Осеќав дека ќе е вака...во превод сакаат да ни кажат ..да не мислиме ,со онлине наставата дека ни се посреќи со ковидот и дека ке си положиме со лесно,напротив. инаку за Живадинович секогаш се знаело дека била опасна и дека се паѓа а за Аце се изненадив,искрено го сметав во категорија анѓели,но ѓавол излезе и тој.
Мислам дека сме една од ретките, а можеби и единствената генерација која хисто поминала толку убаво. Секоја пофалба нависитна, за целиот вложен труд и разбирање. Од анатомија многу сум изненадена, во јануари голем дел со паднати колоквиуми положија, да не речам скоро сите. А сега деца што немаа ништо паднато од анатомија 1, деца со 10ки, за кои можам да гарантирам дека солидно учат, ги паднаа и тоа за ептен некои ситници. Секако дека не очекуваме да не положат без знаење, но барем малку разбирање треба да имаат. Паѓаат деца на леш за абдомен и карлица, па како да одговорат кога вежба не одржавме. Верувам во август ќе попуштат, како што ја сменија одлуката да може тие што не положиле кец, да полагаат дел од двојка.
Паднав и јас завршен испит анатомија 1 кај Аце, а анатомија 2 не ни пријавив зошто целосно изгубив желба после ова за факултетот. Дури си викам да се отпишам изгледа сум неспособна ама кога ве читам тука некои ми давате поддршка. Исто и јас. Откако те прочитав полесно ми е многу, знам дека не сум единствена што и нанеле неправда оваа сесија иако учела цело време. Убаво е да знаеш дека и други има како тебе. Сепак не сум била сама.
Она што можам да го речам е дека не е ова ништо ново што ни се случува,да не речам дури и нормално..затоа досега сме слушале како анатомија е најтешкиот предмет итн но не бил предметот туку професорите ! и не само анатомија ...како плачат па биохемија да знаете само.Не звучам демотивирачки но баш денес зборев со една веке завршена докторка и ми рече ништо чудно сега 1/3 ке преминат во втора година од есен другите ке си обновуваат година итн ...ни преостанува да си се молиме да ни се падне среќен ден ..и тоа е.
За оние кои досега прашуваа дали може префрлања од Штип итн..еве зашто не може ,бидејки не можат професорите од Скопје ни во сон да замислат некој да им се префли во 3,4 во Скопје а институтиве да си ги поминал на друго место полесно, а да не си поминал низ нивни раце...падни стани..тоа е одговорот.Со нивниот карактер сакаат божем да ни покажат колку е "тежок"факултетов.
Меѓутоа мене другарка ми што студира во моментов во Бугарија ,пак ми дава некоја утеха..откога е запишана полагаа хемија во јуни и од сите 300 запишани усно положиле хемија 14 студенти пред комисија од 5 професори ,и сега последна шанса во септември имаат останатите.
Искрено не знам зошто го потценуваат УГД толку. Имам другарчиња таму, си учат и они најнормално, си полагаат, грдо е да правиме поделби некакви кога сите на крај од студии сме доктори по општа медицина и колеги, глупаво е да се делиме УКИМ ВС УГД. Само разликата е што не им се понашаат толку и нема да дипломираат со изреметена психа. Еден знам и хемија таму презапиша, сам си кажа тешко му било и не знаел многу и паднал, сепак... Ама се чуди за тој терор тука што ни го прават... Нашиве па ко да патат од некој Господов комплекс и се испрецениле премногу. Факс ко факс, струката е иста. Ама знам дека многу не мислат вака... Не им кажувај како е во Бугарија, ќе добијат идеи да градат уште поголем "углед" и они 14 студенти да пуштаат..
Да и јас се сложувам комплетно ,на секој факултет си има слични дешаванки како кај нас посебно за УГД и јас знам за хемија .професорот им е катастрофичка опасен ,паѓаат кај него како круши и вонредно некои што учат земјоделски таму факултет а имаат предмет хемија а им предава и биохемија истиот бар до пред некоја година им предаваше мислам.
Е аман од кај сега и Живадиновиќ стана опасна стварно не знам. Женава е врв на коректност и толеранција.. Се чудам ова што се случува искрено од друга страна па мора да има замена за Стратеска и за Лазарова не бива тоа хаха. Стварно не е фер ова што ви го прават, но ајде ќе станете имуни ќе видите тек и втора и трета што ве чека. Ова е почетокот за жал...
Добро толку е тешко во Бугарија? Јас си мислев таму да пробам да се запишам или пак да се префрлувам ама ако е како Скопје ми нема логика. Мислам тешко сигурно е, ама барем да не се понашаат идиотски професорите како и овде. Но гледам дека статистиката друго покажува . Една шо ја познавам ми рече дека ептен лежерно поминала прва година лани и сега се борела да фати услов за втора зашто и било малце потешко.
Утрово полагав анатомија 2 целосно. Кај проф. Живадиновиќ бевме, и јас и колешката положивме, и колеги што полагаа во прв рок што се дружам, и колеги после нас што беа денес положија. Моето искуство со професорката беше супер, прекоректна, премногу помага, не бара ситници. Според мене барем од катедрата за анатомија се сите коректни, сум полагала кај 4 проф. до сега, и ниту еден не бил некоректен. Кој повеќе барал знаење, кој помалку, ама до сега сите биле коректни, и кај сите сум добила колку што сум заслужила. Не заслужува толку хејт катедрата, допрва не чекаат многу поголеми неправди. Со среќа на сите што полагате.
