Настрана вториот бран што го најавуваат, не верувам дека ке почнеме со физичко присуство од октомври. По све изгледа ќе почнеме и пациентите онлајн да ги лечиме и автоматски џабе учиме факултет-гугл знае све ✌
Пак спремаат онлајн Барем да ни овозможат да одиме на вежби на факултет.На предавања и така пола не идат, исто доаѓа дали онлајн дали амфитетар, за тоа ај.Ама како ќе продоложиме без одржување вежби?
Навистина, барем вежби да држиме, предавањата нека се онлајн.. Инаку да прашам, колегите од прва година што полагаа кај проф. Цековска, дали знаете кога ќе ни каже кои ни се оцените?
И јас сум за вежби и полагања исто. Предавања нека тераат онлајн, но што вика и @Angie1432 колку е полн амфи. Но вежби да, може да организираат некако, клинички доста пропуштија погорните години. И да најбитното полагања, како што сега се реализираат со физичко присуство, може да направат некако.
Ме интересира дкоколку можете да споделите искуство со професорката, на кој принцип испрашува, на што се фокусира, по колку прашања отприлика испрашува и слично. Фала ви <3
Предобра професорка, не бара детали, општи работи прашува. Поделба на алкохоли, реакции кај алкани/алкени, поделба на липиди и сл. По една амино киселина ни даде да напишеме, алкохол примарен/секундарен/терциерен и да и кажеме како се вика, по избор кој сакаме ние. Реакции повеќе усно прашуваш, една-две ако ни даде, ама лесни некои, хидратација на пример. Ни даде да напишеме од последната тема по некое ароматично соединение, конфигурација кај моносахариди по нешто и така.. Стварно општи прашања, ништо детално и тешко. Полагавме 3 колешки, и наизменично не прашуваше по нешто, и дава шанса ако не знае колегата, а ти ако знаеш пример да го одговориш прашањето. И да згрешиш не прави проблем, ако види дека имаш учено и дека логички поврзуваш ќе те положи. Гледа да ти извади колку што може повисока оцена, ептен добра и фина жена. Повеќе како дискусија беше, отколку како испит, опуштено беше, не беше воопшто страшно и стресно. За 1 час завршивме сите 3.
Да, барем вежбите некако да се испланираат. Само не ми е јасно зошто би се отвориле студентските домови доколку наставата е онлајн? По претпоставка, сите би останале дома.
Дечки, промоција на здравје Моме како сака да се напишани есејските? Како од книга скоро скроз исто или филозофорање? Или не ги ни чита
Моме не ги чита така да што и да пишеш нема врска, знам деца што воопшто не пишуваа на темите зададени со ниеднаш прочитано отидоа и пишуваа глупости добија 8 и 9 јас со све напишано како што треба бев падната така да зависи у кое купче ке те стаи у паднати или положени
Презадоволна сум од проф. Тошеска. Навистина многу турка, не гледа тука презапишувачи или не (скрос безмилосно, малце поостро него фер зашто јас таа што полагаше со мене би ја пуштила макар со 6ка зашто сепак кажа нешто) ама кога ќе види дека знаеш дури и оценка те прашува дали ти одговара, а да беше друг професор само оценката в индекс и ај чао. Кратки, концизни прашања во смисла поделба на алкохоли, амини, дали постои таква карбоксилна киселина, каков е шеќерот(алдохексоза или кето), што се добива со декарбоксилација, што од хистидин, си ги сака тие хетероциклични никотинска киселина, Марковниково правило, да напишеш терцијарен алкохол на пример, триацилглицероли, водови итн... Со толку убави прашања цел материјал. Царица.
Ве молам некој за мислење/искуство.. Според претходните страници кои ги прочитав, се извинувам што ќе си земам за право да тагирам некои членки што веќе напишале мислења за интерна медицина. @Uniqo3 @Peperutce1115 @MagsDestiny Било каков совет ќе ми значи многу.
Проф. Трајковска е од гастро, јас пишав дека полагав на кардиологија. Распрашај се по колеги од генерација во група на фб, или некој групен чет. Со среќа
Јас на оддел на кардиологија исто полагав како колешката. Една моја колешка има на гастро полагано ама не кај оваа така да не знам ништо во врска со професоркава.
Дечки искуства со проф. Бојаџиева за анатомија 2 ? Конкретно за торакс, на што обрнува повеќе внимание ?