И ја сум кај него Колешка од група полагаше прв рок кај него, положи се и ми рече не влечеле прашања за усно, сам прашувал што сакал ама генерално лесни прашања вака ко што ми кажа, на пр. lig.latum uteri, лигаменти на овариум... За практично влечеле прашања и прашувал најбитно нешто. Мои другарки кај Аце убаво поминувале, ако личи строг, мислам дека е океј. Е, сеа нешто оцени ако ти значат, тука не е многу дарежлив.
Немаш гајле кај нејзе, научи си го главното, не бара премногу детали, гледај логички да кажеш и да поврзеш, многу е фина, помага, имаш среќа да ти кажам.
Јас кај неа полагав, само оддамна беше тоа. Ама не верувам да се променила. Бара убаво да е научен материјалот, ама навистина е фина професорката, си пушта радио, многу пријатна атмосфера има при полагање. Ако некаде застанеш или се збуниш, помага, не форсира. Многу убаво искуство имам, а и други колеги што полагале кај неа, така што, немаш за што да се грижиш, супер ќе поминеш.
Ни за анатомија 1 не влечевме сесијава, ни за анатомија 2 колега не влечел кај неа исто сесијава Веројатно ради Корона сеа кај ниеден проф не се влече, да не ги фаќаме ливчињата хаха.
Леле оваа ми беше асистент на една од Анатомиите. Предобра е така малце постара мислам беше. Не сум полагала кај неа ама онака како личност е многу срцка, и предобро објаснуваше на вежби. Сигурна сум дека е многу добра и на полагање.
Иста е сигурна за сите Анатомии хахха. Јас колоквиум череп полагав кај неа. Многу сака да види дека не ти е учено на памет и дека ти е разберено. Нешто слично на проф.Зафирова е. Недостаток и е што многу брзи блиц прашања поставува и бара веднаш одговор, така да внимавај на тоа не дава многу да се мислиш. За Анатомија 2 конкретно што повеќе бара не знам, како професор е принципиелна и знам дека не пушта толку лесно ако убаво немаш научено. Сега не би да те исплашам за испит, но кога јас полагав доста колеги паѓаа кај неа на колоквиуми стандард иако не е во принцип лоша жената, сепак бара многу логика на нештата. Ти посакувам среќа!!!
Јас би те советувала за логопед, предуслов ти е да сакаш деца, да сакаш да работиш со нив и да имаш мнооогу трпение. Јас сум дипломиран логопед, ако ти треба нешто пиши ми ЛП
Девојки ве молам некој совет... преучено ми е физиологија на клетка и катедрата го спроведе испитот крајно непрофесионално бидејќи 30 мин пред испит за 21 прашање место 30 мин, ни даде 15 минути и буквално едвај се стигнуваше и на крај на 90% не ни го прифати испитот односно системот падна. Многу сум под стрес бидејќи се имам фатено услов во рокови и се освен за ова, не сакам поради предметов да презапишувам да губам години бидејќи гледам е услов. Што советувате да правиме како генерација? Дали е вредно да се отиде да се разговара? Доколку би можела некоја постара колешка да ми каже било каков совет би било супер..
Дефинитивно барајте да се корегира грешката, проф. Манчевска е коректна кажете и мислам на тоа требавте одма да реагирате кога се деси вашите координатори не за џабе ги избравте одма требаше да се буните кај шефицата директно не да чекате волку... доколку не се буните ниедна катедра никогаш нема да ви помогне, напротив а посебно испитнава како што гледам на сите катедри целта им е да го спровведат испитот онака колку да се рече и после да одмараат ама вие сте тие што нема да фатите услов...обавезно вашиот претставник да оди да се буни кај шефицата