Мене лично, воопшто не ми се допаѓа нееднаквоста на критериумите за полагање особено кај институтските предмети иако тоа го има и подоцна на клиничките предмети. Многу ми е јасно, конкретно за усните испити/полагања, дека тоа се повеќе професори, кои имаат различен принцип на испрашување и шо уште не но, сметам дека шефот на катедра и катедрата во целост се обврзани да овозможат униформност на процесот на полагање. Не може низа на студенти да поминат "прелесно" кај еден професор(пр. Живадиновиќ), а други да ги испрашуваат се живо и диво(пр. како шо беше кај Стратеска). Не сум против високи критериуми но, за тие критериуми да постојат неопходно е професорите и асистентите максимално да се потрудат во однос на квалитетот на наставата, достапноста за консултации, комункацијата со студентите за време на предвања/вежби.... бидејќи од овој аспект, ретко кој се труди и им се посветува на студените. Најголем дел гледаат брзо-брзо да предадат и да си заминат дома, а после на испит те "ругаат" бидејќи не знаеш, или не ти било нешто јасно. Да бидам искрен, ова не е дефиниција за строгост или висок критериум, ова е изживување со студентите. Значи не е целта на факултетот(или било која образовна институција) да го фатиш студентот/ученикот "дека не знае/нема научено", целта е да го научиш, да му/и го пренесеш знаењето, а со вакви трикови и саботирања тоа не се постигнува. Целата формулација на образовниот процес и служење на студените е изгубена, да не зборувам за неадекватноста на наставните програми, тоа е уште една голема тема на дискусија. Секоја чест на исклучоците, бидејќи не сакам да испадне дека само критикувам но, тие се навистина ретки. Ретко се среќава професор кој може да ти излезе во пресрет при некаков проблем со учењето, да те сфати доколку испадне некаков проблем, па сакаш да го одложиш испитот. Не сакам да правам компарации со странство но, професорите таму се интересираат за студентите, тие им се дел од нивниот професионален живот. Доколку студентот на научил, професорот дел од вината ја бара во себе, бидејќи можеби не успеал доволно ефективно да го предае материјалот или сл. АМА НЕ, кај нас само студенот е крив и никој друг и ќе си трпиме.
Епа да ве известам дека Марко асс си замина од хисто таман коа мислиш дека си се спасил он си оди на Микро
стварно? Сега на микро е асистент? Иначе не знам, сеедно, јас полагав кај него хистологија и многу беше океј.
јас ја немав таа среќа да полагам кај него фала богу ама затоа еве ми пружи шанса пак Инаку како што знам он и има запишано специјализација Микро уште кога беше на хисто
Немам ниту јас лошо искуство, биле коректни сите досега во однос на полагањето, можеби кај поените имало случај да сум заслужила повеќе, но не ми значат и не е толку битно. Положувањето е најбитно. Но дека се коретктни скроз не се. Не е коректно да паднеш студент на практично за абдомен и карлица, а притоа не си одржал ниту една вежба. Не е коректно да паднеш студент за некои ситници, цела анатомија се полага, нормално е да не знаеш се. Не се бунев за кец кога бараа ситници на колоквиуми, се полага на помал материјал. Ама за двојка имаме само две шанси и со цел материјал одеднаш, треба да имаат некој унифициран стандард за положување. Не може некој да падне на леш, а некој да не влезе во дисекциона. И ова не е само за анатомија, за сите предмети е. Искрено среќа е да полагаш кај Марко , многу е коректен на полагање.
@Glowy принципиелен е и професионален Марко. Еве ја коа реков имам паднато на хисто, кај него имам паднато. Ми даде 2 препарати (не беа исти со тие од вежби, мислам други стакленца беа, нели уствари он така даваше само) и потешко се снајдов ради тоа, а и на стариот лаптоп немав симнато biolucida, не ми ја поддржуваше апликацијата, а он од таму ми покажуваше слики... Првото го утнав, за второто ми даде дури и асоцијации и ми даде време да си размислам и да разгледам. Ми рече ако го погодиш ќе те пуштам со минимум. Дури и на лаптоп ми покажа слики. И колегата пред мене падна. Бидејќи му реков не знам, нејќам да нагаѓам, се мислам меѓу 2 препарати ама не е фер према другиот колега шо падна ја сега да нагаѓам што е, ќе дојдам следна сесија. Ми рече ако сакаш најди го колегата, прашајте ја проф. Миленкова ако ви дозволи, ќе ви дадам шанса за на уште еден препарат да пробате ама двајцата, не само ти за да е фер. Не го најдов колегата, а јас искрено хисто имав високи поени на сите други полагања и решив да оставам за следна сесија, не ми се положуваше со минимум. Ама битно во ниеден момент не ми се испонаша, не беше ни дрзок, а вистина и трема имав и се избунив кога видов други стакленца од тие на вежби.. Иако на вежби личеше строг, на полагање ми остави океј впечаток, баш сменив мислење за него тогаш.