Колку е точно ова дека ќе воведат 7ма година и јас така слушнав, но дали ќе важи само зановите генрации од окромври што ќе се упишат или и за нас останатите?
Многу е фина професорката, но прашува многу ситници кои и не би требало да ги прашува. Али у главно океј си е.
Јас само се шегував, имам ставено и смајли кое шо се смее до исказот. Инаку, немам слушнато таква информација.
Јас полагам еден колоквиум кај проф. Чадиковска. Останатото го оставив во август, торакс и абдомен бидејќи полагав сѐ и сешто и не се распределив убаво. Добра е? Тој што полагал двојка кај неа да не знае што прашува од карлица? Инаку од постарите со полагање 2ка анатомија во август некој совет за кога ќе се наближат деновите? Многу ми е страв да не ме зезне тука среќата и покрај што ќе вложам максимум, ама да не мислам лоши сценарија. Повеќе реков нема олку во тесно да сум со условите ама ради корона беше сето ова. Сега ќе имавме 3 шанси во нормални услови анатомија, ама не сакаа да излезат во пресрет за сесија плус затоа што смешки беше јунската.
Не бутна сите до еден за све, само едно девојче положи ама ја исуши цел саат ја испрашуваше буквално нема што не ја праша ама све имаше научено.. Сака да му пееш све од а до ш.. од гранки и протегање и на артерии и на вени до сите можни соодноси, и па ќе ти каже дека ги мешаш и дека не е задоволен како си ги кажал.. Не очекував да биде волку строго искрено.. нели намалени ќе беа критериумите.. Нејќеше да се смилува бар еден колоквиум со минимум да не пушти. Со среќа.. не знам што друго да ти кажам ама ако немаш све научено ни среќа не ти помага xD И да.. прво прашува зидови, артерии, вени, мускули и ако тоа не го знаеш органи не те ни прашува
некој што полагал денес кај папазова искуство што прашува? особено за торакс, дека тука би требало најмалку да попуштаат дека беше пред пандемијата фала ви
Јас полагав денес, многу нефер испадна навистина не очекував до толку. Прашува буквално се, од артерии, соодноси,мускули и тоа ги бара дури и најситните детали. Во однос за органите најмногу бара соодноси исто така од точка до точка. Повторно ќе кажам многу нефер спрема студенти кои 4 месеци не посетувале вежби и предавања. Мислам дека намалените критериуми кои ги спомна катедрата се една голема фарса како и се останато на факултетот за жал.
Изгледа катедрава си го смени дилерот сесијава, друго објаснување што 90% од студентите испопаѓаа и анатомија 1 и 2 искрено немам. Порано бар се знаеше дека кај проф Наќева, Живадиновиќ и Папазова не паѓа никој (ептен ретко) сега и таму испопаѓаа многу, се чудам шо ми кажаа колеги денеска и во првиот рок, па и од мое искуство малце... Критериуми спуштени ќе биле? Ахам, да не мислеа нешто обратно? Мислевме лесно ќе се спасиме од анатомија, е нече мочи, цело лето анатомија ќе се спрема. Тие ретки среќници што положија анатомија 1 и 2 и фатија услов во јунска, уживајте и за нас во летото... Лично досега само 1 таква колешка знам, се надевам ги има и повеќе во другите групи.
Не знам јас не ја пробав среќата сите три да ги полагам иако спремав карантинот, не ми е криво што нема да "уживам" летото, сепак немаме распуст и тоа е факт, но проблемот е што не си сигурен последна сесија плус немаме ништо видено, а никаков критериум не е симнат. * П. С замислувам како Марко му вика на Аце да нѐ подберат пошо лесно сме поминале хистологија и овај му вика: "Седи баци, доцент сум сега, ќе видат убаво." и се смее онака (кој го знае насмевот од Аце арно, да не речам кој знае, знае)
Заинтересиран сум за радиологија, особено за магнетна резонанца, па сакам да се запишам на медицински факултет смер радиолошки технолог. Дали ќе може да ми кажете мислење за смерот и можности за специјализација?
Ме изнасмеавте Скроз можам да ги замислам Аце и Марко кај шо оговараат. Ако и збораше помалце устата, можеби и Зафирова ќе можеше да им се придружи. Мене апсурдно ми е ова шо ви го прават... на шо изиграваат строги? На едвај валиден семестар со одржани 2-3 вежби или можеби на “квалитетното” пренесување на материјалот за време на предавањата и вежбите?
Немаат грам разбирање ни човечност во нив. Од оваа катедрава анатомија само навреди сум добила и никаков однос да бидам искрена. Само во јануарска кога доста положија за момент си мислев дека јас може ги гледам така зошто паднав, па да не сакам да се утешам. После сесијава немам зборови за нив. Деца со анатомија 1 што имаат 9-10ки, сеа ги паднаа... Страшно. Ај јас ме оставија и без анатомија 1 положено, ама за останатите колеги... Со исклучок на проф. Живадиновиќ. Бар према мене беше фина и коректна. Се надевам септемвриска ќе се присоберат и ќе им текне шо праат, зошто еве денеска на полагање многу студенти не им се појавија па увреџени биле зошто не сме дошле, па можда и ќе размислат дека тоа што го прават не е во ред. Нема студент шо не се преучи анатомија периодов, а тие се однесуваат ко да аплицираме за работа во НАСА и се бира само еден за позицијата што ја бараат, а конкурирале 300 луѓе. Уште рог од еднорог не побарале на полагање. Или еве душава да им ја дадеме за да не пуштат можда... За ниедна друга катедра до сега немам вакво мислење да бидам искрена. Сум паднала и кај хисто на полагање, но сепак не беше ко на анатомија, барем бев испрашана ко шо треба со неколку прашања и препарати. Сесијава па испаднаа навистина фер, срамота е лош збор да кажам за хисто. Не знам идната година како ќе се ама према наша генерација испаднаа океј.