Матвеева е специфична, бара многу детали и зборење без прекин со неа само така инаку не знам јас само колоквиум полагав кај неа и беше океј ама пак не знам, јас не би преполагала сепак зависи од тебе
Тоа и го правев, зборев постојано и кога ќе кажев се што имаше да се каже ми рече колешке бидете концизна тоа и тоа ви побарав... јас плус за нога бев кај неа многу помалце знаев и со повеќе ме положи
Реално условен предмет не ти препорачувам ни под разно да поништуваш. Може само поголем проблем да си направиш, па и година да изгубиш. Честита на положеното и уживај!!!
Пишав и јас ваква слична ситуација со Анатомија 2 во некоја од претходните страни. Имено три пати подобро ја знаев Анатомија 2 од Анатомија 1, сепак оценките обратно говореа. Јас инаку кај Стратеска полагав завршен Анатомија 2 и воопшто не ни помислив да поништам. Знам дека сега сте прва година и сите бркате просек, но размислете дека попаметно е да ги фатите условите, отколку просекот, сепак ти си знаеш ние овде кој завршил со Анатомија, кој дипломирал, можеме до сабајле да ти солиме памет, одлуката е твоја. Сепак како резиме на сето ова јас не би те советувала да поништуваш, поготово пак ќе кажам бидејќи се работи за условен предмет!
Јас па за проф. Матвеева имам само пофални зборови. Вистина е тоа дека професорката многу испрашува и бара детали, ама мене лично многу ми се допаѓа начинот на кој испрашува. Полагав анатомија 1 кај неа, а исто така и колоквиуми и навистина сум задоволна. Почнува со крупни и основни прашања, па ако ги знаеш тие, преминува на потешки прашања и детали, ако и ги одговориш истите, нема проблем за високи поени и висока оценка! Професорката е стара школа, си бара, ама и наградува таму кај што треба да се награди!
И јас не би ти препорачала да поништуваш, усно е, може да си обележана на некој начин што си поништила и во август лом да те направат, па да не успееш услов да фатиш. Да беше писмено поинаква ќе беше ситуацијата, таму ако напишеш нема како да ти скратат. Ама овде усно, на катедра каде што сите се блиски, јас не би, а нешто слично бев со кец.
Не ти препорачувам да преполагаш, со оглед на тоа што е условен предмет.. Недај Боже, ама што ако во следна сесија го паднеш? Нека е и 6ка, битно си положила, не се малку 500+ страни да ги положиш, и тоа условен предмет, браво за тебе. Терај понатаму и не се секирај, важно е што си го тргна предметот од глава.
Дали некој може да ми објасни како да најдам кои се сите изборни предмети, мислам сигурно се на страната на медицински ама сега не можам да ги најдам. Дали секоја година се исти сите изборни или се воведуваат/кратат нови. И ме интересира како можам да пријавам изборен предмет, мислам дека некаде порано тука некој имаше спомнато дека изборниот не се пишувал кога заверуваш семестар и дека во еден семсетар можеш максимално да запишаш два изборни ама не сум сигурна, дека на пример во овој студентскиот информатор(една мала книга што ни ја даваа кога бевме прв ден на факс) пр во делот за распоредите се до трета година, пишува Изборен предмет, ама само во колоната за летен семестар, не во зимски, дали има некоја врска или можеме и во втора/трета година зимски семестар да си земеме изборен
http://medf.ukim.edu.mk/wp-content/...ен-целосен-Елаборат-ОМ-16.01.2018-2-FINAL.pdf еве ти ја листата со изборни секоја година е иста, инаку изборен се запишува со запишување на семестар заедно со сите други предмети максимум 2 можеш да избереш и тоа зависно кој сакаш да го запишеш треба да видиш дали прво исполнуваш услови на пример положен некој предмет за да го слушаш изборниот и да видиш дали предметот се слуша во летен или ззимски семестар бидејки има предмети кои се слушат само во зимски, некои само во летен а има некои и во двата, некои предмети имаат ограничен број на студенти помалце од дозволеното на ајноу па затоа претходно пуштаат список на нивна катедра за да се запишаат студенти што сакаат да земат изборен кај нив
И јас би ти кажала да не преполагаш. Ќе те запамтат и намерно ќе те бутнат у септември. Немој, само проблем ќе си направиш. Битно положено ти е.
Леле дечки со еден условен останат кога глеам дека сакате да поништите нешто ви се восхитувам. Немојте такви грешки, јас реков дека никогаш нема да глеам да оставам предмет краен рок, а вие сакате повисока оценка. Не е ни битно колку си се спремал и што оценка имаш, битен е пролаз.