Спојлер https://telma.com.mk/2020/07/07/мон-забрзано-подготвува-програма-за-о/ Ова е програмата: Спојлер http://mrk.mk/wp-content/uploads/2020/07/Концепт-за-далечинско-образование-финална-верзија_.pdf Иако генерално би завршило до 2022 со имплементација, ама барем нешто од септември може ќе бидни.